МакедонијаКешишев тврди дека прв пат ги видел Панче и Вања по објавите на Фејсбук за нивно исчезнувањеОбвинетиот Влатко Кешишев денеска во Основниот кривичен суд изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој денеска сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража. Сите обвинети, како што посочи, ги запознал во Опера Хаус во 2021 кога со штипски сопартиец зборувале за Движење Трета. -Палчо го запознав на демонстрација, протест во Скопје и повеќе се запознавме во хотелот Опера Хаус, таму ги запознав и Велимир и Боро, рече тој. Обвинетиот Александар Ѓорчевски, како што посочи, за прв пат го видел во судница. Кешишев денеска рече дека присуствувал на копањето на дупката во Велес, мислејќи дека барале злато. -Да, тоа беше во 2022 во недела дојде Велимир во работно одело отидовме на местото Рудник, од кај Катланово, таму имало многу стар пат што бил за Велес и од таму се оди за Рудник. Кога стигнавме таму извадив копаче и лопата и тргнав со него. Во прв момент помислив дека бараме злато бидејќи не ми беше кажано ништо, стигнавме до одредена длабочина, се спакувавме и се вративме назад, без зборови, рече тој. Дополни дека повторно се враќале, копале и не разговарале ништо. -Третиот пат кога копавме Вељо ми кажа дека за ова не треба никој да знае, може и глави да летаат. Ме предупреди да имам до знаење. Бидејќи дупката била замислена за намена за киднапирање на лица. После се вративме во штабот и Вељо му кажа на Палчо до која длабочина. Потоа ја завршивме дупката до таа замислена длабочина. Вељо стави капак од даски и се вративме назад во штабот и му кажав на Палчо дека е сѐ во ред и дека има доволно длабочина, дополни тој. Кешишев рече дека ги слушал Велимир и Палчо како разговарале на таа тема за грабнување. -Во почетокот ги слушав не мислев дека имаат сериозна намера бидејќи толку време помина, гледам ништо не се случува и јас го сметав тоа како желба, како фантазија, рече тој. На прашањето кој беше иницијатор, одговори дека не знае точно. -Точно не знам кој беше иницијатор. Прво тој муабет го почнуваше Вељо, рече тој. Кешишев одговори потврдно на прашањето дали знае каде живее обвинетиот Велибор Манев и дал има одено во неговиот дом, при што посочи дека претходно таму бил за партиски активности и на слава, а последен пат при грабнувањето на Панче. На снимките презентирани од дворот на обвинетиот Манев се гледа дека пристигнуваме со Рено Кангу и по пристигнувањето од совозачкото место каде што седите вие вадите еден ранец, може ли да го опишете, праша неговиот адвокат. -Темно плава, тегет, внатре немам отворено, не знам што имам бидејќи беше на Палчо, тој си го носеше со него, а вообичаен не претурам по туѓи работи. Ранецот и ќесата со мотороли ги однесовме во гаражата, каде што пиевме кафе и се договараа што како да биде, рече тој. Прашан што разговарале таа вечер, Кешишев одговори дека се разговарало за Панче, каде живее и како да се пријде до него, до куќата. -Во домот на Велибор се задржавме пола саат. Потоа земаа токи воки тројцата и тргнаа спрема куќата на Панче, мене ме оставија да го земам Кангуто и да чекам долу на страна на патот за да се вратат тие, рече тој. Прашан која беше целта во разговорите за грабнувањето на Панчо, одговори дека целта била возилото. -Целта била за возило пред сѐ, човек што живее сам, што нема да го барате, за да бидат полесни околностите, да се грабне возилото за друга намена, рече тој. Кешишев рече дека грабнувањето на Панче било успешно вториот пат „утрето сабајле, кога отидовме рано наутро јас и Палчо со кангуто и ме остави мене на паркинг плац покрај пругата. Вељо имаше Моторола со која му кажуваше на Палчо дека патот е чист, рече тој. Посочи дека разбрал дека Панче е грабнат и убиен дури откако се вратиле во партијата. На прашањето што се случува во деновите по грабнувањето на Панче и пред грабнувањето на Вања, рече дека останал со Палчо. -Кога излезе сликата на фејсбук од Панче јас и Палчо бевме сами, мислев да одам за Штип некој ден, Палчо ми кажа дека му требам, да останам таму, рече тој. Прашан дали некогаш со Палчо одел во обиколка каде што живее Вања, одговори негативно. -Немам одено во обиколка. Само знаев дека се работи за уцена, за пари, појма немав за кои лица се работи. Не знаев колку пари и кој треба да ги земе. Еднаш му кажав на Палчо, мислев дека тоа беше пред да се случи тоа со Панче, дека не се потребни такви работи, тој ми кажа, може и самиот да потврди, да ќутам, да седам на страна и да не се мешам и јас немав право на збор, рече Кешишев. Меѓу Палчо и Вељо беа сите договори и планови, дополни тој. -Договараа што како да биде, тој муабет се правеше подлого време и поверував кога се случи тоа, рече тој. Прашан каква била неговата улога во грабнувањето на Вања, одговори „ми беше кажано да ја поместам колата до влезот, до скалите, да го отворам гепекот и да седнам на совозачко“. -Утрото кога ја грабнавме Вања тргнавме од штабот со Кангуто до Радишани Палчо, Вељо, јас, Боре, каде што беше паркиран Цитроенот. Таму ме остави Палчо и ние тројцата влеговме во Цитроенот. Тој тргна пред нас со Моторола, а Вељо го возеше Цитроенот до местото, рече Кешишев. Потоа, откако пристигнале на местото, посочи дека останал подолу. -Чекав таму цело време, стоеја, разговараа, потоа се завртев, гледав дека работат, копаат, следниот пат кога се завртев, Палчо во раката држеше пиштол, тоа јасно се гледа, пак се завртев спрема патот да не наиде некој, потоа слушнав истрел, пукање, тапо, рече Кешишев. Дополни дека откако завршиле, Палчо ги избришал лопатите и копачот со WD40, и ги ставил во Рено Кангу. -Влеговме позади Боре и јас, а по нас со Цитроенот тргна Велибор, излеговме на асфалтот кај местото Бразда и на едно 500 метри ми кажа лопатите и копачот да ги фрлам во една дупка покрај патот, јас ги фрлив и продолживме спрема местото каде што требаше да се запали Цитроенот, рече тој. По палењето на Цитроенот, како што дополни, се вратиле во штабот и по кратко време Велибор и Боре тргнале за Велес, а Палчо останал. -Кога го прашав што е ова, не ми одговори ништо, јас се повлеков во кујната. Не ми беше јасно за целите настани што се случија, немаше одговор од него, доволно ми беше што го видов на слика детето на фејсбук, рече тој, дополнувајќи „сите бевме замислени, секој на свој начин, не разговаравме ништо“. Прашан дали знае чив е пиштолот и мотролите што се користеле, одговори „Не можам да тврдам, што сум слушнал овде дека бил на Боре“. Во однос на прашањето каде се наоѓа пиштолот и мотролите, одговори „мислам дека сѐ беше во Ранецот оставено, а ранецот секогаш го носи Палчо“. Потоа Кешишев сведочеше во однос на патувањето на Палевски за Белград. На крајот од испитувањето од неговиот адвокат, на прашањето дали на местото „Дупки“ слушнал истрел исто како на местото Бразда, одговори „слушав малку ама беше подруг звукот". Испитувањето продолжи со прашања од обвинителството. Претходно, обвинетиот Љупчо Палевски беше отстранет од судницата поради сомневање за влијание во исказите. На минатото рочиште беше сослушуван обвинетиот Боре Видевски кој ги негираше исказите дадени од Обвинителството посочувајќи дека нема никаква поврзаност со убиствата на Вања и Панче. Претходно, беше сослушан обвинетиот Велибор Манев кој во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил обвинетиот Љупчо Палевски Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. Тагови: палчо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter