Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
Шоу бизКети Пери и Орландо Блум раскинааСветската музичка ѕвезда Кети Пери и мегапопуларниот актер Орландо Блум не ја надминаа моменталната криза и ја раскинаа својата свршувачка по речиси една деценија љубов.Еден од најпознатите парови во светот на шоубизнисот - Кети Пери и Орландо Блум - одлучија да тргнат по различни патишта по речиси една деценија заеднички живот, потврди извор близок до двојката за списанието „Us Weekly“, пренесува Курир. „Кети и Орландо раскинаа, но остануваат во добри односи“, рече изворот, додавајќи дека во моментов нема конфликт меѓу нив и дека пејачката, и покрај тоа што е тажна, сепак и е полесно што нема да мора да помине низ уште еден развод. Инаку, Кети Пери зад себе има еден развод. Во 2012 година се разведе од музичарот Расел Бренд , што го опиша како еден од најтешките периоди во нејзиниот живот. Проблемите во врската меѓу Кети и Орландо траат веќе некое време, информираат нивни блиски. „Имаше тензија меѓу нив со месеци, раскинувањето беше само прашање на време“, тврди инсајдер. Пејачката и актерот се запознаа во 2016 година на забавата по повод доделувањето на Златните глобуси. Три години подоцна, на Денот на вљубените, Блум ѝ предложи брак на Пери, а во август 2020 година ја добија нивната ќерка, Дејзи Дав. -Инаку во текот на викендот, Блум и Дејзи ѝ се придружија на Пери на турнејата во Австралија, каде што пејачката настапи во Перт. Сепак, се подразбира дека тие живеат одвоено веќе некое време.Тагови: Кети Пери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГерманија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во ЛајпцигЕксплозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаМицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од КиткаВо повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16