Кина ги забрани „Интел“ и „АМД“ процесорите од САД

Кина воведе нови правила насочени кон спречување на употребата на американски процесори, поточно „Интел“ и „АМД“, а намерата е да го блокира „Мајкрософт виндоус“ и другите производи од странски бази на податоци во корист на домашни решенија.

Кина воведе нови правила насочени кон спречување на употребата на американски процесори, поточно „Интел“ и „АМД“, а намерата е да го блокира „Мајкрософт виндоус“ и другите производи од странски бази на податоци во корист на домашни решенија, пишува „Фајненшл тајмс“ (The Financial Times).

Овој потег може да има значително финансиско влијание врз двете компании. Наводите говорат дека 27 отсто од продажбата на „Интел“ од 53 милијарди долари ја опфаќаат Кина, додека „АМД“ во таа земја остварила 15 отсто од своите приходи од вкупно 23 милијарди долари. Сепак, овие бројки не вклучуваат податоци за тоа колку процесори всушност се користат во владиниот сектор. Во секој случај, според познавачите, се чини, овој потег е „одмазда“ кон САД за тамошната забрана кон кинеските производители на процесори да соработуваат со американски компании, како и забраната на „Ен-видија“ да продава чипови поврзани со вештачка интелигенција во Кина.

Според новите кинески регулативи, сите владини агенции над инстанцијата на град мора да имаат компјутери и сервери со хардвер којшто се смета за „безбеден и доверлив“. Одобрениот хардвер вклучува процесори од „Хуавеј“ и „Фитиум“ што се забранети во САД.

Скопје одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение

Сите случајни минувачи со воодушевување и се приклучуваа на поворката.

Голем број деца, заедно со своите родители ја започнаа својата музичка обиколка од Плоштад „Македонија“, продолжувајќи кон Градскиот Трговски Центар па се до Diamond Mall. Со пеење, свирење на традиционални инструменти и весели гранчиња во рацете, ги ослободија срцата на секој случаен минувач.

Ова музичко патување, воедно и вистинско празнично изкуство, не само што означи почетокот на Воскресението Христово, туку ги исполни сите со радост и веселие, истакнувајќи го духот на православните празници.

Пеењето на најрадосните каланди, што се одржа во Скопје, Кичево и Реканскиот крај, во најсоодветен дух го најави најголемиот православен празник - Воскресението Христово.

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

притисни ентер