Кина лансира сателит за следење на свлечишта и земјотреси

Кина денеска го испрати својот најголем сателит во вселената за посматрање на земјата.

Јавниот сервис „CGTN“ објави дека Кина лансирала сателит што ќе се користи за следење на геолошката средина, лизгање на земјиштето и земјотреси.

Прво била лансирана ракетата „Long March-4C“ за да се постави нов сателит во вселената. Ракетата е лансирана во 7.44 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван, во северозападна Кина.

Сателитот „L-SAR 01A“ набрзо потоа бил лансиран во претходно определена орбита.

Ова го одбележа и 407. лет на ракетата-носач „Долгиот марш“, истакна кинескиот јавен сервис „CGTN“.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Џафери во Берлин ќе му каже на германскиот колега дека ги пцуе вработените?

Дали Џафери во Берлин ќе му каже на својот германски колега дека ги пцуе, вреѓа и врши мобинг на вработените во собранието?

Нели му е непријатно на Талат Џафери и Димитар Ковачевски кога одат во земјите од ЕУ и нашите стратешки сојузници, каде моралните вредности се на највисоко ниво, и дали не се срамат дека тие дознале за нивниот примитивизам?

Како се чувствува Џафери кога зборува за човекови права, демократија и етички кодекс, а тој самиот е причина за трауми на десетици вработени во собранието?

Џафери ја срами Македонија, и позицијата која ја држи.

Талат Џафери по доаѓањето од Берлин треба да си поднесе оставка, а доколку тоа не го стори истото од него да го побара Димитар Ковачевски. Доколку и Ковачевски продолжи да релативизира, тој треба да знае дека народот го гледа и него како одобрувач на односот на Џафери, но и отворено ќе се сомнева јавноста дека односот на Џафери, е и однос на Ковачевски со неговите вработени.

Примитивизмот на оваа власт е исто така една од причините зошто ни се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бочварски и Рустеми на увид во градежните активности на автопатот Кичево – Охрид

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во градежните активности на Поделница 5 на автопатот Кичево – Охрид.

На увидот, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, ќе присуствува и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Католичката црква во Ново Мексико ќе исплати над 120 мил.долари на жртви на сексуално насилство

Надбискупијата Санта Фе, Ново Мексико, постигна привремена спогодба за 121,5 милиони долари за барањата на жртвите на сексуално насилство извршено од католички свештеници.

Тоа е една од најголемите суми според договорот поврзан со сексуален напад во Римокатоличката црква во САД. Парите ќе бидат искористени за исплата на отштета на жртвите во парохиите во северниот дел на државата, се наведува во писмото на надбискупијата до верниците.

– Договорот опфаќа повеќе од 350 жртви и докажаните дела на 74 свештеници, изјави Брајан Смот, адвокат на речиси една третина од тужителите.

Повеќето сексуални напади се случиле пред повеќе од четири децении. Минатиот месец бискупијата Камден, Њу Џерси, се согласи да плати вкупно 87,5 милиони за вонсудско решавање на жалбите од 300 жртви на сексуална злоупотреба од страна на католички свештеници, објавија тогаш локалните медиуми.

притисни ентер