Кејт Мидлтон повторно бремена??

Британското кралско семејство во последните неколку години значително се прошири.

Во април лани Кејт Мидлтон го роди принцот Луис, а потоа пред крајот на годината сопругата на принцот Хари , Меган Маркл ја најави својата бременост.

Сега медиумите шпекулираат дека во кралското семејство стигнува уште едно бебе.

Во кралскиот двор на крајот на 2018 година започна да се зборува дека сопругата на принцот Вилијам , војвотката од Кембриџ Кејт го чека своето четврто дета. Кралското семејство се уште ниту ја потврдила ниту пак демантирала оваа вест. Инаку, кога некоја вест е лажна кралското семејство се погрижува таа вест брзо да биде запрена и повлечена.

Кејт и Вилијам веќе имаат три деца, 5 годишниот принц Џорџ, тригодишната принцеза Шарлот и осуммесечниот Луис.

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон последен пат во јавноста се појавила на божиќната миса, а нејзината витка става не покажувала знаци на бременост.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари

Еден од добитниците на минатомесечниот историски џекпот на Пауербол (Powerball) од 1,3 милијарди долари е имигрант од Лаос кој боледувал од рак осум години, а минатата недела го имал последниот круг на хемотерапија.

Ченг Чарли Сифан од Портланд на прес-конференција одржана од Лотаријата во Орегон рече дека тој и неговата сопруга Дуанпен ќе ја поделат наградата подеднакво со пријателката Лаиза Чао, која дала 100 долари за да купи неколку билети со нив.

Тие ќе добијат 422 милиони долари по оданочувањето.

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

притисни ентер