Кавадарци и украинската Лвивска област ги здружуваат економските сили - Канал 5

Кавадарци и украинската Лвивска област ги здружуваат економските сили

Нови бизнис хоризонти, Кавадарци и украинската Лвивска област ги здружуваат економските сили.

Кавадарци и украинската Лвивска област ги здружуваат економските сили

Денес во просториите на Општина Кавадарци се одржа Украинско-македонски форум во рамките на бизнис мисијата на Лвивската област од Украина во Република Македонија.

На форумот присуствуваа амбасадорката на Украина во Република Македонија, Лариса Дир, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, претставници на Амбасадата на Украина, како и делегација од Лвивската област предводена од началникот на Лвивската областна воена администрација. Свое учество зедоа и претставници на украински компании и компании од Кавадарци, кои преку презентации ги претставија своите капацитети, производствени потенцијали и можности за воспоставување нови деловни партнерства.

Во духот на меѓусебното разбирање и заедничката определба за продлабочување на соработката, на форумот беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Општина Кавадарци и Лвивската областна воена администрација. Документот претставува значаен чекор кон унапредување на регионалната и економската соработка, размена на искуства и создавање услови за реализација на заеднички иницијативи и проекти од взаемен интерес.

По завршувањето на официјалниот дел од форумот, предвидени се и директни Б2Б средби помеѓу претставниците на украинските и македонските компании. Овие средби ќе овозможат продлабочување на деловните контакти, размена на конкретни идеи и иницијативи, како и разгледување на можностите за воспоставување долгорочна соработка, нови инвестиции и заеднички настап на домашните и меѓународните пазари.

Кавадарци и понатаму останува посветен на градењето силни меѓународни партнерства, отворањето нови можности за локалната бизнис заедница и јакнењето на економските врски кои придонесуваат за одржлив развој и просперитет на заедницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат

Владата прави детална анализа на цените на прехрнабените производи по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат применети со цел нивно намалување. 

Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат

Премиерот Христијан Мицкоски вели лично тој се занимавал со тоа прашање и во моментов работат на методоглоија на идентификување на оние 600 -7 00 произовди кои влијаат врз потрошувачката кошничка.

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски вели дека Владата темелно навлегува во проблематиката... Ова доаѓа откако пред една недела во владата се одржа средба со претставници на најголемите маркети во државата, а според најавите во деновите кои следат ќе има и средби со добавувачите и производителите.

„Јас лично еве ви велам работам на методологија на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме ако треба фактура по фактура и еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како така што ова е една темелна операција што лично ја водам и очекувам мнпогу скоро да имаме резултати кои ќе бидат видливи на терен. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од сојузот на стопански комори велат во однос на цените на хтранта најдобро е да се анализираат цените пред и по кризата за да се утврди дали и каде имало злоупотреби. Дополнително велат на сила е и законот за нефер трговски практики кој дпоред нив е најсоодветна алатка за утврдување нерегуларности.

Во однос на цените на нафтените деривати од владата велат и по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, македонските граѓните да точат бензин и гориво по најниски цени, споредбено со земјите од регионот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома

Лимани упати благодарност до сите меѓународни партнери за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството останува отворен, транспарентен и посветен партнер за координирано и долгорочно дејствување.

Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска го отвори координативниот состанок со меѓународните партнери посветен на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за млади и можностите за понатамошна соработка во областа на младинските политики.

На настанот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, д-р Рита Колумбија, претставници на Германското друштво за меѓународна соработка - ГИЗ, Регионалната канцеларија за младинска соработка на земјите од Западен Балкан (РИКО), дипломатскиот кор, меѓународни организации, донаторската заедница, институции и партнери кои активно придонесуваат во креирањето и спроведувањето на младинските политики.

Во своето обраќање, министерот Лимани истакна дека средбата не е само презентација на постигнатото, туку повик за засилена координација и заедничко делување во интерес на младите.

„Младите се наш највреден ресурс. Денес тие се соочуваат со избор што ја одредува иднината на државата – дали ќе останат и ќе ја градат својата иднина тука или ќе ја побараат надвор од земјата. Затоа младинските политики не се само прашање на една генерација, туку прашање на демографската одржливост, економскиот развој и иднината на Македонија“, порача Лимани.

Тој нагласи дека Министерството работи на создавање систем што ќе им обезбеди на младите повеќе можности, квалитетни услуги, активно учество и поддршка за личен и професионален развој, при што Националната стратегија за млади 2023–2027 претставува клучниот стратешки документ за остварување на овие цели.

Министерот најави дека во наредниот период се очекува усвојување на Акцискиот план 2026–2027, кој ќе ги претвори стратешките определби во конкретни, временски дефинирани и финансиски поддржани активности.

Посебен акцент беше ставен на потребата од подобра координација меѓу институциите, меѓународните партнери и донаторската заедница, со цел ресурсите да се насочуваат поефикасно и да се постигнуваат поголеми резултати, особено во развојот на локалните младински центри, младинските совети и локалните стратегии за млади.

„Инвестициите во младите не се трошок, туку инвестиција во човечкиот капитал, демографската стабилност, економскиот развој и иднината на државата. Нашата визија е јасна – младите да имаат повеќе причини да останат, да се развиваат и да успеваат дома“, истакна Лимани.

Тој упати благодарност до сите меѓународни партнери за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството останува отворен, транспарентен и посветен партнер за координирано и долгорочно дејствување.

Координативниот состанок продолжи со презентација на досегашниот напредок во имплементацијата на Националната стратегија за млади, размена на мислења и предлози за идна соработка со присутните, како и со заедничка определба за понатамошно јакнење на партнерствата во интерес на младите и нивната иднина во Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија на нафтена платформа во државата Апуре, Венецуела. Повредените се префрлени во Колумбија на лекување.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти.

Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс.

„PDVSA“ не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за дополнителен коментар за експлозијата на нафтената платформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер