Ким Катрал за разголувањето за селфи: Тоа е малку здодевно! - Канал 5

Ким Катрал за разголувањето за селфи: Тоа е малку здодевно!

Ким Катрал не штедеше зборови на критика за навиката на модерните старлети да се разголуваат за селфи фотографии кои потоа ги објавуваат на социјалните мрежи.

Ким Катрал за разголувањето за селфи: Тоа е малку здодевно!
Утрово, актерката гостуваше во програмата „Good Morning Britain“ каде беше прашања за мислење за кланот Кардашијан.

- Не ги гледам, но мислам дека не може да се избегнат - изјави актерката.



What's the point? Kim Kardashian famously disrobed (again) for a naked selfie in March

Иако и таа самата се соблекуваше пред камерите како Саманта во „Сексот и градот“, соблекувањето за селфи смета дека нема поента.



- Тоа е малку здодевно. Јас не знам како градат кариера врз основа на соблекување за селфи, но изгледа дека им успева - вели Катрал.

Stripping off again: Kim joined forces with model Emily Ratajkowski for another topless selfie in March 2016

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен.

Трамп, Путин и Си се согласија на заедничка средба- детали за историскиот настан

Лидерите на Русија, Кина и САД ја потврдија својата подготвеност за одржување трилатерален состанок на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен, изјави денес помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.

„Сите лидери ја потврдија својата подготвеност за таков состанок. Тој е разработен на експертско ниво и сè што останува е лидерите да бидат на исто место во исто време“, рече Ушаков.

Тој оцени дека тоа би било „донекаде историско“, бидејќи тоа би бил првпат лидерите на три толку големи земји да се сретнат, но не сакаше да го спореди евентуалниот состанок со „нова Јалта“.

Ушаков, сепак, изрази сомнежи дека состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можел да доведе до крај на конфликтот во Украина, наведувајќи дека не е можно да се решат сите проблеми за време на еден состанок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За четири часа полицијата казни 175 пешаци- најмногу од нив преминувале улица надвор од „зебрата“

Акциска контрола за безбедност на пешаците – констатирани 175 прекршоци.

За четири часа полицијата казни 175 пешаци- најмногу од нив преминувале улица надвор од „зебрата“

На 20.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола насочена кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават пешаците, како и на прекршоците што ги прават возачите во однос на пешаците.

При спроведената контрола констатирани се 175 прекршоци. Најголем дел од прекршоците сторени од пешаци се однесуваат на непрописно преминување на коловозот, односно преминување на улица на небезбедно место, надвор од обележан пешачки премин. Кај возачите, најчесто констатирани прекршоци се непропуштање пешаци на обележан пешачки премин.

Во текот на контролата констатирани се и 139 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до пешаците да ги користат обележаните пешачки премини и да ги почитуваат сообраќајните правила, а до возачите да ја намалат брзината при приближување кон пешачки премини, да бидат особено внимателни и задолжително да им дадат предност на пешаците, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема акција по застрелување на полицаец- уапсени се четворица, жена пукала од скратена двоцевка

Двајца мажи и две жени се уапсени откако полицаец беше застрелан во центарот на Нотингем за време на викендот.

Голема акција по застрелување на полицаец- уапсени се четворица, жена пукала од скратена двоцевка

Полицискиот службеник беше застрелан во ногата откако им се приближил на двајца осомничени на автобуска станица во 4:50 часот наутро во неделата, објави Скај њуз. „Стандард“ објави дека на местото на пукањето е пронајдена скратена двоцевка.

Полицаецот е во стабилна состојба во болница, соопшти полицијата во Нотингемшир.

Осомничените избегале од местото на настанот и е започната потрага по нив.

Полициските службеници запреле возило во областа Радфорд во градот во неделата вечерта и привеле три лица внатре, соопшти полицијата.

27-годишна жена е уапсена под сомнение за нанесување тешки телесни повреди со намера и поседување огнено оружје со намера за загрозување на животот.

24-годишен маж и 25-годишна жена се уапсени под сомнение за помагање на сторител.

Во раните утрински часови во понеделник, полицајците запреле возило во Бедфордшир, каде што 30-годишен маж е исто така уапсен под сомнение за помагање на криминалец. Сите четворица осомничени се во притвор, а полицијата продолжува да ги испрашува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер