Кејт Бекинсејл го обвини исцелителот Ник Абрамович за напад: Сѐ почна со интензивна масажа - Канал 5

Кејт Бекинсејл го обвини исцелителот Ник Абрамович за напад: Сѐ почна со интензивна масажа

Американската актерка Кејт Бекинсејл (51) го обвини самопрогласениот исцелител Ник Абрамович за сексуално вознемирување, пренесува Page Six.

Кејт Бекинсејл го обвини исцелителот Ник Абрамович за напад: Сѐ почна со интензивна масажа

Самиот Абрамович барал актерката да му плати околу 3 илјади долари за договорениот третман, но Бекинсејл одбива да го стори тоа, наведувајќи го како причина насилството кое го доживеала за време на третманот со масажа.

Според Бекинсејл, за време на втората сесија, од три закажани средби, Абрамович наводно ја нападнал и почнал да ја малтретира.

Абрамович ги негирал обвинувањата, истакнувајќи дека работи само со облечени клиенти и дека повеќето сесии вклучуваат истегнување, звучна терапија и работа со здив.

„Кејт не може да разговара за ова прашање бидејќи работата е под истрага од полицискиот оддел во Лос Анџелес“, рече претставник на актерката.

Полициската управа во Лос Анџелес потврдила дека истрагата за инцидентот меѓу Бекинсејл и Абрамович сега е во рана фаза и сè уште не е покренато обвинение.

Во август, помошникот на Бекинсејл го контактирал исцелителот Ник Абрамович и закажал три сесии да се одржат во период од две недели за вкупно 2.700 долари.

Сесиите се состојат од „интензивна и емоционална“ масажа слична на онаа што се прави за време на терапијата со Реики, во која исцелителот користи психосоматски практики „за да ги лекува деловите од телото што болат“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топлото време продолжува и следната недела

Топлото време и високите температури, според прогнозата на УХМР, ќе се задржат и во наредните денови. 

УХМР: Топлото време продолжува и следната недела

Температурите и идната недела ќе останат без позначителни промени со дневни максимални вредности до 37 степени.

Утре долж Повардарието се очекува засилен ветер, а во текот на следната недела времето ќе биде сончево и топло, со слаба и умерена облачност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари

Во Скопје се уште се чуствува мирисот од опожарената шума во близина на границата со Косово.. 

И денеска гори  на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари

Противпожарните екипи деноноќно на терен - гори шума и ниска вегетација во повеќе општини низ земјава. Но бројот на пожари е многу поголем од оној кој што се објавува од службите, бидејќи се работи за оган кој се гасне во прва фаза, информира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување - Стојанче Ангелов. Во Скопје пак, сеуште се чувствува мирисот на чад од огнот кој гори во општина Ѓорче Петров веќе два дена.

„Овој пожар денеска се движи во насока на село Никиштане но таму се распределени доволен број на скопски пожарникари со поддршка на огнените тимови на Дирекцијата и не претставува закана за ова село. Овој пожар може да се забележи и доколку некој патува кон Косово // На овој пожар со дејство започна еден полициски хеликоптер и два ер трактори на ДЗС. Активен пожар има и кај село Белица, општина Македонски Брод кој се одвива многу високо на тешко или целосно непристапен терен, но очекувам во текот на денот врз него да биде воспоставена целосна контрола.“

Искра од машина за косење трева управувана од 84 годишен маж утрово предизвикала вистинска драма на територијата на ловиштето Јасен - во гаснењето на пожарот бил вклучен и воздухоплов. Една искра е доволна за трагедија алармира Ангелов.

Овој пожар е пример како пламените јазици лесно се распламтуваат и брзо се шират. Кога пристигнавме овде, навидум имаше само безопасен чад, за после само пет минути, убедливо да го зафаќа веќе целиот рид. Позади мене, исто така има хеликоптер кој е дојден да го гасне пожарот кој веќе ја зафати и територијата на Косово.

Опасноста од пожари на отворен простор е се уште на многу високо ниво, со оглед на високите температури, предупредува Ангелов. Општинските пожарникари, огнените тимови на ДЗС како и екипа на Национални шуми и денеска продолжуваат со борбата против огнот кој ги демне македонските шуми.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живее

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија.

Сулејмани од Гевгелија: Зборовите ги заменуваме со резултати – Старата чаршија повторно живее

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, присуствуваше на свеченото отворање на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија.

Реконструкцијата е реализирана со инвестиција од 41 милион денари. Старата чаршија, која од 2004 година е регистрирана како споменик на културата, повторно го добива заслуженото место во културниот и туристичкиот живот на Гевгелија.

Во рамките на проектот се реставрирани фасадите на дуќаните, изведено е ново гранитно поплочување, просторот е опремен со урбана опрема и осветлување, а целосно е реконструирана и подземната инфраструктура. Со тоа, Чаршијата добива нов лик, притоа задржувајќи ги автентичноста и препознатливиот дух.

„Денеска, овде во Старата чаршија во Гевгелија, зборовите ги заменуваме со резултати. Наша обврска е да го зачуваме културното наследство, но и да му дадеме нов живот и нова вредност“, истакна министерот за култура и туризам Сулејмани.

Тој нагласи дека целта е ваквите места да не останат само споменици на минатото, туку да прераснат во живи културни простори, отворени за граѓаните, културните настани и посетителите.

„Старата чаршија во Гевгелија сега станува современо културно-туристичко јадро. Ова е потврда дека со вложувањето во културното наследство вложуваме и во развојот на локалната заедница и туризмот. Старата чаршија денеска е обновена, но уште поважно е што таа повторно живее“, порача Сулејмани.

Владата, Министерството за култура и туризам и локалните заедници ќе продолжат со реализација на проекти што носат видливи резултати и го прават културното наследство живо, достапно и препознатливо за новите генерации, соопштуваат од Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер