Ким Џонг Ун призна дека ситуацијата со храната во Северна Кореја е тензична

На вчера отворената пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија, Ким ги повика официјалните лица да ја решат „состојбата со храната за луѓето", која „сега е тензична", наведува КЦНА.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека состојбата со храната во оваа изолирана комунистичка земја станува се потензична заради пандемијата на коронавирусот и последиците од минатогодишниот тајфун, соопшти денеска државната агенција КЦНА, пренесе ДПА.

На вчера отворената пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија, Ким ги повика официјалните лица да ја решат „состојбата со храната за луѓето", која „сега е тензична", наведува КЦНА.

На средба на највиоскиот партиски орган Ким кажа дека ова прашање е делумно предизвикано од неуспехот на земјоделскиот сектор да го исполни планот за производство на жито поради штетите предизвикани од минатогодишниот тајфун што ја погоди земјата.

Тој, исто така, на Севернокорејците им порача да се подготват за проширени ограничувања поради Ковид-19

Според него, економијата во земјата во првите шест месеци од 2021 година покажала „подобрување во целина", со раст на вкупно индустриско производство од 25 проценти во споредба со претходната година.

Како дополнение на серијата природни катастрофи, во кои беа вклучени поплави и штети од невреме, како и пандемијата на коронавирусот, земјата, исто така, е цел и на строги меѓународни санкции поради својата програма за нуклеарно оружје, пренесува ДПА.

Експертот за човекови права на ОН, задолжен за мониторингот на Северна Кореја, Томас Охеа Кинтана, во март пред Советот за човекови права (ХРЦ) кажа дека влијанието на пандемијата во оваа земја придонесува за „смрт од глад".

И пред пандемијата на коронавирусот, повеќе од 40 проценти од населението во оваа земја немаше обезбедено резерви на храна, наведе Кинтана во претходниот извештај.

Десетици торнада поминаа низ централниот дел на САД, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Д

есетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

Блинкен: Напредок во испораката на помош во Газа

Прекинот на огнот „најефикасен“ за решавање на хуманитарната криза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на регионалните лидери во Ријад изјави дека најефективниот начин за ублажување на хуманитарните страдања во Газа е да се обезбеди примирје меѓу Израел и Хамас.

Говорејќи во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар рече дека има „мерлив напредок“ во доставувањето помош за Газа, но дека е потребно повеќе. Блинкен рече и дека Иран е најголемиот извор на нестабилност во регионот. Тој посочи дека настаните од последните неколку месеци покажаа дека има два можни патишта. Едниот, рече тој, бил обележан со „поделби, уништување, насилство и постојана несигурност“.

ЕП започна кампања за поттикнување на излезноста на Евроизборите

 Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕивот на гласачите. 

Идејата на кампањата е да се пренесе пораката: „Користете го вашиот глас, не дозволувајте толку лесно да ви биде одземена демократијата. Таа е дадена, вие треба да ја браните“.

Почнувајќи од првите директни избори за европратеници во 1979 година кога одѕивот беше 61,99 отсто, тој беше во опаѓање на секое следно гласање, паѓајќи под 50 проценти на сите избори по 1999 година, за да ја достигне најмалата излезност од 42,61 отсто во 2014 година. На последните избори за членови на Европарламентот во 2019 година, во сенка Брегзитот, одѕивот беше 50,62 проценти.

Во фокусот на кампањата се ставени историјата на демократијата во Европа, руската инвазија врз Украина и антидемократските трендови на континентот, со потсетување на искуствата на Европејците со диктатурте и војните, Холокаустот, Прашката пролет од 1968 година, падот на Берлинскиот ѕид, па се до и достигнувањата на европскиот мир.

- Демократијата е во опасност. Искористете го вашиот глас или другите ќе одлучат наместо вас, повикува Европарламентот.

За спроведување на оваа кампања Европскиот парламент издвои буџет од 37 милиони евра, што претставува 0,08 евра по глава на граѓанин на ЕУ со право на глас на Евроизборите.

Својата последна предвидена пленарна седница во сегашниот состав Европскиот парламент ја одржа минатата недела. /МИА

притисни ентер