3Канал 5 репортажа: Современа технологија во служба на шумите, ЦУК воведе систем за рана детекција на пожари
Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
1Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
Шоу бизКим Кардашијан изгуби илјадници следбеници поради една објава за МеланијаБројот на следбеници на Ким Кардашијан (44) на Инстаграм е значително намален и сето тоа поради една објава. Имено, многу луѓе и замериле на Ким што почнала да споделува содржини со политички призвук. Таа неодамна сподели фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД. Објавата предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решиле да прекинат да ја следат, пренесува „Daily Mail“. Таа моментално има околу 358 милиони следбеници на својот Инстаграм профил. Според маркетинг агенција специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“. Ким се уште јавно не се изјаснила кого поддржувала на изборите - Доналд Трамп или Камала Харис. Но, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнуваат дека Ким само сакала да даде комплименти за модниот избор на Меланија. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБакарот станува стратешки ресурс - Македонија со потенцијал но без реализирани проектиДодека Македонија располага со значајни резерви на бакар, на глобално ниво експертите предупредуваат дека растот на побарувачката може да создаде сериозен јаз во снабдувањето со овој критичен минерал, клучен за зелената транзиција. За да се обезбедат доволни количини, до крајот на оваа деценија ќе бидат потребни околу 250 милијарди долари нови инвестиции во рударскиот сектор. Според Анис Насар од Светскиот економски форум, клучното прашање е дали производството ќе може да го следи растот на побарувачката, имајќи предвид дека бакарот станува неопходен за енергетските постројки на иднината. -За некои од многу важните минерали, како што е бакарот, очекуваме да немаме доволно количини за да можеме да ги изградиме енергетските постројки кои ни се потребни. Ако еден минерал е важен, а воедно има мала понуда, тоа го прави критичен,- Анис Насар – раководител за критични минерали, Светски економски форум. Во период кога светот се соочува со можен недостиг од бакар, останува прашањето дали Македонија ќе успее својот потенцијал да го претвори во економска придобивка. Можностите се препознаени и во Стратегијата за минерални суровини 2026–2046, која предвидува вклучување на земјата во европскиот синџир на снабдување со критични минерали. Сепак, конкретните инвестиции во рударството сè уште се во застој. Меѓу најзначајните проекти е „Иловица-Штука“, кој според инвеститорот има потенцијал за производство на над 10 илјади тони бакар годишно во период од околу две децении. Според Насар, во глобалната трка за критични минерали, земјите кои располагаат со ресурси стануваат стратешки партнери, а не само извозници на суровини. - Некои земји имаат доминантна или водечка улога во синџирот на снабдување. Тие можат да ја користат својата водечка позиција во било какви економски преговори, а ова може да предизвика и трговски бариери. Другиот аспект се однесува на националниот интерес во земјите со растечка индустрија кои ги поседуваат тие минерали. Многу земји се заинтересирани, не само за ископ на минералот и извоз на рудата, туку и за преработка во рамките на нивните граници,- Анис Насар – раководител за критични минерали, Светски економски форум. Експертите предупредуваат дека предизвикот не е само во резервите, туку и во брзината со која светот може да обезбеди нови количини на критични минерали. Анализите покажуваат дека отворањето нови рудници и изградбата на капацитети за преработка траат со години, што е случај и во Македонија, додека побарувачката расте многу побрзо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаМицкоски: Протоколите со Софија не се дел од преговарачката рамкаПо шефот на дипломатијата Муцунски, и премиерот Мицкоски го повтори владиниот став дека протоколите потпишани меѓу Скопје и Софија не се дел од преговарачката рамка на Македонија. Тој изјави дека и покрај тоа, соседна Бугарија има целосно спротивно толкување со кое тврдат дека и првиот и вториот протокол се дел од рамката, преку која имаат можност за блокада на македонските евроинтеграции. „ Апсолутно ние го делиме ставот дека протоколите не се дел од преговарачката рамка, но за жал другата страна, бугарската страна тврди дека се тие дел и дека тие потпишале таков договор со претходната влада во којшто од претходната влада им било ветувано се и сешто. Но ние како влада не цениме дека протоколите се дел и не треба да бидат дел од преговарачката рамка. Така што, тој став ние го имаме од првиот момент, до денеска, но за жал ставот којшто го има другата страна е сосема поинаков, а тој став е таков поради егзибициите и капитулациите на претходната влада на СДСМ и ДУИ и преговарачкиот тим воден од губитникот од Чаир. “– Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Првиот и вториот протокол се документите кои ги потпишаа поранешните министри Димитров и Османи во 2019 и 2022 година. Вториот според Владата се смета за попроблематичен поради преземените обврски со него- да се спроведат уставните измени за да се отвори патот за пристапни преговори со ЕУ, да се охрабри мешовитата историската комисија да забрза и да постигне јасни резултати, а вклучени се и образовни прашања и спречување на говор на омраза меѓу двата народа. Неодамна во Само интервју актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека според него овој протокол е обичен записник од средба и не создава никакви правни обврски за Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 репортажа: Современа технологија во служба на шумите, ЦУК воведе систем за рана детекција на пожариНародот рекол „стравот го чува лозјето“, но во случајов, дефинитивно тоа го прави технологијата -- Македонија го фати чекорот со европските држави, воспоставен е системот со современи камери за рана детекција на пожарите .Народот рекол „стравот го чува лозјето“, но во случајов, дефинитивно тоа го прави технологијата -- Македонија го фати чекорот со европските држави, воспоставен е системот со современи камери за рана детекција на пожарите кој ги чува македонските шуми, па онаму каде што има чад, сега побргу има екипи што е клучно во борбата на терен. Оперативниот центар на ЦУК „доби очи“ директно во шумските предели со исклучителна слика од камерите кои се поставени на предавателите. Камерите ротираат 360 степени и далечински се управуваат. - При детекција на пожар, камерите автоматски зумираат и се фиксираат на чадот, а во меѓувреме системот испраќа звучен сигнал и маил до операторите, на секоја минута, се додека алармот не биде виден. Неопходноста од ваквиот систем е веќе видлива, во изминатиот месец со помош на камерите се спречени неколку пожари кои биле закана да се претворат во стихии, вели првиот човек на секторот за операции и координации при ЦУК – Горан Стојановски. -Да ги детектираме во зародиш пожарите – што би значело тоа и што добиваме со тоа. Ова е дел од АИ технологијата која што практично е поврзана со софтвер кој што е лоциран во просториите на ЦУК-от и дава можност на јасна прегледност и дава можност на сигнализирање и дојава на таков вид на дим – пожар кој се случува на просторот кој го покриват просторот на камерата, во радиус од 8-12 километри. Со јасен зум и контрола над движењето на камерата, практично ги детерминираме сите можни потребни показатели,- - Горан Стојановски – Раководител на сектор за операции и координации. Но, камерите, не го покажуваат само чадот, туку на оперативниот центар му даваат целосна слика и информација за теренот, по што може да се крои стратегија за борба против истиот – одонсно пристапност, каква механизација е потребна, колку и какви екипи да се испратат. -Овој систем, процес на поставување на камери е далеку помоќен во однос на она што за нас значи проектирање на планирањето, тоа е најбитното работа во делот на справувањето и водењето на операциите. За нас се многу битни, пристапноста на теренот при гаснењето, имаме патишта, какви категории на патишта имаме, што можеме таму да употребиме од ресурсите севкупно што ќе ги лоцираме на тој простор таму и секако, доколку такво нешто немаме, тогаш знаеме дека треба да употребиме поддршка од воздухоплови, за да можеме да пристапиме кон пресечување или целосно ликвидирање или гаснење на пожарот,- - Горан Стојановски – Раководител на сектор за операции и координации. Во моментов се поставени дваесетина камери, а Канал 5 го затекна и состанокот на кој се утврдуваа позиции за поставување на 10 нови локации, а кон почетокот на август бројката на камери треба да стигне до 50. Сепак целта е Владата да го направи овој проект имплементиран по заложбите на директорот на ЦУК – Али државен, да го одврзе „ќесето“, со што би се поставиле меѓу 150-200 камери кои ќе ја покријат речиси целата територија на земјата. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20