Кејтлин Џенер доби признание за храброст! - Канал 5

Кејтлин Џенер доби признание за храброст!

Со солзи Кејтлин Џенер му се заблагодари на своето семејство примајќи ја Артур Аш наградата за храброст (Arthur Ashe Courage Award ) во Лос Анџелес.

Кејтлин Џенер доби признание за храброст!
Кејтлин Џенер (65) доби овации на церемонијата во Лос Анџелес и низ солзи им се заблагодари на својата мајка, сестра, и 7-те свои синови и ќерки во публиката.

- Најголемиот страв пред Кејтлин Џенер беше што не сакав да повредам никого во моето семејство - изјави Кејтлин која ја направи трансформацијата во жена пред само неколку месеци.

- Многу сум благодарна што ве имам во животот, ви благодарам - рече Кејтлин низ солзи.

Big moment: The audience was transfixed as the sporting icon and reality TV star made her speech


Кејтлин посебно и се заблагодари на својата мајка Естер што ја научила да биде храбра.



Top honor: Esther looked up at Caitlyn as they sat together in the audience at Microsoft Theater


Кендал и Кајли Џенер се бореа со солзите. Во публиката беа и Ким, Кортни и Клои Кардашијан, како и синовите на Кејтлин, Брендон и Броди. Само посинокот Роб Кардашијан не се појави на церемонијата.


Family first: Kendall Jenner, Khloe Kardashian and Kylie Jenner listened intently as Caitlyn spoke


Транс луѓето заслужуваат нешто витално важно - тие ја заслужуваат вашата почит - рече Кејтлин.


Photo bomb: Bob Baffert fresh off his Triple Crown win with American Pharaoh got in on the Kardashians


- Брус Џенер доби многу пофалби низ годините како наш најголем Олимписки шампион,но ние сме почестени да го прославиме трансферот од Брус во Кејтлин. Таа покажа храброст да ја прифати вистината која се криела со години, и да започне патување кое може да ги утеши оние кои се во слична ситуација, но и да ги едуцира останатите за предизвиците со кои овие луѓе се соочуваат - велат организаторите на настанот.

Џенер изјави дека наградата за неа има посебно значење бидејќи е дадена во име на еден од нејзините херои, Артур Аш.

„ESPN“ ја доделува наградата за храброст Артур Аш на луѓе кои се професионални спортисти но и на релативно непознати луѓе. Аш беше познат американски тенисер кој почина од пневмонија додека боледуваше од СИДА. Беше познат по поддршката за граѓанските права и по едукацијата на луѓето за болеста СИДА.

/ извор: Дејли меил


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Русија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. 

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“.

Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума.

Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва.

Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри.

Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина.

Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети.

„Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој.

Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување.

„Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, ​​истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер