Кејт Бланшет: Пандемијата е можност подобро да се сфати бегалското прашање

Бевме принудени да се соочуваме со чувство на несигурност и тоа е, се разбира, ситуацијата со која живеат повеќето бегалци секоја година.

Светскиот ден на бегалците оваа година е можност да размислиме подобро за несигурноста со која се соочуваат оние кои мораат да ги напуштат своите домови, на што другите беа сведоци и оваа година на пандемијата на коронавирусот, смета оскаровката актерка Кејт Бланшет.

Австралиската глумица и амбасадорка на добра волја на УНХЦР – Организацијата за бегалци при Обединетите Нации, рече дека денот којшто се слави на 20 јуни, оваа година е време на „предизвик и размислување".

– Бевме принудени да се соочуваме со чувство на несигурност и тоа е, се разбира, ситуацијата со која живеат повеќето бегалци секоја година. Постои можност да се преиспита како се справивме со оваа несигурност и можеби да се ставиме во кожата на мајките, татковците, лекарите и адвокатите кои, без нивна вина, избегаа и живееја 18-19 години во состојбата, во која ние бевме овие 18 месеци, изјави Бланшет.

Темата на годинашниот Светски ден на бегалците повикува на поголемо вклучување на бегалците во здравствените системи, образованието и спортот.

– За жал, конфликтите низ целиот свет продолжија дури и за време на Ковид-19 состојбата, додаде Џилијан Тригс од УНХЦР.

Таа смета дека поддршка кон земјите домаќини на овие луѓе – мора да има. – Да им овозможиме на луѓето да добијат пристап до образование, нивните деца да одат на училиште, членовите на семејствата да работат… Но, исто така, се разбира – особено при пандемија, да имаат пристап до здравствени услуги и вакцини!, додаде Тригс.

Во својот годишен извештај објавен во петокот, УНХЦР објави дека бројот на оние кои морале да ги напуштат своите домови поради конфликт, гонење или кршење на човековите права е двојно зголемен во текот на изминатата деценија. На крајот на 2020 година имало 82,4 милиони бегалци во светот. Како дел од нејзината улога во УНХЦР, Бланшет ги посети Либан, Јордан и Бангладеш и се обрати пред Советот за безбедност на ОН за бегалската криза на малцинството Рохинџи во Мјанмар.

– Верувам дека Светскиот ден на бегалците не можеше да дојде во подобро време, затоа што сега навистина можеме да размислиме како може заедно да изградиме посилен, побезбеден и похуман свет, и дека инклузивноста е всушност натчовечка сила, вели оскаровката.

Чудо на Алјаска: Отровен гас излегува од новоформираните езера (ВИДЕО)

Езерата на Алјаска кои се формираат поради топењето на вечниот мраз „ослободуваат“ метан во атмосферата, предупредуваат научниците.

Овие езера, наречени термокарсти, се толку полни со гас, опасен за климата, што може да се види како клокотат на површината. Според истражувањата од 2021 година, со топењето на „вечниот мраз“ на Алјаска се создаваат сѐ повеќе вакви езера.

Вечна шума или вечен мраз е името во геологијата за почва што е на температура од 0 степени Целзиусови, или пониска, за период од две или повеќе години. Топењето на вечниот мраз на Алјаска, односно ледената покривка која треба да биде замрзната во текот на годината, се должи на климатските промени; повисоки температури и поголем број шумски пожари.

Експериментот за ранливост на Арктикот Бореал (ABoVE) на НАСА го проучува влијанието на ваквите новоформирани езера врз климатските промени. Кога „вечниот мраз“ се топи, масивните блокови мраз вградени во земјата исто така се топат, што предизвикува колапс на земјата.

„Пред многу години земјата беше околу десет метри повисоко и имаше шума од смрека“, рече Кејти Волтер Ентони, еколог од Универзитетот во Алјаска-Фербенкс, опишувајќи го термокарстот Big Trail во Алјаска.

Волтер Ентони работи со проектот ABOVE за да го проучи влијанието на езерото Биг Треил врз климатските промени. Како што водата навлегува во дупките, така навлегуваат и бактериите.

„Големото Езеро Трејл изгледа како некој да ја отворил вратата од замрзнувач и оставил храната да се стопи и да се распадне. Како што бактериите го разградуваат материјалот, тие ослободуваат гас метан“, вели Волтер Ентони.

На Арктикот има милиони езера, но повеќето од нив се стари илјадници години и повеќе не испуштаат многу гас. Само поновите, како Биг Трејл, кое се појави пред помалку од 50 години, ослободуваат високи нивоа на метан.

Ваквите езера испуштаат толку многу метан што многу лесно се запалуваат, како што може да се види на видеото.

Иако јаглерод диоксидот (CO2) е главниот двигател на климатските промени, истекувањето на метанот исто така ги забрзува проблемите со глобалното затоплување. Метанот е стакленички гас, што значи дека ја задржува топлината во атмосферата што зрачи од земјата, наместо да дозволи Земјата да се олади.

Тој е многу помоќен од CO2 во оваа смисла, односно е околу 30 пати поефикасен во задржувањето на топлината. Но, исто така се расфрла побрзо од CO2, кој всушност се задржува подолго во атмосферата, пишува Business Insider.

„Намалувањето на емисиите на метан е исклучително важно во борбата против климатските промени и глобалното затоплување. Метанот, исто така, придонесува за формирање на озон на ниво на земја, кој предизвикува приближно 500.000 предвремени смртни случаи ширум светот секоја година“, рече Рик Спинрад, шеф на американскиот Национален институт за океани и атмосферска администрација (NOAA).

Човечките активности како што се земјоделството, користењето гориво и депониите придонесуваат за емисиите на метан. Но, постојат и природни извори; како мочуришта или новосоздадени езера како ова.

NOAA во април објави дека зголемувањето на температурите може да предизвика таканаречена повратна врска која еден ден повеќе нема да можеме да ја контролираме.

Синот на Николас Кејџ ги зачуди сите со невообичаениот имиџ со шминка на очите (ФОТО)

31-годишниот син на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, кој ретко се појавува во јавност, е виден во центарот на Лос Анџелес.

Фотографите го снимиле како поминува улица во друштво на русокоса, со која подоцна отишол во ресторан.

Вестон ги изненади обожавателите со својот уникатен имиџ. Има долга коса, сива маица и панталони од змиска кожа со соодветни чизми, а очите силно ги истакнал со молив.

Вестон се оженил со Хилари Кејџ Копола во 2018 година и има четири деца: синовите Лусијан и Сорин и близнаците Сајрес и Венеција.

Неговите претходни сопруги се Даниел Кејџ, со која беше во брак од 2013 до 2016 година и Ники Вилијамс, со која се ожени во 2011 година, а се разведе во 2012 година.

Вестон е најстариот син на Николас Кејџ и актерката Кристина Фултон.

Норвешка ќе ја ангажира војската за заштита на нафтените и на платформите за гас

Норвешка ќе распореди војска за да ги заштити своите нафтени и гасни капацитети од можна саботажа, откако беа нападнати двата руски гасоводи кои носат гас во Европа, изјави норвешкиот премиер.

Истекувањето на гас како резултат на можна саботажа откриена вчера на гасоводите „Северен тек“предизвика конфузија на енергетските пазари и ја зголеми загриженоста за безбедноста.

Норвешка моментално е најголемиот европски снабдувач на гас и водечки светски снабдувач на нафта. Има повеќе од 90 морски полиња за гас и нафта, од кои повеќето се поврзани со мрежа на гасоводи што се протега на околу 9.000 километри. „Војската ќе биде повидлива во норвешките нафтени и гасни постројки“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.

На нападот „ќе биде одговорено заедно со нашите сојузници“, рече тој. Норвешка е членка на НАТО алијансата. На море, морнарицата ќе биде ангажирана за заштита на поморските инсталации, а на копно, полицијата би можела да го зголеми своето присуство на инсталациите, рече тој.

НАТО и Европската унија ја истакнаа потребата да се заштити критичната инфраструктура и предупредија на „силен и обединет одговор“ доколку има повеќе напади.

Во понеделникот, Норвешката агенција за безбедност на нафта повика на поголема внимателност поради неидентификуваните беспилотни летала видени во близина на морските платформи за гас и нафта на Норвешка, предупредувајќи дека тие можат да претставуваат ризик од несреќи или намерни напади.

Шторе рече дека прелетувањата со беспилотни летала „најчесто се случиле во септември“ и дека биле со „различни големини“ и дека нивната активност била „невообичаена“. Сепак, тој повтори дека не гледа конкретни закани против морскиот сектор за гас и нафта на Норвешка и дека не побарал воена помош од сојузниците.

притисни ентер