3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
ЗабаваЏесика Алба се соблече во бикини- ужива на одмор по разводот (ФОТО)Џесика Алба (44) привлече внимание овој викенд додека уживаше на сончева дестинација, позирајќи во бикини покрај базенот.Таа го комбинираше бикинито со шапка и очила за сонце, а фотографиите ги сподели на својот Инстаграм профил, каде што собра над 100.000 лајкови за помалку од десет часа. Џесика Алба сподели и фотографија во леопардски костим за капење во луксузен спа-центар. Во описот на објавата напиша: „Фокусирана на мир - дишење - пријателство и грижа за себе“. View this post on Instagram A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) Неодамна се разведе Да потсетиме дека Алба го потврди разводот од Кеш Ворен на 16 јануари на социјалните мрежи. Гласините за нивната разделба се појавија една недела претходно, а актерката во објава на својот Инстаграм профил изјави дека „со години е на пат на самооткривање - и како индивидуа и со Кеш“. View this post on Instagram A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) Се вели дека Џесика планира да се откаже од презимето Ворен и да се врати на своето моминско презиме. За време на судскиот спор ќе се утврди што точно ќе се случи со нивниот заеднички имот. И двајцата бараат заедничко старателство над трите деца, ќерките Онор Мари (16) и Хејвен Гарнер (13) и синот Хејс (7).Тагови: Џесика Алба бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПолисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума Полисата за осигурување на „Титаник“ ќе биде понудена на аукција во Велика Британија кон крајот на ноември и се очекува да достигне цена до 50.000 фунти (околу 60.000 евра).Единствениот познат примерок од полисата за осигурување на трупот на бродот, која датира од нејзиниот пробен период, ќе биде понудена на аукција од „Хенри Алдриџ и син“ во Девизес, Вилтшир, на 21 ноември, објави денес Би-Би-Си. Полисата, издадена од „Атлантик Мјучуал Иншуренс“, еден од главните осигурители на „Титаник“, обезбедувала покритие за челичниот труп на бродот во вредност од 100.000 долари. Документот бил потпишан на 27 март 1912 година, само 19 дена пред бродот да потоне на своето прво патување кон Њујорк. Потонувањето на „Титаник“ одзело 1.500 животи. Полисата била исплатена во рок од 30 дена од потонувањето на бродот. Се проценува дека документот би можел да достигне цена помеѓу 30.000 и 50.000 фунти на аукција. Полисата, која денес би вредела околу 3,5 милиони долари, обезбедуваше осигурување во период од една година, почнувајќи од 30 март 1912 година. „Атлантик Мјучуал Иншуренс“, која ја издаде полисата, исто така одигра значајна улога во решавањето на побарувањата што произлегоа од загубите што произлегоа од терористичките напади во Њујорк на 11 септември, потсети Би-Би-Си. На компанијата на крајот ѝ беа одземени лиценците за осигурување и влезе во ликвидација во 2011 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраелскиот министер за одбрана предупредува: Иран се обидува да направи нуклеарно оружје Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека Иран не се откажал од своите амбиции за нуклеарно оружје и дека Израел мора да остане обединет во лицето на оваа закана.„Иран се стреми да ги обнови своите напори за добивање нуклеарно оружје, заедно со други сериозни напори што претставуваат реална опасност за државата Израел. Не можеме да ги прифатиме овие закани“, рече Кац на комеморацијата за војниците што ги загубија своите животи за време на Суецката војна во 1956 година, објави „Тајмс оф Израел“. Тој рече дека должност на војската е да биде подготвена за секаков сценарио и да „дејствува по потреба за да ги заштити израелските граѓани“. „Во лицето на големите мисии што претстојат, мора да бидеме обединети“, рече Кац. Кац нагласи дека непријателите на Израел мора да знаат дека Израел, дури и кога има внатрешни несогласувања, ќе остане обединет против оние што го загрозуваат неговиот опстанок. „Ова е време за единство, одговорност и меѓусебна солидарност“, додаде Кац. Кац е член на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која загуби на предвремените парламентарни избори во Израел на 27 октомври. Израелскиот претседател Исак Херцог изјави дека официјално ќе му го даде мандатот за формирање нова влада на лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, на церемонија што ќе се одржи подоцна.Тагови: Иран нуклеарно оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави.Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски. Ако сега Славески не го направито тоа, потоа ќе биде касно. Во Европа имаше санкции и суспензии за Алта банка. Во Црна Гора регулаторот ја одби Алта Банка и ги потврди притисоците. Во Србија сега е отворен стечај, извршено е апсење на Мацура и отворена е истрага за 380 милиони евра. Формален сопственик е човек со менувачница. Сомнежите се однесуваат на потеклото на капиталот. Sky преписки со „Оскар“. Врски со Шариќ и Беливук. 5 тони дрога од Македонија кај сестринската партија СНС. Состаноци со Вулин и Гашиќ. Мицкоски ја внесе Вучиќевата пералница на пари од криминал и корупција во Македонија. Го внесе и осигурувањето. Ги внесе парите на јавните претпријатија и на граѓаните во Алта Банка. Ова е веќе видено сценарио од Србија. Апсењата се секојдневни. Наскоро ќе излезе целата вистина на виделина. Вучиќ рече дека тој ништо не потпишувал. Од тогаш, долг е редот на сведоци и соработници на правдата. Славески, имаш уште малку време. Пријави го Мицкоски. Инаку во пријавата ќе бидеш ти обвинетиот. И ќе одговараш заедно со бандата. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја штитите бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. Славески, часовникот отчукува!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook