Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
1Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотКатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – БожикКатоличките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово" во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. На литургијата присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, претседателот на Владата, Зоран Заев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, претставници на верски заедници… Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака. – Драги браќа и сестри! Во оваа Божиќна ноќ го славиме големиот настан во историјата на спасението, кога Бог одлучи да земе на себе човечки изглед, да го преземе врз себе постоењето на човечкиот род, да се овоплоти и да се појави меѓу нас како дете родено од жена. Го славиме роденденот на долгоочекуваното Божјо ветување на човештвото, оној што го нарекуваме Месија, Христос Господ и Откупител на човечкиот род. Божјиот Син доаѓа на свет како мало и беспомошно дете, целосно предавајќи се во рацете на луѓето. Бог дојде во светот како дете. Оној кој е толку моќен, кој ги создаде небесата и земјата, кој на сите што живеат им вдахна свој дух на живот, се понижува и прифаќа да биде човек, да биде роден, прифатен, хранет, негуван. Така се манифестирала Божјата љубов во светот. И ние така треба да застанеме пред Бога, токму како деца. Кога знаеме дека сме од Бога сакани, тогаш треба да му возвратиме љубов на начин што ќе ги сакаме сите луѓе, без оглед какви сѐ и со какво име се нарекуваат. Бог, како дете, дојде на светот и се предаде целосно на луѓето да го хранат, негуваат, гледаат и воспитуваат. Божјата доверба кон човекот била голема. Тој и од нас очекува и нè повикува да му служиме токму во оние чии зборови едвај се слушаат во јавноста, кај малите и сиромашните или, со еден збор, кај потребните. Тој повик го слушнала и нашата Светица, св. Мајка Тереза, која од љубов кон Исус сакаше да биде само „молив во Божјите раце, парче молив со кој Тој пишува само тоа што тој го сака". Таа ја разбрала суштината на христијанското служење на Исус, велејќи: „Сите ние не сме создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов." Едноставните луѓе, Божји миленици, се подготвени и способни со смирение на срцето да го прифатат Божјиот глас што го слушаат, а кога ќе го чујат, подготвени се да го послушаат. Божјиот глас го слушна и папата Фрањо, кога на почетокот на мај одлучи да посети две балкански држави: Бугарија и Македонија, како гласник на мирот и љубовта. Овде кај нас, оваа посета беше во знакот на нашата Светица, св. Мајка Тереза, чии напори ги пофали Светиот Отец. Браќа и сестри, Исус да ни помогне да ја најдеме довербата што не прави човечни, да се учиме од Него на богољубност и човекољубност. Тој да ни помогне да ја најдеме таа блискост во нашите семејства, меѓу познатите и колегите, меѓу пријателите и соседите, во заедницата и во општеството, не само за овие празници, туку во текот на целата година и целиот наш живот. Во оваа радосно време да ги утеши тажните, да ги оздрави болните, да ги врати прогонетите на нивните огништа, а на сите нас да ни донесе радост и мир. Честит празник Рождество Христово! Христос се роди!, истакна бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции. Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем. „Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска. Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПовторно гори во теснецот (ВИДЕО)Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА. Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени. JUST IN: 🇮🇷🇺🇸 Oil tankers continue to burn in the Strait of Hormuz. Iran revealed a new footage where two oil tankers were targeted by two mines last night to stop their attempt to cross the Strait https://t.co/vtQFsp1hBd — Megatron (@Megatron_ron) November 11, 2026 Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.Тагови: Ормускиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34