Кешишев: Му бев десна рака на Палчо, не бев свесен за плановите кои воделе до убиството - Канал 5

Кешишев: Му бев десна рака на Палчо, не бев свесен за плановите кои воделе до убиството

На судењето за убиството на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев одговарајќи на прашања на судијата Ивица Стефановски даде исказ за настаните поврзани со случаите, откривајќи детали за киднапирањето и убиствата на Панче и Вања.

Кешишев: Му бев десна рака на Палчо, не бев свесен за плановите кои воделе до убиството

Тој сведочеше и за својата улога во партијата „Десна“ и за настаните кои довеле до трагичниот исход.

Кешишев образложи дека бил домар во политичката партија „Десна“ каде што и престојувал. Тој потврди дека готвел храна за Палчо, за себе и за присутните, додека, за гостите и симпатизерите правел и служел кафе и сок.

На прашањето дали секогаш го правел тоа што му кажувал Палчо, одговори „да, му бев како десна рака“.

Одговарајќи на прашања на судијата, Кешишев раскажа за подготовките за киднапирањето на Панче и моментот кога слушнал истрел, но нагласи дека бил далеку од местото на настанот. -Кога беше убиен Панче, бев многу далеку и не знам што се случуваше, рече тој.

Тој посочи дека не бил свесен за плановите кои воделе до убиството.

Во својот исказ, Кешишев истакна дека бил предупреден да молчи за случувањата, одговарајќи на прашањето зошто после убиството на Панче не се откажал.

-Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека „за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат,“ сведочеше тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Прашан врз основа на што ја темели претпоставката дека во ранецот што го носел Палчо бил пиштолот, одговори „Мојата претпоставка е дека тој би се забележал на појасот на тој што го носи“. На дополнителното прашање дали тоа значи дека се носи пиштол за да се оди да се грабне Панче одговори „Не знаев додека не се случи сето тоа што се случи“.

Прашан на што ја базира претпоставката дека пиштолот го има Боре одговори дека заклучокот го извел од судница. -Според она што се зборуваше, дека пиштолот бил на Боре, Боре призна дека има пиштол, не знае каде е, по таа логика помислив дека е негов. Заклучокот го извлеков од судница, рече Кешишев.

Кешишев одговори потврдно на прашањето дали снимките што ги видовме во судот беа од моментот на грабнувањето.

Во однос на прашањето дали автомобилот Рено Кангу било чистено со WD40, одговори „не видов, мислам не“.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Иако се шпекулираше дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига, 34-годишниот француски крилен напаѓач Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.

Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.

Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.

Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА

притисни ентер