Киа го претстави редизајнираниот XCeed (ВИДЕО) - Канал 5

Киа го претстави редизајнираниот XCeed (ВИДЕО)

Со моделот XCeed, KIA направи вистинска револуција претставувајќи атрактивен кросовер со одлична понуда и фер цена. Сега оди чекор понатаму.

Киа го претстави редизајнираниот XCeed (ВИДЕО)

На ред е редизајнот, кој ќе го следи моделот до понудата на Ceed. Т.н затегнување на брчките е највидливо преку поагресивниот дизајн на предниот дел на возилото и новиот LED потпис на светлата. Опционално се нудат бандажи од 18 инчи, додека најатрактивниот модел GT Line ќе добие и специјална саќе графика за задните светла.

Палетата на мотори се состои од 1,5 T-GDI со 160 КС и моќен бензински мотор 1,6 со 204 КС, резервиран за GT изданието. Во комбинација со седумстепен автоматски менувач со две спојки, 100 km/h достигнува за 7,5 секунди. Конечно, почетната верзија е 1.0 T-GD со 120 КС, сега во MHEV хибридна форма. Истото важи и за еден дизел, агрегат од 1,6 со 136 КС и 320 Nm. Интересно е што вториот дизел во комбинација со мануелен менувач губи 40 Nm вртежен момент. Сепак, тогаш се добива iMT менувач со електронски контролирана спојка која овозможува брзина до 125 km/h.

Како што се очекуваше, Kia испраќа PHEV plug-in хибрид на пазарот во комбинација од 1,6 бензински мотор и електричен мотор. Има 141 КС и 265 Nm, а со батерија од 8,9 kWh може да помине и до 60 километри на струја.

Вестите во кабината се однесуваат на поквалитетни материјали, пристигна и Kia Connect, како и аудио систем DAB. Централниот екран оди од основните 5 инчи, преку 8 инчи на подобро опремените верзии и сè до дијагонала од 10 инчи на најопремената верзија, заедно со дигиталниот кокпит.

YouTube video

Производството во словачките погони започнува летово, а првите примероци во продажните салони пристигнуваат во септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју.

Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... 

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време..

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД..

„Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Во Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија..  

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ..

Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда..

И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер