3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
Шоу бизКејт Холмс: Том 10 години не ја видел ќерката СуриПоранешната сопруга на големата холивудска ѕвезда Том Круз, убавата Кејти Холмс откри во јавноста шокатни детали за односот на својот екс сопруг со нивната ќерка. Холивудската актерка Кејти Холмс откри голем број незгодни детали кога е во прашање врската помеѓу нејзината ќерка Сури и нејзиниот татко, познатиот актер Том Круз. Актерката Кејти Холмс отворено сподели дека била заштитничка кон својата ќерка Сура, со оглед на тоа што тинејџерката била предмет на интензивно медиумско внимание по разводот на нејзините родители. 44-годишната Кејти во интервју за магазинот „Гламур“,раскажа како нејзината ќерка растела под постојано внимание на јавноста и била цел на папараците во текот на нејзиното детство. - Она што ми беше навистина важно со Сури, со оглед на тоа што беше толку многу изложена на јавноста уште од рана возраст, е навистина да ја заштитам - нагласи Кејт, додавајќи дека е благодарна што е мајка на 16-годишно девојче. – Таа е фантастична личност – открила актерката. Медиумското внимание насочено кон Сура додека растеше беше резултат на неконвенционалните односи на нејзините родители што заврши во 2011 година. По нивниот развод, Том се отуѓи од Сури, а нивната врска наводно допрва треба да се обнови. Според американските медиуми, познатиот актер повеќе не е дел од животот на својата ќерка и веќе подолго време не е во контакт со неа. На Кејти по разводот и беше доделено целосно старателство над Сури, а мајката и ќерката моментално живеат заедно во Њујорк. Круз наводно се согласил да плаќа 400.000 долари годишно за издршка додека Сури не наполни 18 години. Тој, исто така, наводно се согласил да ги плати сите трошоци на Сура, вклучително и „медицински, стоматолошки, осигурување, образование, факултет и други воннаставни трошоци“. Сепак, тој не е јавно виден со својата ќерка од 2012 година. - Сури повеќе не го познава својот татко и не поминува време со него цела деценија. Таа не оди да ги гледа неговите филмови и тој не е дел од нејзиниот живот - рекол извор близок до Холмс. Ѕвездата на „Топ Ган“ во минатото призна дека неговото членство во Скиентолошката црква е делумно причината поради која се оддалечил од животот на неговата ќерка. На прашањето дали Кејти го завршила нивниот брак „делумно за да ја заштити Сури од скиентологијата“, тој одговори: „Тоа беше едно од тврдењата, да“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Водно освежено и уредено со нови содржиниГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека Град Скопје изминатиов период на Водно реализираше голем број работни активности со фокус на уредувањето на влезот кон жичарата и поставувањето на ново детско катче, а извршена е и обнова на клупите, кантите за отпадоци и летниковците. - За илјадници скопјани, Водно е дел од животот. Тука доаѓаме на прошетка по работниот ден, а за викенд тргнуваме по патеките со семејството и со пријателите. Затоа, за мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети. Изминатиов период работевме на уредување влезот кон жичарата и изградивме ново детско катче. Денес, Водно го доби својот нов лик. Ги обновивме клупите, кантите за отпадоци и летниковците, а дрвените елементи ги освеживме со нова боја – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека претходно е поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно и дека за првпат е поставено ЛЕД-осветлување. Дополнително, изграден е и моторички парк, каде што децата низ игра на отворено можат да вежбаат рамнотежа и координација. - Од Водно најубаво се гледа колку е убаво нашето Скопје. Затоа, да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази благодарност до општествено одговорната компанија „Филип Морис“, за поддршката во уредувањето на овој простор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа скопската обиколница во близина на село Смилковци пронајдено лице без знаци на животМинистерството за внатрешни работи информира дека утрово во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. -На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан,стои во соопштението од МВР .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банкаИ кога ова ќе се докаже за некоја недела, нема да добиеме ниту извинување од СДС ниту пак одговорност за ширење на хистерија и паника.Филипче и СДС се обидуваат од ништо да направат скандал со Алта банка. Филипче и СДС повторно обвинуваат за некаков скандал, односно јавната аукција сакаат да ја претстават како некоја тајна зделка. Постапката е јавно објавена. На продажба се над 95 проценти од акциите, преку Македонската берза. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Јавно се објавени и датумите и правилата за следните аукции. Тоа се факти што секој може да ги провери. Филипче и СДС повторно се обидуваат преку лажни вести и манипулации да создадат недоверба кај граѓаните. Едно е јасно. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи пропаѓање на банка, ниту пак загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Граѓаните да бидат спокојни. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook