Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
1Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
Шоу бизКевин Костнер ѝ дал 1,45 милиони долари на поранешната жена, таа не сака да се исели (ВИДЕО)Кевин Костнер и Кристин Бомгартнер потпишаа предбрачен договор, но таа го раскина, а тој е подготвен да плати за нејзиното преселување и да ѝ даде нова куќа – таа не се согласува.Кевин Костнер се разведува од сопругата Кристин Бомгарнер по 18 години брак и три деца, а според последните информации холивудската ѕвезда на суд бара од поранешната сопруга да се исели од неговата куќа, повикувајќи се на предбрачниот договор кој го потпишале. Поранешната манекенка на 1 мај поднела барање за развод од славниот оскаровец, а имала 30 дена да ја напушти куќата во која живееле заедно. Костнер изјавил пред судот дека верува дека таа останала во куќата за да го натера да исполни различни финансиски барања што таа му ги поставила откако раскинале. Тој исто така рече дека на Даја ѝ обезбедил 1,45 милиони долари во предбрачниот договор, што ѝ е доволно за да си најде нов дом, но и дека е подготвен да одговори на нови „финансиски предизвици“ доколку таа се исели. Тој исто така е подготвен да плаќа 30.000 долари месечно за издршка за децата и кирија за куќата, како и уште 10.000 долари за трошоци за селење. Дарежлив, нема што! Костнер поседува бројни имоти. Сопственик е на три семејни куќи, од кои според договорот од 2004 година Кристин се согласила да се исели во случај на развод. Тој е сопственик на раскошен комплекс на плажа во Калифорнија, чија вредност се проценува на 145 милиони долари, со луксузна палата со поглед на океанот. Комплексот вклучува 150 квадратни метри приватна плажа, а актерот на имотот изградил и куќа за рекреација. Поло теренот го претворил во бејзбол, а покрај сето ова, замокот има и поглед на планините и неколку острови, а Костнер ужива и во сопствената патека за јавање коњи. Тој, исто така, поседува ранч од 160 хектари во Аспен на кој има две езера и три посебни куќи. Од крајот на јануари тој го издава овој имот наречен „Ранч Данбар“ за 36.000 долари од ноќ. Токму на тој ранч Костнер и Бомгартнер го кажаа своето судбоносно „да“ во 2004 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Крушево, пронајдена дрога и револвер, лишено од слобода едно лицеНа 22.08.2026 во 10:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода К.Г.(58) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска нредба, биле пронајдени и одземени марихуана, стебла на канабис, семки и револвер. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook