3Ужас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредите
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ЗабаваКендал Џенер ги воодушеви фановите- во бикини се одмора среде пустина (ФОТО)Кендал Џенер, 29, ужива во одмор во пустина облечена во црно бикини со тенки врвки, шапка и опуштена атмосфера под сонцето.На фотографиите, таа позира покрај базенот и ужива во погледот. На едната снимка, таа се наведнува низ прозорецот на автомобилот додека вози низ пустински пејзаж, а на другата, се насмевнува енигматично во бикини. Заедно со објавата, која има речиси два милиони лајкови, таа едноставно напиша: „Месечина како јагода“. View this post on Instagram A post shared by Kendall (@kendalljenner) Ги воодушеви своите обожаватели на својот Инстаграм профил Нејзиниот изглед предизвика воодушевување на социјалните мрежи, а меѓу коментаторите се истакна сестрата Клое Кардашијан, која напиша: „Секако дека си толку совршена и зачудувачка“. Овие фотографии доаѓаат неколку недели откако Кендал и Кајли Џенер уживаа во заеднички одмор на Туркс и Кајкос, каде што фрлаа камења во морето во бикини и се шетаа по плажата со коктели. Кендал потоа носеше црвено-црно бикини, додека Кајли носеше црно. View this post on Instagram A post shared by Kendall (@kendalljenner) Подоцна, Кендал позираше во летната кампања на брендот Калзедонија, а во март направи неколку фотографии без горен дел од бикини. Инаку, Кендал Џенер е супермодел и претприемач, најпозната по нејзиното појавување во ријалити серијата „Keeping Up with the Kardashians“. Во светот на модата, таа брилира на модните писти и на насловните страници на најпознатите списанија, а соработува и со врвни модни брендови. Покрај тоа, таа е основач на брендот за текила 818 Tequila.Тагови: бикини Кендал Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктураНад 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави: „Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта. Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМедведев: „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Думата Руската партија „Единствена Русија“ ќе ја формира најголемата пратеничка група во историјата на Државната дума, изјави во понеделникот претседателот на партијата, Дмитриј Медведев.„Партијата ‚Единствена Русија‘ навистина доби поддршка без преседан – над 58 отсто од гласовите – и имајќи ги предвид овие резултати, ќе ја формираме најголемата пратеничка група во нашата историја“, изјави Медведев по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со лидерите на партиите што, според изборните резултати, влегоа во новиот состав на парламентот, пренесува „РИА Новости“. Според конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот состав, „Единствена Русија“ освои 349 од вкупно 450 пратенички места. Изборите за рускиот парламент се одржаа од 18 до 20 септември, а новиот состав ги вклучуваше претставниците на пет политички партии – „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“ и „Праведна Русија – За вистината“, како и претставник на партијата „Родина“ и четворица независни кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУжас во Словачка: Ученик од осмо одделение избоде три лица, една наставничка им подлегнала на повредитеУченик од осмо одделение нападнал две наставнички и една ученичка со нож во основно училиште во Сташков, во областа Чадца во Словачка.Една наставничка (61) им подлегнала на повредите, додека другите две повредени лица биле пренесени во болница. Полицијата и службите за итна помош биле испратени во основното училиште во Сташков утринава, по пријавите за напад со остар предмет. Според извештаите на словачките медиуми, напаѓачот е ученик од осмо одделение кој употребил нож за да нападне две наставнички и една ученичка. На местото на настанот биле испратени две возила на брза помош и два хеликоптери за спасување. Биле спроведени итни интервенции, а повредените добиле медицинска помош. Петра Климешова, портпарол на Оперативниот центар на Службата за итна медицинска помош, потврди дека дете во критична состојба било пренесено со хеликоптер во болницата во Мартин. Второто повредено лице, 44-годишен пациент со убодна рана во градите, било пренесено со хеликоптер во болницата во Жилина откако му била укажана прва помош. За жал, 61-годишна жена се здобила со тешки повреди и починала. Полицијата потврди дека го истражува насилниот инцидент, додека надлежните апелираа до јавноста да не шири непроверени информации. На местото на настанот се упатија и министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Друкер и министерот за здравство Камил Шашко. Словачкиот јавен обвинител Марош Жилинка исто така издаде соопштение, истакнувајќи дека трагедијата претставува повик општеството во целина посериозно да се соочи со појавите на насилство, омраза и растечка агресија. Во меѓувреме, училишниот совет изрази солидарност со учениците, наставниците и семејствата погодени од трагедијата. Тие нагласија дека училиштата мора да бидат безбедни места за учениците и персоналот и повикаа на системски пристап кон решавање на прашањата за безбедност во образовните институции. Полицијата ја продолжува истрагата, а дополнителни детали за околностите на нападот се очекуваат откако надлежните ќе ја завршат увидната постапка на лице место и ќе објават официјални информации. Извор: Б92Тагови: нож Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter