Кина го лансира вселенското летало „Шенжу-12", со тричлен екипаж - Канал 5

Кина го лансира вселенското летало „Шенжу-12", со тричлен екипаж

Кина рано утринава успешно го лансираше вселенско летало „Шенжу-12" кон својата вселенска станица во изградба, јавија кинеските медиуми.

Кина го лансира вселенското летало „Шенжу-12", со тричлен екипаж

Вселенското летало носи тројца астронаути до дел од вселенската станица што се уште е во изградба, и тоа ќе биде најдолгиот престој на кој било кинески граѓанин во орбитата на Земјата.

Ракетата „Долг март 2Ф" што го носи Шенжу-12 (Божествен брод) се упати кон модулот на вселенска станица Тианхе од Центарот за лансирање Ликуан, во северозападна провинција Гансу.

„Шенжу-12" е трета од 11-те предвидени мисии, од кои четири ќе бидат со екипаж, потребни за завршување на првата кинеска вселенска станица, чија изградба почна во април со лансирање на Тианхе, првиот и најголемиот од трите модули.

Астронаутите Неи Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45) треба да работат и да останат три месеци во модулот Тианхе, што изгледа како цилиндар малку поголем од градскиот автобус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степени

Според извештајот на УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Променливо облачно со сончеви периоди и температура до 34 степени

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)

13 Виница, 8 Штип 4 Берово, 2 Битола.

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Рекордните врнежи што во петокот го зафатија Јапонија предизвикаа сообраќаен хаос и оставија илјадници патници заглавени на аеродромот „Нарита“ во Токио. 

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги среде една од најпрометните празнични недели во земјата, пренесува Ројтерс.

Јапонските власти потврдија четири смртни случаи, вклучително и лице заглавено во потопено возило. По едно лице сè уште се трага. Поради обемот на штетите, испратена е војска да помогне во спасувачките и санациските активности.

Според податоците на компанијата „Токио Електрик Пауер“ (Tokyo Electric Power), во петокот наутро повеќе од 22.000 домаќинства останале без електрична енергија. Во градот Чиба, една од областите што претрпеа најголеми штети, стотици луѓе ја поминале ноќта во привремени центри за евакуација, поставени во јавни објекти.

Портпарол на аеродромот „Нарита“ изјави дека околу 7.000 луѓе останале заглавени во терминалот поради прекинот на сообраќајните врски. Тој додаде дека, сепак, се очекувало сите летови планирани за петок да полетаат навреме.

Од „Џапан ерлајнс“ (Japan Airlines) посочија дека се можни доцнења, но дека засега нема планови за откажување на летовите.

На снимките од јавниот радиодифузер NHK се гледаат стотици патници како спијат на подот од терминалот, покриени со ќебиња што им ги обезбедило аеродромското персоналот, заедно со храна и вода.

„Никогаш нема да го заборавиме ова патување“, изјави за NHK еден американски патник кој останал заглавен на аеродромот со своето семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов

По 24-часовна интервенција, куќите во селото Лознани, помеѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не се загрозени, информираа ноќеска директорот на Дирекцијата за спасување, Стојанче Ангелов, и командирот на битолските пожарникари, Христијан Тодоровски

Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов

Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка со огнот која ја водеа пожарникарите и локалното население.

Вчера во пелагонискиот реагион имаше повеќе сериозни пожари

Ангелов и командирот на битолските пожарникари се сомневаат дека се работи за подметнати пожари.

„Најпрвин имавме дојава за пожар во прилепско Маково. Почнавме таму да гасиме. Потоа имаше пожар во месноста Ергела накај селото Гнеотино, за во вечерните часови да се разгори пожар кај Лознани. Тој пожар го работиме цел ден денеска и го локализиравме дури вечерва. Имавме премногу тешка борба во Лознани во Новоселани беа загрозени куќи, успеавме да ги спасиме. Сега имаме активен пожар према селата Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани. Исто така, во текот на денот имаше и пожар кај селото Маково, о од друата страна на патот“, информираше Тодоровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер