3ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
СветКиев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжиСАД претходно објавија дека прекинуваат дел од испораките на оружје поради загриженост за сопствените намалени резерви, во време кога Русија ги засилува нападите врз Украина.Секое доцнење или прекин на американската воена помош за Украина само ќе ја охрабри Русија да ја продолжи инвазијата, соопшти украинското Министерство за надворешни работи откако го повика на разговор американскиот вршител на должноста амбасадор во Киев. „Украинската страна нагласи дека секое одложување или прекин на поддршката за одбранбените способности на Украина ќе го охрабри агресорот да продолжи со војната и теророт, наместо да бара мир“, стои во соопштението. САД претходно објавија дека прекинуваат дел од испораките на оружје поради загриженост за сопствените намалени резерви, во време кога Русија ги засилува нападите врз Украина. Советникот на претседателот Володомир Зеленски, Дмитро Литвин, изјави дека Киев се обидува да ја разјасни ситуацијата со Вашингтон. „Комуникацијата со американската страна продолжува на сите нивоа“, рече Литвин. Украинското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека не било официјално известено за прекин на испораките и побара разговор со американските колеги за дополнителни појаснувања. Тагови: Киев русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРеволт на екс фудбалски ѕвезди против Инфантино и ФИФА: Доста е. СменаБројни сегашни и поранешни фудбалери јавно се свртеа против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наведувајќи дека е потребна промена во раководството на светската фудбалска федерација.Меѓу нив се поранешните француски репрезентативци Микаел Силвестре и Емануел Пети, англиската репрезентативка Луси Бронзе и поранешниот англиски голман Дејвид Џејмс. На почетокот на неделавфа Силвестре - член на панелот „Гласот на играчите“ на ФИФА - објави изјава на X насловена како „Доста е!“, која подоцна ја споделија многу истакнати фудбалери. Потегот беше поттикнат од контроверзниот план на Инфантино потенцијално да продаде удели во натпреварувањата на ФИФА, вклучително и Светското првенство, на приватни инвеститори. „Гледавме како спортот што го сакаме се оддалечува од своите основни вредности под актуелното раководство на ФИФА. Предолго гледавме како се носат важни одлуки без консултација со играчите или земање предвид на нивните ставови, и без никакво внимание кон навивачите кои го одржуваат овој спорт во живот“, се вели во соопштението. Играчите повикаа на структурни промени во рамките на ФИФА и побараа фудбалерите и навивачите да имаат поголемо влијание врз процесот на одлучување. „Потребни се промени. Моќта ја замати способноста на актуелното раководство да ги разликува сопствените интереси од она што е најдобро за фудбалот. Поради неодамнешните настани, молчењето повеќе не е опција“, изјавија тие. Тие повикаа на колективна акција, „од самата база па сè до врвот на спортот“, за да се обезбеди играчите и навивачите да имаат „вистинско и директно влијание“ врз начинот на кој се управува со фудбалот. УЕФА се заканува со бојкот Инфантино е изложен на постојан притисок во последните недели, при што неколку конфедерации се побунија поради контроверзиите поврзани со проектот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
СветСилно торнадо уништи 300 домови во јужна ФранцијаСилно торнадо го погоди селото помас во југозападниот дел на Франција, при што се повредени 41 лице, а стотици куќи претрпеле штета.Локалните власти соопштија дека 15 лица биле пренесени во болница, меѓу кои и бремена жена која била повредена откако врз неа се урнале делови од куќа. Ветровите достигнувале брзина до 117 километри на час, корнеле дрвја, носеле покриви и оштетиле околу 300 домови. Повеќе од 120 припадници на итните служби биле испратени на терен за справување со последиците од невремето. Околу 2.800 домаќинства во десет населени места останале без електрична енергија, а властите издале портокалово предупредување за грмотевици во голем дел од југозападна Франција. Тагови: Торнадо Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
МакедонијаМВР: Од 140 контроли кај мотоцикли, 102 не носеле кацигиОд 140 направени прекршоци од возачи на мотори, мотоцикли, велосипеди 102-ца од нив не носеле заштитен шлем – кацига.МВР контролата ја извршиле на територија на целата држава и акцијата била насочена кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При контролата кај двајца возачи на мотор било потврдено дека возеле под дејство на алкохол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30