Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЗабаваВидео: Кејт Хадсон со накит од половина милион долари и фустан како принцезаХоливудската актерка Кејт Хадсон блесна во елегантен фустан од Валентино на доделувањето на наградите SAG, каде што беше номинирана за најдобра актерка во главна улога за нејзината улога во „Song Song Blue“. Актерката Кејт Хадсон изгледаше воодушевувачки на овогодинешните награди SAG, а накитот што го носеше раскажуваше приказна. Станува збор за елитен накит, со повеќе од 20 карати дијаманти, специјално изработени за неа и за оваа празнична пригода. @gma Kate Hudson swishes her cape at the 2206 Actor Awards #sagawards #actorawards ♬ original sound - Good Morning America Холивудската ѕвезда носеше накит од дизајнерката Емили П. Вилер, а гламурозното издание беше избрано за вечерта во која беше номинирана во категоријата најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Song Song Blue“. Бидејќи темата на вечерта беше „Реинтерпретација на холивудскиот гламур од 20-тите и 30-тите години“, Кејт носеше соодветна, елегантна тоалета од модната куќа Валентино во која изгледаше како принцеза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - КичевоНа терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево. Одличен напредок!Што би рекол нашиот народ - „Се гледа крајот“ Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок. Ја градиме Македонија- објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнализа: Политизацијата на раководните позиции го урива квалитетот во јавното здравствоКој и според кои критериуми ги добива директорските позиции во јавните болници? Стручноста и искуството треба да бидат пред политичките влијанија при изборот на раководен кадар. Токму на ова предупредува анализата на „Солуција“, која ја отвора потребата од департизација во здравството. Целта е да се отвори прашањето за потранспарентен избор на раководен кадар, во кој предност ќе имаат стручноста, искуството и менаџерските способности. „Ако не ги имате компетентните луѓе да раководат со ваквите установи, тогаш граѓаните ја губат вербата во системот...тогаш граѓаните не го добиваат здравството кое го посакуваат, тоа е една од многуте причини кое граѓаните не се задоволни и се обидуваат да најдат иднина на друго место“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Длабоката политизација е присутна на сите нивоа во јавниот сектор, предупредува евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој посочува дека со секоја промена на власта се менуваат и вработените на раководни позиции, но и кадри на пониските нивоа во институциите „Ако ја следиме историјата на земјата во Јавниот сектор постои длабока политизација на сите нивоа, дури и на најниското.Шокантно е следиме низ годиниве, а јас сум тука само две години меѓутоа имам прочитано многу за тоа кога имате промена на власта луѓето на позициите се менуваат“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Враќањето на довербата во институциите е еден од клучните приоритети на кои се работи заедно со Владата, посочува евроамбасадорот Рокас. Според него, тоа е суштински чекор за граѓаните да ја вратат вербата во системот, да ја гледаат својата иднина во сопствената земја и да останат во неа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСмени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од МакедонијаСе отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица. Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата.. „По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК. Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор. Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата. Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата. Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор. Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија. Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса. Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook