Шоу бизЏастин Трудо се распеа на концертот на Кети Пери- дали се во љубовна врска? (ВИДЕО)Американската пејачка Кети Пери се чини дека има нов обожавател - поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.Двајцата повторно ги разгореа гласините за романса откако Трудо беше забележан на нејзиниот концерт само неколку дена откако вечераа заедно. Поранешниот канадски премиер присуствуваше на распродадениот концерт на пејачката во Монтреал вчера вечерта. На фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи, Трудо, придружуван од неговата 16-годишна ќерка Ел-Грејс, ја гледаше Пери како настапува во Бел Центарот со насмевка. justin trudeau singing firework like that at katy perry’s concert 😭😭😭 pic.twitter.com/IAiE9rFncN — kanishk (@kaxishk) July 31, 2025 Вечерата што ги поттикна шпекулациите На почетокот на неделата, двојката беше фотографирана како вечера во ресторанот Ле Виолон во Монтреал, според TMZ. Очевидец им кажа на медиумите дека уживале во коктели и споделиле неколку јадења, вклучувајќи едно со јастог. Цело време биле набљудувани од обезбедувањето, а по оброкот наводно отишле во кујната за да му се заблагодарат на персоналот. За наводната романса почна да се зборува кратко откако Пери раскина со актерот Орландо Блум, со кого има четиригодишна ќерка, Дејзи Дав. Пери и нејзиниот поранешен вереник ја потврдија својата разделба претходно овој месец откако се забавуваа повеќе од една деценија. @alexlavoie1304 i ship them #justintrudeau #katyperry #montreal #thelifetimestour #katyperry #roar #kp ♬ original sound - Alex Пери и Блум раскинаа, Трудо се разведе „Поради високиот јавен интерес за врската на Орландо Блум и Кети Пери, претставниците потврдија дека Орландо и Кети го промениле својот однос во последните неколку месеци за да се фокусираат на заедничко родителство“, се вели во соопштението за списанието People. „Тие ќе продолжат да се гледаат еден со друг како семејство бидејќи нивниот заеднички приоритет е да ја одгледаат својата ќерка со љубов, стабилност и меѓусебно почитување.“ Од друга страна, Џастин Трудо и неговата поранешна сопруга Софи се разделија во 2023 година по 18 години брак.Тагови: Кети Пери Џастин Трудо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денариОд вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари. Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter