Кина ги предупреди Филипините за закани по „регионалниот мир“ - Канал 5

Кина ги предупреди Филипините за закани по „регионалниот мир“

Кина ги предупреди Филипините за закани по „регионалниот мир“ поради набавката на американски борбени авиони.

Кина ги предупреди Филипините за закани по „регионалниот мир“

Кина денеска ги предупреди Филипините за заканите по „регионалниот мир“, откако САД одобри продажба на 20 ловци Еф-16 на Манила.

„Соработката меѓу Филипините и другите земји во областа на одбраната и безбедноста не треба да биде насочена против трета страна или на штета на интересите на третата страна. Ниту да го загрози регионалниот мир или да ги влоши регионалните тензии“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Зиакун.

Вашингтон вчера објави дека одобрил продажба на 20 ловци Еф-16 на Филипините во рамки на договор вреден 5,58 милијарди долари – продажбата, која треба да ја поддржи „безбедноста на стратешкиот партнер“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој беше во посета на Филипините минатата недела, рече дека САД и нивните филипински сојузници треба да „стојат рамо до рамо“ против Кина, во услови на зголемен притисок на Пекинг во азиско-пацифичкиот регион.

Манила и Вашингтон ја зајакнуваат соработката на полето на одбраната по инаугурацијата на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор во 2022 година и се противат на амбициите на Пекинг во Јужното Кинеско Море.

Кина тврди дека има голем дел од островите и гребените во ова море, вклучувајќи ги и водите и островите блиску до неколку од нејзините соседни земји.

Пекинг денеска спроведува големи воени вежби во близина на Тајван, над кој исто така тврди дека има суверенитет.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер