3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
ЖивотКина емитува 10 милијарди тони стакленички гасови годишноКина мора да воведе апсолутно ограничување за емисија на јаглерод во периодот од 2021-2025 година за да го поддржи исполнувањето на климатските цели, се наведува во новиот извештај за советодавното тело на кинеската Влада.Кина во моментов нема одредено ограничување за емисиите на стакленички гасови, што е најголемо во светот со количина од над 10 милијарди тони годишно и кое има намера да го подигне на највисоко ниво пред 2030 година, пред да стане неутрална на јаглерод до 2060 година. Кинескиот совет за меѓународна соработка во областа на животната средина и развојот, предводен од вицепремиерот Хан Џенг, соопшти дека Кина треба да воспостави механизми за контрола на апсолутните нивоа на емисии и ограничувања за одредени провинции и индустрии. Препораките на Телото, исто така, ја повикуваат Кина да ги поправи недостатоците во нејзиниот систем за цени на јаглерод, да постави детални планови и временски рокови за електрификација на својот транспортен систем и отстранување на вообичаените возила од употреба, како и за создавање енергетски систем базиран на обновливи извори на енергија. Улогата на овој совет е да дава препораки за политиката до владата, но нивното усвојување не е загарантирано. Кина се подготвува да објави изменети „национално определени придонеси" за постигнување на целите на Парискиот договор од 2015 година, а претходно најави дека „ќе ги подобри своите климатски цели". „Се препорачува Кина активно да преземе одговорност како водечка земја во промовирањето на зелениот и нискојаглеродниот глобален развој", се наведува во документот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЌерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝЌерката на поранешната холивудскат брачна двојка, Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Судот ја одобри промената на името. Таа поднесе барање за промена на името во јули, неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за одлуката. Вивиен, 18-годишната ќерка на холивудските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, официјално повеќе нема да го носи презимето на својот татко. Суд во Лос Анџелес во понеделникот го одобри нејзиното барање за промена на името, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Судијката Вирџинија Кини од Вишиот суд на округот Лос Анџелес ја одобри промената на нејзиното име од Вивиен Маршелин Џоли-Пит во Вивиен Маршелин Џоли. Нејзиниот адвокат, Питер Кенет Левин, присуствуваше на рочиштето преку видеоповик. Таа поднесе барање за промена на името во јули, само неколку дена откако наполни 18 години, наведувајќи лични причини за оваа одлука. Таа го користи презимето Џоли веќе повеќе од две години. Ова име стоеше и во програмата за бродвејскиот мјузикл „Аутсајдери“ (The Outsiders) од 2024 година – проект на кој таа соработуваше со својата мајка. Вивиен не е првото дете на славниот пар кое одлучи да се откаже од презимето на својот татко. Шајло, Медокс и Захара веќе го сторија тоа преку судска постапка. Нивниот брат, Нокс, го изостави презимето Пит од својата средношколска диплома овој јуни, иако сè уште официјално не го променил. Бред Пит јавно не ги коментираше одлуките на своите деца во врска со нивното презиме. Анџелина Џоли и Бред Пит го финализираа разводот преку спогодба во декември 2024 година, по долг правен спор што започна во 2016 година.Тагови: Анџелина Џоли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМитева со згрозување и осуда за изјавите на Петар БогојескиСо згрозување и длабоко неверување ги проследив изјавите на Петар Богојески за жените и наводната потреба од „машки надзор“.Ова се понижувачки, ретроградни и опасни сфаќања кои го навредуваат достоинството и директно удираат врз вредностите на едно демократско општество. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда. Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. Нашата заложба за „За една повеќе“ е токму спротивното од сè што слушнавме. За една жена повеќе која ќе добие можност, која ќе биде почитувана, која ќе биде слободна да одлучува, да создава, да води и да успева. Ова е прашање на елементарни цивилизациски вредности. Нема место за вакви сфаќања и нема простор за молк, ниту за релативизирање. Слободата на говорот е темелна демократска вредност, но медиумската видливост не е право на секој што посегнува по навреда и понижување. Вреди да се размисли дали и во колкава мера на ваквите ставови треба да им се отстапува простор, особено кога со нив се поткопува достоинството. Линк од фб објава: https://www.facebook.com/share/1DnQsFuTjX/?mibextid=wwXIfr Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
КултураМНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во НикшиќМакедонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“.МНТ ќе гостува со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната фестивалска програма посветена на актерската уметност и современите театарски остварувања. Во претставата играат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. Покрај Македонскиот народен театар, на фестивалот ќе учествуваат и Центарот за култура -Тиват, Звездара театар и Народно позориште од Белград и Народно позориште на Република Српска од Бања Лука. Фестивалската програма ќе заврши на 10 ноември со доделување на наградите и изведба на претстава во чест на наградените. По изведбата на претставата на МНТ, ќе се одржи разговор со актерската екипа, каде што публиката и новинарите од Никшиќ ќе имаат можност за директна средба и дискусија со нив. Учеството на Македонскиот народен театар на фестивалот во Никшиќ е можност за меѓународна промоција на сопствената продукција и за непосредна средба со регионалната театарска публика.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter