3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Шоу бизКевин Спејси се здружи со продуцентската куќа што го тужешеКевин Спејси се здружи со продуцентската куќа што го тужеше, заради осигурување и отштета од 150 милиони долари.Глумецот Кевин Спејси постигна договор со продуцентската куќа „МРЦ“ којашто стои зад ТВ-серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) и на која требаше тој да ѝ плати 31 милион долари. Според спогодбата, Спејси ќе плати само милион долари, а за возврат ќе ја поддржи „МРЦ“ во нивната правна битка со Осигурителната компанија „Фајрмен'с фанд“ од САД. Новите тврдења на „МРЦ“ се дека во тоа време, веќе не можело да се смета на Спејси, оти тој бил болен и не можел да се врати на снимањето на серијата. Тоа може да ја активира полисата за осигурување и „МРЦ“ да добие 150 милиони долари. Според новите наводи, Спејси не ја напуштил серијата поради вознемирување - како што се тврдеше претходно, туку поради негова болест и лекување. Целиот случај почна со тврдењето на „МРЦ“ дека поради заминувањето на Кевин Спејси од серијата, морале да го скратат времетраењето на серијата и да ја преснимаат последната сезона во којашто Спејси веќе не глуми претседател на САД. Во 2021 година, Судот одлучи дека Спејси мора да ѝ плати 31 милион долари на „МРЦ“ како резултат на негово прекршување на договорот во врска со какво било вознемирување за време на снимањето. Поради ова, последната, шеста сезона, беше скратена од 13 на осум епизоди, а хонорарот на Спејси не му беше целосно платен. Спејси ја обжали оваа пресуда со цел да постигне спогодба. Неговиот долг, во меѓувреме, со камата се зголеми на 36,5 милиони долари. Тој се согласи да плати само милион долари, по што остатокот од долгот ќе биде избришан. Во замена, глумецот и „МРЦ“ ќе приложат документи дека Спејси се лекувал во клиниката „Медоус“, поради зависност од секс. Сѐ тоа, наводно, треба да биде доволно за активирање на шестцифрената полиса за осигурување. Филмската компанија и пред година и пол ја тужеше осигурителната компанија од истите причини. Судот го отфрли случајот, но им даде шанса на тужителите - да докажат како болеста го спречила Спејси да се врати на снимањето на серијата. Во декември „МРЦ“ се здружи со Спејси, кој дотогаш не сакаше да ги покаже своите медицински досиеја. Осигурителната компанија веќе одговори на новите тврдења, велејќи дека тоа е во спротивност со претходните тврдења дека бил отпуштен поради сексуално вознемирување на член на актерската екипа. „МРЦ“ аргументира дека стрим-платформата „Нетфликс“ навестила дека веќе нема да ја прикажува серијата доколку Спејси не биде отпуштен. Ова е точно, бидејќи „Нетфликс“ во ноември 2017 година објави дека нема да ги емитува следните епизоди од серијата ако Спејси глуми во нив. Адвокатите на Кевин Спејси тогаш наводно испратиле е-пошта до „МРЦ“ каде што се наведува дека Спејси не е болен, како што тврдеше „МРЦ“ во тоа време. Судењето ќе почне во јуни годинава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветВо тоалет на авион била пронајдена порака за киднапирање- драма на аеродромот во Калкута Авион на „Ер Индија“ од Калкута до Мумбаи е испратен на детална безбедносна проверка откако во тоалетот на авионот била пронајдена заканувачка порака во врска со киднапирање, објавија медиумите.Белешката е откриена на огледалото во тоалетот утрово додека авионот се подготвувал за полетување од Меѓународниот аеродром „Нетаџи Субхас Чандра Босе“ во Калкута, објави NDTV. Пилотот веднаш ја известил контролата на воздушниот сообраќај. Потоа авионот беше преместен во зона за изолација, каде што персоналот на Централните индустриски безбедносни сили (CISF) и персоналот за безбедност на аеродромот започнаа темелна потрага по авионот за сомнителни предмети. Полицијата и безбедносните агенции започнаа истрага за да утврдат кој ја напишал пораката и кој би можел да стои зад заканата. Снимките од безбедносните камери од аеродромот и авионот се прегледуваат како дел од истрагата.Тагови: авион Калкута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноТатко и син купиле куќа, која криела вековна тајна- сега ќе добијат милион евра како награда (ВИДЕО)Шпанец ќе добие повеќе од милион евра откако случајно открил ренесансен споменик, скриен зад ѕидовите на куќата што ја купил за реновирање.Откритието, кое се случи пред 10 години во градот Убеда, покрена долга судска постапка, бидејќи регионалните власти првично одбија да ја платат пропишаната награда. Светилиштето датира од 1347 година Станува збор за Хуан Франциско Леон Катена, жител на Убед во провинцијата Хаен, каде во ноември 2016 година е снимено необичното откритие. Убеда, заедно со соседниот Баез, е на листата на светско наследство на УНЕСКО од 2003 година, а случајот што започна како обично реновирање се претвори во една од понеобичните приказни за скриеното културно наследство. Сега, десет години подоцна, откако Врховниот суд го заврши правниот спор, сопственикот на куќата треба да ја добие паричната награда предвидена во Законот за историско наследство. Комисијата за оценка на регионалната влада на Андалузија утврдила дека за случајното откривање на споменикот има право на повеќе од еден милион евра. Кога Хуан и неговиот татко почнале да отстрануваат делови од ѕидовите, наишле на фасадата на црквата на поранешната болница Свети Хорхе, пишува El Pais. Светилиштето датира од 1347 година, но изложената фасада е создадена подоцна, на крајот на 15 век. Широк е 15 метри и висок 11 метри, а му се припишува на Андрес де Ванделвира, еден од најважните архитекти на шпанската ренесанса, кој оставил голема трага во изградбата на најважните споменици на Убеда и Баез. „Помина премногу време“ Експертите кои го анализираа споменикот по неговото откривање ги истакнаа неговите исклучителни уметнички и историски вредности, како и неговата добра состојба на зачувување. Посебно ја истакнаа естетската вредност, како и тоа што претставува пример од доцната ренесанса на влезот во погребната капела. Станува збор за исклучително ретко архитектонско решение, кое дотогаш не било познато во Убеда. Поради важноста на откриениот споменик, Министерството за култура на Андалузија утврди дека сите работи во објектите каде што се наоѓа фасадата мора да ги почитуваат ограничувањата од член 33 од Законот за историско наследство. Тоа практично значи дека не е дозволено да се вршат никакви операции на ова заштитено културно добро што би можело да го загрози. „Помина премногу време, а сега ми е најважно овој споменик, кој беше скриен речиси шест века, што поскоро да и биде претставен на јавноста“, вели Хуан, кој преговара со градските власти за најдобар начин откриеното наследство да биде достапно за посетителите. Сопственикот предложил фасадата да се остави изложена и видлива од улица, дури и ако тоа значи намалување на корисната површина на куќата. За возврат, тој очекува градската управа да ги преземе трошоците за реновирање на четирикатницата. „Доколку градската администрација не може или не сака да ги изврши овие работи, треба барем да им дозволи на оние кои се подготвени да ги изведат да продолжат со проектот, со сите потребни законски гаранции“, рече тој. Променети семејни планови Покрај долгото чекање за решение, сопственикот е загрижен и за состојбата со објектите каде што се наоѓа откриениот споменик. Извештајот за конзервација и реставрација, нарачан од владата на Андалузија за време на процесот на евалуација на паричните награди, предупреди на сериозни проблеми со зградите околу неа, кои се во сопственост на градот. Во документот се наведува дека лошата состојба на покривите на куќите со број 10 и 12 е причина за значително навлегување на дождовница. Водата ги загрозува градежните материјали, но и самата ренесансна фасада. Исто така, поради влага скапуваат дрвените конструкции и греди, што ја нарушува стабилноста на зградите и создава опасност од нивно уривање. Во извештајот се забележани и траги од гнили и мувла на дрвените делови од таванот, како и габични колонии на подот на соседните простории, кои се фаворизирани од влага и недостаток на светлина. „Секој месец без интервенција, загриженоста расте. Извештајот веќе предупреди што може да се случи, а ние сè уште немаме решение“, се пожали Хуан. Ова откритие целосно ги променило плановите на семејството. Наместо да купат стара куќа, постепено да ја реновираат и да живеат во неа, тие се нашле во ситуација да станат чувари на исклучителен ренесансен споменик за кој се верувало дека засекогаш е изгубен. Семејството сега живее во друга куќа што ја купиле на истата улица, додека чекаат да се донесе одлука што ќе биде со историското наследство. Хуан вели дека веќе има различни предлози од приватни иницијативи за презентирање на фасадата пред јавноста, но дека конечната одлука ќе зависи од резултатите од археолошкиот проект кој допрва треба да се реализира. Засега остана на местото каде што беше откриен, ограден и заштитен, во истите услови во кои беше од ноември 2016 година. Решен правен спор Иако Законот за историско наследство на Шпанија од 1985 година предвидува парична награда за случајни археолошки откритија, Хуан мораше да оди на суд за да го оствари ова право. Законот предвидува дека случајни откритија се оние направени случајно или за време на разни работи, како што се ископувања, рушење и други градежни активности. Сепак, регионалните власти на Андалузија првично одбија да ја исплатат наградата, наведувајќи исклучок предвиден во прописите за заштита и промоција на историското наследство на регионот. Тие тврдеа дека откриената фасада наводно го содржи грбот на семејството Месија, кој се смета за хералдички симбол и има статус на имот од културен интерес. Високиот суд на правдата на Андалузија го отфрли ова образложение, бидејќи властите не успеаја да ги докажат своите тврдења. По долга постапка, Врховниот суд конечно го реши спорот, отворајќи го патот сопственикот да добие награда од повеќе од еден милион евра. Па така, Хуан, кој сакал само да реновира стара куќа, наместо вообичаените градежни работи, случајно открил дел од историјата за кој се верувало дека исчезнал - и морал да ги добие парите што законски му припаѓале дури по 10 години и долг судски процес.Тагови: куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЕвропаПродолжува политичкиот ќорсокак во Шведска- премиерот Крисерсон доби нов рок за формирање влада Шведскиот премиер Улф Кристерсон ќе добие уште една недела да се обиде да формира нова влада, изјави претседателот на парламентот, откако опозицијата не успеа да формира влада и покрај победата на септемвриските избори.Кристерсон доби задача од претседателот на парламентот минатата недела да ја истражи можноста за формирање влада откако крајно десничарските Шведски демократи се откажаа од кандидатурата за министерски места, објави Ројтерс. Тоа би можело да ѝ го олесни на Кристерсон преговарањето со Партијата на центарот и да ја убеди да го поддржи неговиот десничарски блок, наместо да застане на страната на лидерката на централно-левичарската опозиција Магдалена Андерсон. Блокот на Кристерсон го загуби мнозинството на септемвриските избори, но лидерката на социјалдемократите Андерсон досега не успеа да ја обезбеди поддршката од Зелените, Левичарската партија и Партијата на центарот, кои ѝ се потребни за да освои доволно гласови за да биде избрана за премиер. Мандатот на Кристерсон да се обиде да формира влада требаше да истече во вторник, но претседателот на Риксдаг, шведскиот парламент, Андреас Норлен, рече дека повторно ќе разговара со лидерите на сите партии и ќе му даде на премиерот уште една недела. „После тоа, ќе ги објавам следните чекори во овој процес“, рече Норлен во соопштението. Андерсон во вторникот изјави дека побарала од претседателката на парламентот нова шанса да се обиде да формира влада додека се обидува да обезбеди доволно гласови за да стане премиер. Таа врши притисок врз Левичарската партија да се откаже од своето барање да биде дел од владата. Партијата на центарот јасно стави до знаење дека нема да прифати влада во која е вклучена Левичарската партија, која се соочува со обвинувања за антисемитизам, што би можело да ја наведе да ја поддржи десничарската алтернатива на Кристерсон. „Мојата проценка е дека работите сега почнуваат да се движат“, изјави Андерсон за новинската агенција ТТ, по извештаите дека опозициските партии планираат уште еден состанок.Тагови: Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter