Казниле старец во Италија , зашто петелот многу рано му кукурикал

Италијански пензионер е казнет со голема парична казна затоа што неговиот петел - како што обично прават петлите - кукурикал и ги будел соседите во зори, пишува „Гардијан“.

На вратата на Ангело Болети (83), во градот Кастирага Видардо во Ломбардија, полицијата затропала за да ги решат поплаките на неговите соседи, односно дека петелот по име Карлино секое утро кукурика во 4:30 часот.

Болети бил изненаден и бесен кога му била изречена казна од 166 евра. Во образложението се наведува дека тој го прекршил правилото според кое на животните им е дозволено да се чуваат на растојание од најмалку 10 метри од вратата на соседот. Патем, Болети го чувал Карлино во кафез во дворот.

- Не знам што да кажам. Па беше ли тоа неопходно ?, изјави Болети за локалниот весник Ил Читадино.

Болети објасни дека Карлино живеел во неговиот двор, по што бил преместен затоа што соседите се жалеле на неговото кукурикање. Петелот само на кратко се вратил во градината на Балоти, бидејќи нејзиниот нов сопственик заминал на 20-дневен одмор.

Болети, инаку пензиониран ѕидар, ќе ја обжали казната.

- Требаше да ме предупредат порано за правилото за тоа растојание. Не разбрав, вели пензионерот. - Но, нема да застанам тука! Ќе контактирам со полицијата, префектот, со сите… И не само заради петелот. Ми ја намалија приватната жива ограда и сега луѓето тука паркираат. Јас ги пријавив, но нема одговор, вели Болети.

Шефот на Кастирага Видардо, Ема Перфети вели дека немала друго решение освен да реагираат на овој начин затоа што „многу луѓе“ се жалеле на гласниот петел.

Таа додаде дека знае дека петелот живее со Болети повеќе од 20 дена.

„Не е во ред половина од соседството да ги будиме ме секое утро во 4:30 часот“, изјави Перфети.

Италија со најголем дневен број новозаразени со корона од почетокот на мај

Италија регистрира 1.907 нови случаи со коронавирус во последните 24 часа, најголемо дневно зголемување од почетокот на мај, соопшти денеска Министерството за здравство.

Уште десет лица починале од ефектите на вирусот.

Последен пат слично зголемување на дневниот број на инфекции е забележано на 1 мај, кога имало 1965 нови случаи.

Од почетокот на пандемијата, Италија забележа 294.392 заболени и 35.668 смртни случаи.

Бројот на заразени е во пораст во последните шест недели, според италијанските здравствени власти, иако не е толку голем како во Шпанија или Франција.

Расте стравот од втор бран неконтролирана епидемија во Италија, која беше сериозно погодена од коронавирусот во февруари.

Зголемувањето делумно се должи на повторното отворање на училиштата во понеделникот по пауза од шест месеци.

Големите сили сè уште не успеваат да ги здружат силите за борба против пандемијата, изјави денеска лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, во време кога бројот на заразени луѓе во светот надмина 30 милиони.

„Големите сили не работат заедно“, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева, образложувајќи ја својата главна порака до светските лидери додека се подготвуваат за годишното Генерално собрание на ООН што започнува следната недела.

Тедрос рече дека исто така ќе ги повика лидерите на Генералното собрание да ги соберат потребните 35 милијарди американски долари за забрзување на развојот на лековите и вакцините против ковид-19.

Ирина Шајк објави колку шминка дневно користи за совршен изглед (ВИДЕО)

На Youtube, кусите видеа за шминкање снимени од најпознатите светски топ модели стануваат сè попопуларни.

Супермоделот Ирина Шајк сними едно за Вог, а нејзината рутина во шминкање го изненади целиот свет.

Додека блогерките за убавина ставаат маски, течни пудри, коректори, хајлајнери и многу други препарати на нивното лице, Ирина Шајк се шминка со прсти и користи само неколку капки течна пудра што ги нанесува само на одредени делови од лицето.

Светски познатата манекенка и една од најубавите жени на светот не користи ниту дел од она што е рутина за многу девојки кога се шминкаат и вели дека со помалку се постигнува повеќе и дека жените треба да се шминкаат, а не да се маскираат.

Во коментарите под видеото на Јутјуб, многумина не го криеја својот ентузијазам за рутината за шминкање на Ирина.

„Нејзината тајна за добра шминка е едноставно дека е најубава на светот и без шминкање“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

Студент направил функционален Бетмобил,цел свет му завидува (ВИДЕО)

Студент од Виетнам направил функционален Бетмобил, а фотографиите и снимките од неговото возило станаа вирални на социјалните мрежи.

Со помош на еден пријател, студентот по архитектура во Ханој, Нгуен Дак Чунг (23), го направи култното возило од популарната франшиза во природна големина. Тој вели дека идејата ја добил откако го погледнал филмот со Бетмен.

„Бев толку импресиониран од автомобилот и се заљубив во него кога првпат се појави во филмот“, рече тој за VICE. Репликата што ја направил е долга 3,6 метри, широка 2,6 метри и висока 1,5 метри. Тој за Експрес Интернешнл изјави дека возилото може да вози по рамен пат со максимална брзина од 100 километри на час и удобно да прими две лица. И, што е уште поважно, изгледа многу слично на оној во филмот, со отворање на вратата како крило.

Нгуен вели дека вложил многу напор во своето возило и морал да нарача одредени компоненти од САД и Јужна Кореја, поради што поминал 10 месеци правејќи го автомобилот.

„Да, понекогаш бев многу уморен и сакав да се откажам, но секогаш кога сакав да се откажам, се сеќавав на причината зошто почнав да се мотивирам“, рече тој. „Навистина сум среќен што го видов својот изум... Горд сум на тешкотиите што ги надминав.”

Нгуен исто така рече дека сè уште го надградува автомобилот, што привлече големо внимание на Интернет, но и дека има на ум низа други проекти.

притисни ентер