МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
2МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
ЗабаваКети Пери и Џастин Трудо повторно заедно- „ги уловиле“ во страсни прегратки на јахта Фотографиите објавени од таблоидот TMZ предизвикаа бран шпекулации за можна романса меѓу пејачката Кети Пери (41) и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (53).Двојката беше фотографирана минатата недела на јахтата на Пери „Каравел“, закотвена покрај брегот на Санта Барбара, разменувајќи нежност, објави Фокс. На една фотографија, Трудо ја бакнува Пери во образ додека ја држи во раце, додека на друга, пејачката, облечена во темен костим за капење, нежно го прегрнува.Според странските медиуми, двајцата го поминале денот уживајќи во коктели и морска храна, а нивната блискост предизвика лавина коментари за природата на нивната врска. Justin Trudeau & Katy Perry. 这一对真的是,意料之外,但情理之中! Katy Perry. “I Kissed A Girl And I Liked It.” 哈哈!全网都是这个梗! pic.twitter.com/FOqrNx040t — 蔡子博士Chris (@caiziboshi) October 12, 2025 Само неколку дена подоцна, Трудо беше виден на концертот на Пери со неговата ќерка Ела-Грејс, каде што тој ги пееше нејзините најголеми хитови. Според извори блиски до двојката, наводно постои силна привлечност меѓу нив, и покрај предизвиците на родителството и физичката дистанца. Да потсетиме дека Пери ја заврши врската со актерот Орландо Блум претходно оваа година, со кого ја има ќерката Дејзи, додека Трудо се разведе од сопругата Софи Грегоар, со која има три деца, во 2023 година. Иако Пери и Трудо сѐ повеќе се гледаат заедно, нивните претставници сè уште не ги коментирале шпекулациите за можна врска.Тагови: Кети Пери Џастин Трудо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денариОваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно закон, она линеарно, се повлекува и критиките од опозицијата дека пензионерите се заборавени, изјави: „Опозицијата преку свои експерти праќаше дописи и претставки до Уставниот суд за тоа што оваа Влада го зголеми за пензионерите, да им го одземе, да го враќаат назад. Тоа е лицемерието на денешната опозиција којашто преку свои експерти до пред некоја недела се трудеше тоа што оваа Влада им го овозможи на пензионерите, да им го одземе. Е сега да направиме споредба со тоа што е направено од оваа Влада во првите две години, бидејќи толку е оваа Влада 26-7 месеци. И тоа што е направено од претходната Влада во првите две години. Во првите две години Владата на СДСМ и ДУИ, пензиите на пензионерите ги зголеми за отприлика 540 денари. Оваа Влада за повеќе од 6.800, просечно зборувам. Просечната старосна пензија за над 6.800 денари. Јас пред некој ден дадов изјава и реков 16 пати е разликата, направив грешка се извинувам, 12,6 пати е разликата. Да бидеме сега попрецизни. Или тоа што го направивме ние за овие 25-6 месеци е повеќе отколку што тие го направија за 7 години додека беа Влада. А да не зборувам за тоа што им го укинуваа законот, па потоа измислуваа некои швајцарски модел и така натаму. Или па да не се враќаме во минатото кога им беше на пензионерите ускратен оној процент од нивната пензија во времето на претходните Влади на СДСМ. Така што, да сумирам од една страна испраќаат свои експерти коишто ги фалат на социјалните медиуми да ги пред Уставниот суд предизвикуваат одлуките на оваа Влада за линеарното зголемување на пензиите, а од друга страна лицемерно излегуваат без никаков аргумент, се обидуваат да испратат критика. Но, нашите сограѓани се свесни за тоа што го направи оваа Влада и претходната. Така што можат да направат јасна разлика. Јас не велам дека тоа е доволно, не велам дека тоа ќе ги реши сите проблеми, но е многу подобро од тоа што беше во времето на СДСМ и ДУИ.“- истакна премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисНовак Ѓоковиќ прв пат без место меѓу Топ 10 најдобри на АТП листатаНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ го загуби местото во елитната Топ десетка на новата Листа на АТП, прв пат по далечната 2002 година.Со објавувањето на најновата ранг-листа во понеделникот, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна од петтото на 12-тото место, што е првпат од октомври 2002 година елитната група на десетте најдобри светски тенисери да остане без ниту еден член на славната „Голема тројка“. Триесет и деветгодишниот Ѓоковиќ – последниот активен претставник на ерата во која Роџер Федерер и Рафаел Надал веќе се пензионираа – испадна од најдобрите десет по раната елиминација на УС Опен во Њујорк. Поразот на Ѓоковиќ од Маријано Навоне уште во првата рунда на Грен слемот во Њујорк е главната причина за падот на српскиот ас на новата листа на АТП. Неуспехот во дуелот со Маријано Навоне преставува најраната елиминација на популарниот Ноле на некој Грен слем турнир во последните дваесет години. По оваа смена на генерациите, на чело на АТП-листата се наоѓаат Јаник Синер, Александар Зверев и Карлос Алкараз. Елиминацијата на Ѓоковиќ стави крај на рекордната низа во која членовите на „Големата тројка“ постојано ги заземаа местата на самиот врв на светскиот тенис. Федерер, Надал и Ѓоковиќ имаат постигнато историски резултати, со вкупно 66 освоени Гренд слем титули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети НиколеМинистерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес беше во посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев извршија увид во активностите за подобрување на условите и за поставување на фотоволтаици во повеќе образовни установи. „Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквалитетно образование на локално ниво, а тоа е идентична цел и на Владата и Министерството за образование и наука на национално ниво. Секако, кога целите се идентични, заложбите се многу поефективни. Инфраструктурата е еден од основните предуслови за да имаме добар воспитно – образовен процес и во оваа прилика ќе се заблагодарам на градоначалникот што покажува голема грижа за најмладите и порачувам така да продолжи и во иднина да работи“, рече Јаневска. Градоначалникот Владев информираше дека се работи за инвестициски циклус од околу 13 милиони денари, средства со кои се поставуваат фотоволтаици во три основни училишта и две градинки, се уредува дворот во дел од нив, а во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ се поставува фасада и кров со средства од Владата обезбедени преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter