Во полиција му било страв да пријави а кога на Палевски му ја покажал сликата од исчезната Вања дека се бара, тој му рекол да стои настрана и да молчи. Влатко Кешишев пред да го даде својот исказ се согласи Палевски да биде отстранет од судница откако неговиот адвокат рече дека поради влијание и страв може да не ја каже вистината. Судијата го отстрани Палевски, а Кешишев тврдеше дека киднапирањето на жената за која подоцна ќе дознае дека е всушност девојче, е план на Палевски. Тој само ги слушал наредбите и возел.
-Велибор го возеше „цитроенот“ до зградата. Паркиравме на паркингот. Излегоа Боре и Вељо, а мене ми кажаа да останам во „цитроенот“, да не го гасам, да биде запален. Кога влегоа во зградата и мене ми дадоа моторола. Имавме јас, Вељо и Палчо кој беше во кангуто. По 10-15 минути Вељо ми рече да се препаркирам пред влезот и да го отворам гепекот. Прво излезе Боре, јас седнав на совозачкото место. Велибор носеше врзана вреќа и ја стави во гепекот. Тој возеше до местото Бразда, каде се заврши сѐ.-Влатко Кешишев - Обвинет.
Кога статсале кај Бразда по наредба на Палевски стоел на оддалеченост од 20 метри за да внимава некој да не наиде.
-Се свртев два-три пати да видам што се случува. Првиот пат разговараа, гепекот беше отворен. Не знам што разговараа, бев далеку. После кога се завртев гледам дека почнаа да копаат. Последниот пат кога се свртев, Палчо во рака држеше пиштол. Се свртев да гледам кон патот да не наиде некој и слушнав истрел, пукање, ама некако тапо. На крајот ме викнаа да побрзаме за да се затрупа телото. Јас не го видов телото оти веќе беше затрупано со земја. Потоа Палчо ги избриша лопатата, ашовот и копачот со WD-40. Ги стави во „кангуто“.-Влатко Кешишев - Обвинет.
Неговата одбрана тврди дека немал директна улога во грабнувањата и убиствата. Но за одбраната на Палевски пак тврди дека исказот на Кешишев му бил наметнат.
-Со неговиот исказ се потврдија нашите наводи дека истиот немал преземено никакви дејствија кои го ставаат на местото соизвршител ниту пак извршител. Истиот нема никаква улога во извршување на грабнување а уште помалку во извршување на убиства. Бил во положба на потчинетост.изјави – Игор Ефремов – Адвокат.
-Нити Велибор нити Кешишев кажуваат јавно дека биле таму, чуле ама не виделе. Како можеш да бидеш присутен да не видиш?изјави – Јовица Страшевски – Адвокат.
За време на киднапирањето на Панче Жежовски, раскажа дека по насока на Палевски го возел реното кангу. Две години претходно заедно со Велибор Манев потврди дека ја ископале дупката во месноста Рудник. Следно рочиште за случајот е закажано за во петок.