Кина и Русија ставија вето на нацрт-резолуцијата на СБ за дополнителни санкции кон С. Кореја

 Кина и Русија ставија вето на резолуцијата на ОН поддржана од САД за воведување нови остри санкции кон Северна Кореја, поради серијата тестирања на интерконтинентални балистички ракети што можат да носат нуклеарни боеви глави.

Гласањето во 15-члениот Совет за безбедност заврши со 13 гласа „за" и два „против-2, што ја означи првата сериозна поделба меѓу петте постојани членки на најмоќното тело за вето на ОН. Советот за безбедност воведе санкции за Северна Кореја по првата нуклеарна проба во 2006 година и оттогаш ги заоструваше мерките, обидувајќи се да ја ограничи севернокорејската нуклеарна и балистичка ракетна програма и да го спречи нивното финансирање.

Амбасадорката на САД Линда Томас-Гринфилд повика на единство пред синоќешното гласање, нарекувајќи ги севернокорејските тестирања на ракетите „закана за целата меѓународна заедница".

Пред гласањето, Кина го објави своето противење на новите санкции кон Северна Кореја, а кинескиот амбасадор во ОН, Џанг Јун, ги повика Соединетите Држави да спроведат „практични" активности за обновување на дијалогот со Пјонгјанг и изнаоѓање политичко решение за ситуацијата на Корејскиот полуостров, каде што кризата трае уште по Корејската војна (1950-53) што беше окончана со примирје, а не со конкретен мировен договор.

Јужна Кореја завчера објави дека Северна Кореја извршила пробно лансирање на интерконтинентална и две ракети со краток дострел. Севернокорејската армија оваа година има извршено 17 проби на своите ракетни капацитети.

Во последната резолуција за санкции усвоена во декември 2017 година, Советот за безбедност за обврза на дополнително ограничување на извозот на нафта во Северна Кореја доколку таа лансира балистичка ракета со интерконтинентален дострел.

Амбасадорот на САД во ОН рече дека последните четири години „две членки" на Советот за безбедност, јасно алудирајќи на Кина и на Русија, го блокирале секој обид да се спроведат санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја.

Резолуцијата што синоќа не беше усвоена требаше да го намали извозот на сурова нафта во Северна Кореја од четири на три милиони барели годишно и да го намали извозот на рафинирани нафтени деривати од 500 илајди барели годишно на 375 илјади. На Северна Кореја исто така требаше да и биде забранет и увозот на минерални горива, минерални масла и минерални восоци. Покрај тоа, резолуцијата предвидуваше забрана за продажба или транспорт на тутунски производи во Северна Кореја, заострување на поморските санкции и забрана на извозот на часовници и ѕидни часовници од таа држава, како и на делови за нив.

Предложената резолуција требаше исто така да наметне глобално замрзнување на имотот на групата „Лазарус", создадена од Северна Кореја. Според текстот на документот, „Лазарус" вршела кибер-шпиунажа, кражба на податоци, кражба на пари и деструктивни операции со малициозен софтвер против владини, воени, финансиски, производствени, издавачки, медиумски и забавни институции, како и бродски компании и критична инфраструктура.

Резолуцијата, доколку беше усвоена, ќе ги замрзнеше и средствата на трговската корпорација „Korea Namgang Trading" што испраќа севернокорејски работници во странство, а кои носат приход на државата.

Санкции беа предвидени и за компанијата „Хегумганг трејдинг", за која во нацрт-документот е посочено дека имала склучено договор со компанија од Мозамбик за воена опрема вредна шест милиони долари.

Италија активира воен авион за да спаси бебе во Британија

Италијанската влада испрати медицински тим со воен авион да го собере новороденчето од болницата во Бристол и да го донесе на лекување во Италија.

Необичниот потег дојде откако родителите на момчето изјавија дека лекарите во Британија не можат ништо да направат за нивното дете.

Бебето, кое има неполн месец, имало сериозно оштетување на срцето и итно е пренесено во Италија на понатамошно лекување. SkyNews наведува дека родителите се по потекло од Италија и Нигерија, но живеат во Британија.

Италијанската влада објави дека „детето има многу сериозни срцеви малформации“ и дека интервенирале затоа што Кралската детска болница во Бристол повеќе не можела да направи ништо за момчето.

Италијанскиот адвокат и поранешен сенатор Симоне Пилон рече дека болницата била на работ на правна постапка со родителите поради прекинот на лекувањето, но тоа било прекинато пред да започне сослушувањето во Високиот суд, во корист на соработката со италијанската влада.

Пилон, кој претходно интервенираше за да им помогне и на другите родители да ги однесат своите деца на лекување во Италија, го нарече ова значаен случај во педијатриската грижа.

Тој рече дека со тоа се отвора патот на децата да им се понуди лекување во странство, без родителите да бидат изведени на суд.

„Верувам дека ако најдеме начин да соработуваме во најдобар интерес на децата, сите ќе победиме - нема губитници“, рече тој.

Пилон им се заблагодари на болницата и на британските лекари и во негово име и во име на семејството на момчето.

Од болницата во Бристол соопштија дека соработувале со детската болница Бамбино Гесу за да се обезбеди безбедно префрлање на бебето во Рим.

Електричниот Lotus Evija X го направи третиот најбрз круг на Нирбургринг (ВИДЕО)

Lotus Evija X, мошне модифициран и уникатен електричен хиперавтомобил, го помина германскиот Нирбургринг за само 6 минути и 24.047 секунди, а Lotus верува дека тоа може да го направи уште побрзо.

Овој пат го прави третото најбрзо возило досега што ја покривало патеката, зад само наменските тркачки автомобили.

Lotus објави многу малку технички информации за Evia X, кој е наведен како прототип во официјалната табела за рекорди во Нирбургринг.

Измените вклучуваат екстремни аеродинамични надградби и соголена внатрешност, фокусирана на перформанси.

Автомобилот наводно ги има истите батерии и електрични мотори како и патничката верзија, што значи 1500 kW/2039 КС и 1704 Nm вртежен момент.

Единствените автомобили побрзи од Evia X се Volkswagen ID.R (6:05.336 минути) и Porsche 919 Hybrid Evo (5:19.546 минути), и двата произведени од основата како тркачки автомобили.

Лотус верува дека Evija X може да постигне подобро време на Нирбургринг. Производителот известува дека возењето било забележано на влажен ден, па очекувањата биле мали. Сепак, кругот беше доволно добар, што Лотус сакаше да го сподели.

Во моментов не е јасно што планира производителот да направи следно со Evia X. Довербата на Lotus сугерира дека може да се обиде да ги подобри времињата на круговите или да се обиде да постави рекорди на кругови на различни патеки. Исто така, може да претвори уникатен автомобил во специјално издание.

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

„Борбата почнува од нула, како да немало прв круг“, рече Пендаровски пред крушевчани негирајќи ги обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

„Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме’, истакна Пендаровски денеска во Крушево,соопшти неговиот тим.

притисни ентер