Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
1Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
2Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
2На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
Шоу бизКејт Мидлтон ги измами сите? – Нови теории за здравјето на принцезата од ВелсНа сите им падна во очи дека таа ги нема вообичаените последици од хемотерапијата.Кејт Мидлтон (42) по завршувањето на превентивната хемотерапија полека се враќа на кралските обврски. На принцезата од Велс по операцијата на желудникот на средината на јануари, ѝ беше дијагностициран рак, а на крајот на март годинава објави дека боледува од рак и откри дека прима и превентивна хемотерапија. Бидејќи палатата не се огласуваше во врска со нејзиното здравје за време на лекувањето или имаше дадено неколку кратки и нејасни изјави, на социјалните мрежи кружеа разни теории на заговор. Гласините згаснаа по нејзиното појавување на Кралскта роденденска парада, позната и како „Trooping the Colour“, со нејзиното семејство во Лондон во средината на јуни. Коса или перика? Еден месец подоцна, Кејт ги врачуваше трофеите по машкото финале на Вимблдон, а во средината на септември објави дека завршила со хемотерапијата. Она што на многумина не им избега од вид е дека принцезата од Велс сè уште ја има својата долга, густа коса, како да не примала ни цитостатици. Ова покрена нова теорија на заговор на социјалните мрежи, па дури и прашањето дали таа воопшто била на хемотерапија. - Ми падна косата по само неколку хемотерапии. Само се прашувам зошто нејзе не ѝ падна косата после толку месеци хемотерапија. Дали мислите дека носи перика или постои хемотерапија од која не ви паѓа косата? – прашала некоја девојка која лично ги доживеала страшните последици од хемотерапијата. Следеа многубројни, различни коментари. - Верувам дека носи некоја нова перика „од парчиња коса“ која изгледа сосема природно. - Можеби ѝ направиле перика од косата пред да почне со терапијата, затоа не се гледа разликата. - Кејт повторно нè излажа сите! - Фризерите намерно ѝ прават пунџи како што носеше некогаш за да ја убедат јавноста дека тоа е нејзината коса - беа само дел од коментарите на мрежите. Објаснување дала Керолин Герети, медицинската сестра која работи во Центарот за лекување на рак во Велика Британија. - Сè зависи од тоа каков тип на хемотерапија се користи. Само одредени видови на цитостатици предизвикуваат опаѓање на косата бидејќи делуваат на клетките. Во некои случаи, косата само се истенчува, но не паѓа. Сето тоа е привремено, бидејќи дури и ако ви падне косата, таа почнува да расте многу брзо откако ќе заврши хемотерапијата. Бидејќи не се објавени детали од превентивната хемотерапија на која се подложила принцезата од Велс, можно е лековите што ги земала да не се доволно силни за да предизвикаат опаѓање на косата - објаснила таа, а пренесува Story.hr. И кралот Чарлс, кој исто така се лекува од рак, но не е познато од кој вид, не ја загуби косата, иако најверојатно е на хемотерапија. Многумина веруваа дека кралот прима специјални лекови кои не влијаат на опаѓањето на косата. Сепак, извор близок до британскиот монарх тврди дека нема мистерии кога е во прашање третманот на кралот Чарлс. - Не се работи за никакви пионерски процедури, напротив, методот на лекување што го користи кралот е достапен за секој пациент кој боледува од рак. Третманите се високо развиени и софистицирани на начин на кој претходните методи на лекување не беа – објаснува изворот близок до британскиот монарх.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„BMW“ им нуди на вработените над 650.000 евра за да си заминат, интересот е преголемГерманскиот автомобилски гигант „BMW“ им нуди на дел од вработените отпремнини што надминуваат 650.000 евра, доколку доброволно ја напуштат компанијата.Интересот за заминување е толку голем што внатрешниот портал, преку кој вработените можат да ги проверат понудите, привремено престана да функционира. Во меѓувреме, „BMW“ ја стопираше програмата за да може да ги обработи пристигнатите барања. Според германскиот весник „Handelsblatt“, некои вработени би можеле да добијат повеќе од 650.000 евра за спогодбен раскин на договорот за вработување. Станува збор за исклучително високи отпремнини, дури и според стандардите на германската автомобилска индустрија. Ваквите износи не се правило, туку се однесуваат на конкретни, поединечни случаи. Од „BMW“ одбија да потврдат конкретни бројки, наведувајќи дека не даваат коментари за поединечни договори за вработување. Вработените го преплавија порталот, системот падна под товарот На 8 октомври, „BMW“ започна програма за доброволно заминување. Десетици илјади вработени беа известени дека преку внатрешен портал можат да проверат колкава сума би им исплатила компанијата доколку одлучат да си заминат. Интересот беше толку голем што порталот не можеше да го издржи товарот и привремено престана да работи. Од „BMW“ потврдија дека постои исклучително голем интерес кај вработените за понудените услови, иако официјално не потврдија дека токму напливот на корисници е причината за техничките проблеми. Според извештаите во германските медиуми, компанијата привремено ја стопираше програмата, само неколку дена по нејзиното започнување, за да може да ги обработи пристигнатите пријави. Сè уште не е познато кога повторно ќе се прифаќаат нови пријави. Планови за укинување на 8.000 работни места До крајот на 2027 година, „BMW“ планира да укине приближно 8.000 работни места на глобално ниво. Програмата за доброволно заминување во Германија опфаќа околу 40.000 вработени, првенствено оние во администрацијата, менаџментот, како и во секторот за истражување и развој. Вработените кои работат директно во производството не се опфатени со оваа програма. Висината на отпремнината зависи првенствено од платата на вработениот и од должината на неговиот стаж во компанијата. „BMW“, исто така, нуди дополнителни бонуси за вработените кои ќе се согласат да си заминат порано. Според документите што ги разгледа „Handelsblatt“, предвидените датуми за заминување се 31 март и 31 октомври 2027 година. Исплатите за отпремнина може да се извршат еднократно или на рати, а под одредени услови, вработените можат да насочат дел од средствата во својата пензиска заштеда. Некои вработени, исто така, може да задржат одредени бенефиции што им се достапни на пензионираните вработени во „BMW“ За постарите вработени важат посебни услови. Оние што ќе наполнат 55 години до крајот на октомври 2027 година – под услов да исполнуваат дополнителни критериуми – можат да се стекнат со статус што им овозможува пристап до дел од бенефициите наменети за пензионираните вработени во „BMW“. Овие бенефиции вклучуваат поповолни услови за купување нови и половни автомобили. Пакетите за отпремнина на „BMW“ се издвојуваат, особено во споредба со оние што ги нудат други германски производители. „Handelsblatt“ пренесува дека „Volkswagen“, во претходните програми, нудел отпремнини во износ од околу 405.000 евра, додека „Mercedes-Benz“ на некои вработени со долг стаж на раководни позиции им понудил приближно половина милион евра. Вработениот може на крајот да добие значително помалку од 650.000 евра Иако понудените износи се исклучително високи, вработените не ја добиваат целосната сума, бидејќи отпремнините подлежат на оданочување. Според пресметките на германскиот весник „Münchner Merkur“, вработен што ќе добие отпремнина од 650.000 евра – и нема други приходи што подлежат на оданочување во текот на годината на исплата – по плаќањето на даноците би можел да располага со приближно 420.700 евра. Доколку вработениот оствари други приходи во текот на истата година, конечниот износ може да биде значително помал. Реалниот износ што ќе се исплати зависи од конкретната даночна ситуација на секој поединечен вработен. „BMW“ има за цел да оствари годишни заштеди од една милијарда евра „BMW“ ја започна програмата за намалување на бројот на вработени како одговор на падот на продажбата и профитот – особено на кинескиот пазар – како и поради засилената конкуренција и зголемените оперативни трошоци. Компанијата очекува дека намалувањето на бројот на вработени ќе донесе годишни заштеди од приближно една милијарда евра, почнувајќи од 2028 година. Слични мерки преземаат и други големи германски производители на автомобили, меѓу кои „ Volkswagen “, „Mercedes-Benz“ и „Porsche“, кои се соочуваат со пад на побарувачката, конкуренција од кинески производители и високи трошоци за премин кон електрични возила. Извор: Индекс.хрТагови: BMW Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
МакедонијаЗасилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лицаЗапленети дрога, оружје и муниција.На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата. При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗемјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидбаСо орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба. Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни. Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter