Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
Шоу бизКанје почна да продава маици со кукаст крст: Тоа е мое уметничко дело Канје Вест, познат како Јe, во последно време ја шокира јавноста.Откако купи 30 секунди рекламен слот за време на Super Bowl на кој беше објавена реклама за неговата веб-страница Yeezy, раперот почна да продава маици на кои е испишан кукаст крст. Белите маички со црна свастика на предната страна се единствениот производ што може да се купи на неговата веб-страница, а по цена од 19,95 евра. Во рекламата, која се емитуваше во втората четвртина од натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, раперот носи очила за сонце и се пофали дека „има нови заби“. „Што има, момци? Ги потрошив сите мои комерцијални пари на овие нови заби, па морав повторно да го снимам на мојот iPhone.“ Неодамна предизвика и лавина реакции откако на X сподели фотографија од истите тие маички со кукасти крстови, тврдејќи дека со години сакал да ги „направи“. „Ова е моето најголемо уметничко дело досега“, рече тој. На маичката стои натписот „HH“, за кој многумина веруваат дека е упатување на фразата „Хајл Хитлер“. Неговата објава на X досега ја погледнале повеќе од осум милиони луѓе, а контроверзниот рапер се соочи со бројни критики. „Целосно си го уништи угледот“, „Те молам немој“, „Човеку, твоите деца сега би биле толку разочарани од тебе“, „Ми недостига стариот Канје“, беа само дел од коментарите. Да потсетиме, Канје претходно на X тврдеше дека е нацист и дека „го сака Хитлер“. Тој потоа се заблагодари и ја изрази својата љубов кон „другите рапери, црнки, геј луѓе, Евреи, геј Евреи, геј еврејски рапери, интернет тролови и невродивергентни луѓе“. Тој му упати посебна благодарност на Илон Маск. Завршил пишувајќи дека „всушност му се допаѓаат сите, особено дебелите жени“. Патем, раперот во претходниот испад рече дека го повлекува своето извинување од 2023 година за антисемитските изјави. „Никогаш нема да се извинам за моите коментари за Евреите“, напиша тој, меѓу другото, во серијата објави објавени од четврток навечер до петок наутро. Некои објави се скриени поради политиката на X бидејќи се оценети како „навредливи“. Овие изјави се во целосна спротивност со неговото извинување од 2023 година, кога тој се обиде да ја поправи штетата откако беше критикуван за серија антисемитски и пронацистички коментари. Потоа, пишувајќи на хебрејски, изразил жалење, велејќи дека „немал намера никого да навреди или понижи“ и дека „длабоко жали ако некому предизвикал болка“. Но, тој неодамна тврдеше дека повеќе не стои зад тие зборови. По серијата нацистички испади, Илон Маск денеска потврди дека јавноста повеќе нема да може да го гледа профилот на раперот. Ова се случи откако Маск не го следеше Канје додека неговиот профил беше сè уште активен. Kanye West might be the first person I will ever support being banned from X. Not because I don’t believe in free speech, but because he’s posting literal porn on the timeline. I’m having dinner in a sushi restaurant and opened my X while my friend was ordering and the waitress… — Joey Mannarino (@JoeyMannarinoUS) February 9, 2025 „Со оглед на сè што објави, неговата сметка сега е означена NSFW (не е безбедна за работа). Не треба повеќе да ја гледате“, објави Маск на X.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook