Шоу бизКијану Ривс откри како требало да биде неговото уметничко име, за малку ќе го прифател Холивудскиот актер Кијану Ривс откри во едно интервју дека речиси го усвоил уметничкото име „Чак Спадина“ кога првпат пристигнал во Холивуд.Појавувајќи се во најновата епизода од подкастот „Нови височини“, воден од браќата Џејсон и Тревис Келс, актерот рече дека неговиот менаџер му предложил да го промени своето име за да му биде полесно да се снајде во индустријата за забава, објави CNN. Ривс, кој е роден во Бејрут и израснат во Торонто, рече дека во тоа време сериозно размислувал за уметничкото име „Чак Спадина“, комбинирајќи го своето средно име, Чарлс, со името на улицата на која пораснал. „Шетав по плажата и си мислев: „Како да се викам? Можеби Чак? Спадина?““, се присети актерот. Накратко ги користел и иницијалите К.С. Ривс, но, како што вели, не можел да се навикне на тоа. „Луѓето ме викаа „К.С. Ривс“, а јас дури и не одговарав“, додаде тој. По шест месеци, тој одлучил да се држи до своето вистинско име. Ривс моментално го промовира својот нов филм „Добра среќа“. Неговата приказна е дел од поширок тренд меѓу актерите да откријат обиди за промена на имињата на почетокот на кариерата.Тагови: Кијану Ривс уметничко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Комплетно е завршено сообраќајното решение на Бул. „Вељко Влаховиќ“Со поставувањето на сообраќајните знаци, проектот на Бул. „Вељко Влаховиќ“ е целосно финализиран. Изведена е целосна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, а обележани се и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Со ова, улицата добива уредено, безбедно и современо сообраќајно решение, кое ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци и велосипедисти. Продолжуваме со реализација на проекти што го подобруваат квалитетот на урбаното живеење и ја унапредуваат сообраќајната инфраструктура, напиша на Фејсбук градоналачникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКостадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведуваПо иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа.По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од страна на власта и Собранието, надзорната расправа наместо во мај се одржува дури денес. „Н 23 март поднесе иницијатива за потреба од одржување на надзорна расправа затоа што се сомневавме во нефункционирање и тоа со жал можам да кажам целосно нефункционирање на законот за употреба на македонски јазик донесен во јануари 2024 година. На 7 април Комисијата за култура како матично тело и надлежно тело за одржување и организирање на оваа надзорна расправа одржа подготвителен состанок кој што одлучи на 6 мај да се одржи надзорната расправа во однос на Законот за употреба на македонски јазик. Како што гледате денес сме 6-ти јули и дури денес е првиот ден од надзорната расправа во однос на неупотребата на овој закон“, рече Костадиновска Стојчевска. Таа посочи дека и покрај тоа што Законот е донесен пред повеќе од една година и половина, неговите клучни одредби остануваат само на хартија, а Владата нема преземено суштински чекори за негова реална примена. „Зошто ја поднесовме оваа иницијатива за надзорна расправа? Затоа што можам да ви ги прочитам сите членови по однос на кои не се постапува, меѓутоа тоа значи дека треба да ви го прочитам целиот закон. Освен именуваната директорка на 9 април 2025 година, една година и два месеци после донесување на законот, ништо друго по однос на овој закон не функционира. Видовме два инспектори коишто се вработени пред пола месец во самото Министерство за култура, кои што треба допрва да поминат една цела година во однос на нивната подготовка за да можат да прават надзор“, рече Костадиновска Стојчевска. Притоа, Костадиновска-Стојчевска информираше дека пратеничката група на СДСМ на расправата има повикано претставници на надлежните институции, академската заедница, стручната јавност и медиумскиот сектор, со цел да се утврди каде е застојот и кој ја сноси одговорноста за неспроведувањето на Законот. Воедно, таа упати јавен повик до сите поканети сведоци да го потврдат своето присуство, за надзорната расправа да може да продолжи и да даде конкретни заклучоци. „Дозволете ми денес да го искористам овој прес, да апелирам до сите овие имиња коишто јас ги прочитав да го потврдат своето присуство за да можеме надзорната расправа да ја заклучиме после вториот ден кој ќе го определиме заедно се надевам повторно со комисијата. за да можеме да придонесеме овој закон да профункционира“, Таа нагласи дека Законот бил донесен по едногодишни јавни расправи и со широк политички консензус, поради што е недозволиво институциите денес да го игнорираат и да не ги исполнуваат законските обврски. „Овој е закон којшто после една година јавни расправи се донесе со консензус во собранието во јануари 2024 та година и не заслужува ваков третман. заслужува да функционира и заслужува како што изјавиле од самото Министерство и култура и туризам, се извинувам, пред една година дека со доследна примена ќе се зголеми интересот за студирање на македонски јазик, ќе се пристапи кон вработување лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, училишта, издавачки куќи и медиуми и се разбира најважно од се функционирање на инспекторатот за македонски јазик“, рече Костадиновска Стојчевска. Според Костадиновска-Стојчевска, состојбата е особено загрижувачка затоа што и по повеќе од една година од донесувањето на Законот нема никакво суштинско поместување во неговата примена. „Нема да речам да се продолжи да се имплементира, туку да се имплементира, бидејќи нема никакво поместување во однос на законот и неговите одредби по однос на неговото носење“, рече Костадиновска Стојчевска. Тагови: Костадиновска Стојчевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност„Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита.“- вели Љутков.Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието на РМ, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Тој нагласи дека Законот е донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година, а функцијата министер ја презел неколку месеци подоцна, во услови кога не бил воспоставен Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, ниту биле создадени услови за негово оперативно функционирање. „Недоследната и нефункционална примена на Законот не започнала со оваа Влада. Таа е резултат на долгогодишно отсуство на системски пристап, институционална инерција и недоволна политичка волја. Затоа, денес треба да зборуваме со факти, а не со политички квалификации“, истакна Љутков. Министерот посочи дека во изминатиот период е формиран Советот за македонски јазик, започната е подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, лекторските испити се спроведуваат континуирано, а за првпат е воспоставен Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, кој веќе има вработени инспектори што се во процес на обука. Љутков информираше и дека Владата ги задолжила институциите да обезбедат доследно почитување на законските обврски во однос на ангажирањето лектори, додека податоците што се прибираат ќе бидат основа за креирање на Националната стратегија за македонскиот јазик. Осврнувајќи се на афирмацијата на македонскиот јазик надвор од државата, министерот потенцираше дека во моментов функционираат 12 лекторати по македонски јазик во 11 земји, а во последните три години се отворени нови лекторати во Тирана, Нитра и Неапол. „Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита. Почитта кон македонскиот јазик не се докажува со декларации, туку со институции што функционираат, со закони што се применуваат и со држава што доследно ги исполнува своите обврски“, порача министерот Љутков.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook