Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
1Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотКатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово - БожикКатоличките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово - Божик. Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата, вицепремиерите за економски прашања и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, Цветанка Ласкова, советничка за култура на премиерот, претставници на дипломатскиот кор, политички партии, верски заедници... Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака. -Таинството што оваа ноќ ја претвора во светлина посилна од денот, таинството што ни овозможува во оваа ноќ да бидеме будни, соземени и во радост, има еден збор - Божик. Празнуваме настан на верата што е дар за човекот кој има отворено срце. Божик е. Никогаш не е доцна да се вратиме и да се преобразиме во божикното таинство и покрај тешките факти што го обележуваат 21 столетие. Кој е условот да си го погледнеме срцето и во него да ги исчистиме сите нечисти мисли на оваа хедонистичка цивилизација и да се обидеме барем да се покаеме за својата себичност, комотност, менталитет, уживање. Ова покајание нека ни ја отвори вратата на срцето за да можеме со чисто око да го дочекаме секое новороденче на кое Бог му го дарувал дарот на животот. Оваа ноќ да ги направиме нашите срца среќни, да не бидат робови на богатството и себичноста, туку во својата едноставност да ги прифатат малите и сиромашните, бидејќи не знаеме кај кого вечерва ќе тропнат на врата Јосиф и Марија со Исус во рацете. Отворете ги ширум вратите Христос слободно да влезе во нашиот живот и нашата историја. Честитајќи ви го празникот Рождество Христово, токму тоа го посакувам. Со едноставноста на пастирите и со верата на св. Семејство да го прифатиме Христос Спасителот и широко да ги отвориме нашите срца кон проблемите на денешнината во кои малечките молат за право на живот. Амин. Честит празник Рождество Христово - Христос се роди!, истакна бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка?Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во Собрание во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, дискутираше за случувањата поврзани со Алта банка .Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа во Собрание во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, дискутираше за случувањата поврзани со Алта банка и посочи дека јавната комуникација на политичките субјекти носи сериозна одговорност, особено кога станува збор за банкарскиот систем, штедните влогови и финансиската сигурност на граѓаните. Во овој контекст, тој додаде дека особено загрижувачки се јавните настапи и партиските соопштенија на СДС и претседателот на партијата, Венко Филипче, во врска со случајот со Алта банка. „Сакам да отворам едно прашање коешто сметам дека е многу важно. Станува збор за јавната комуникација на политичките субјекти во врска со овој случај и пред се за можните последици од изнесувањето на одредени тврдења врз довербата на граѓаните во банкарскиот систем. Ќе наведам неколку конкретни примери од официјалната веб страница на политичката партија СДС, од нивни прес-конференции и прес-конференции на претседателот на партијата Венко Филипче и официјални партиски соопштенија“, изјави Петрушевски и додаде: „Прво, на 31 октомври 2026та година на прес-конференција Венко Филипче изјавува: Мицкоски и Трајко Славески се дел од оваа мафијашка мрежа во Србија. Во истата изјава зборува за сомневања дека капиталот на Алта банка потекнува од криминал, корупција и шверц на дрога. Истовремено предупредува на стампедо пред експозитурите на банката и прашува дали се загрозени депозитите на граѓаните и јавните претпријатија. На денешната надзорна расправа сите надлежни институции недвосмислено потврдија дека нема сомнителни трансакции помеѓу Алта банка АД Битола и српски субјекти ниту во обратна насока освен вообичаените трансакции поврзани со увоз и извоз на стоки. Второ, на 1ви ноември на официјалната веб страница на СДС е објавено соопштение со наслов „Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ“ и Вучиќ продолжуваат да се „перат“, а парите на народот заробени. Во ова соопштение се тврди дека парите на граѓаните во Алта банка ќе останат заробени, додека парите од криминалните тендери ќе продолжат да се „перат“. Иако на денешната расправа сите надлежни институции потврдија дека Алта банка е ликвидна, дека нема оштетени граѓани и дека навремено се преземени сите административни мерки за заштита на граѓаните и ликвидноста на банката. Трето, на 2ри ноември на прес-конференција во Собранието Венко Филипче изнесува исклучително сериозни обвинувања. Цитирам: Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150 и 180 милиони евра од граѓаните. Исто така на таа прес-конференција е битно да потенцирам и една негова изјава која гласи: стравуваме дека ќе има домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни се јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“. Петрушевски упати три конкретни прашања до јавниот обвинител Ненад Савески во врска со јавните настапи и соопштенија на СДС и претседателот на партијата Венко Филипче, во кои беа изнесени сериозни обвинувања. Тој побара од обвинителството да одговори дали ги има регистрирано овие изјави, дали по нив е отворен предмет и дали се преземаат дејствија за проверка на изнесените тврдења. „Ова не е само политичка критика кон една банка или кон гувернерот. Ова е јавно пласирање на тврдења за можен домино ефект врз други банки и за загрозена сигурност на депозитите на граѓаните кои воопшто немаат сметки во Алта банка. Истиот ден Филипче изјавува оваа криминална власт кај нас во Македонија предводена од Христијан Мицковски е арамиска и криминална, потоа прашува како граѓаните ќе си ги повлечат парите и ја квалификува изјавата на гувернерот во врска со отплатата на кредитите како врв на безобразлук. Денес надлежните институции јасно објаснија и за начинот и динамиката на исплатата на граѓаните при што беше потврдено дека нивните средства на сметките на банката не се доведени во прашање. И уште една квалификација. Ова е заштита на криминал на капитал на криминалците на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. И овие тврдења денес беа демантирани од гувернерот кој појасни дека административните ограничувања се однесуваат на правните субјекти и дека банката има добра ликвидност“, рече Петрушевски и додаде: „И вакви примери има многу, но на крајот би ве прашал конкретно дали јавното обвинителство ги има регистрирано и дали ги испитува овие конкретни јавни изјави и соопштенија на политичката партија СДС и дали е отворен предмет по овие наводи. Второ, дали Венко Филипче е повикан или ќе биде повикан да даде исказ во јавното обвинителство во врска со овие конкретни тврдења за криминал, трговија со дрога, перење на пари. Доколку изнесува вакви сериозни тврдења и обвинувања, дали од него ќе биде побарано да ги презентира и доказите врз основа на кои ги изнел овие тврдења во јавноста. И трето, дали обвинителството ќе испита дали со ваквите јавни настапи во зависност од нивната вистинитост, контекст, намера и последици се остварени елементи на некое кривично дело предвидено во кривичниот закон, вклучително и предизвикување паника и друго дело против јавниот ред и сигурноста, односно кога конечно Венко Филипче ќе биде повикан во обвинителството“, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНенадејно почина рускиот амбасадор во САД Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина ненадејно на 67-годишна возраст, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Дарчиев имаше 66 години, а функцијата амбасадор во Вашингтон ја извршуваше од март 2025 година. Руското Министерство за надворешни работи ја потврди неговата смрт, но досега не ги објави причините или околностите. Дарчиев поголемиот дел од својата кариера го помина занимавајќи се со односите на Русија со САД и Канада. Путин го назначи минатата година Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Дарчиев за амбасадор во САД на 6 март 2025 година, откако функцијата беше празна речиси пет месеци. Неговиот претходник, Анатолиј Антонов, го напушти Вашингтон во октомври 2024 година. Дарчиев беше назначен во време на обиди за обновување на дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Американските власти претходно го одобрија неговото назначување за време на руско-американските разговори во Истанбул, на кои се разговараше за нормализација на работата на дипломатските мисии. Кој беше Александар Дарчиев? Дарчиев е роден на 14 мај 1960 година, а дипломирал историја на Московскиот државен универзитет во 1983 година. Тој бил докторант и истражувач во областа на американската политика, а работел во руската дипломатија од 1992 година. Служел во руската амбасада во Вашингтон од 1997 до 2002 година и повторно од 2005 до 2010 година. Од 2014 до почетокот на 2021 година, бил руски амбасадор во Канада, а потоа директор на одделот на руското Министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка. Зборувал англиски и француски јазик, а за време на неговата дипломатска кариера добил руски државни одликувања, вклучувајќи го Орденот за пријателство и Орденот за чест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКитови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)Природата е сурова, немилосрдна и брутална. Особено кога три или четири китови убијци одлучат да го направат кормилото на вашата едрилица да им изгледа како играчка за џвакање.Токму тоа го доживеа Гиде Батлер, сурфер и морнар од Сан Диего, на 29 август 2026 година, покрај северозападниот брег на Шпанија. Батлер бил на својата 42-метарска едрилица, Сеика, по регатата „Игнасио Монтенегро трофеј“ во близина на Сан Висенте до Мар, кога се појавила група орки, објави Yahoo.com. Китовите убијци набрзо станале агресивни. Погледнете го видеото објавено на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by 𝕲𝖆𝖌𝖊 𝕭𝖚𝖙𝖑𝖊𝖗 (@gagebutler) Видеото, првично објавено од самиот Батлер, а подоцна споделено од популарниот профил „Природата е сурова“, прикажува сцена што е кошмар за секој морнар. Темни силуети минуваат под трупот на пловилото, додека едрилицата се тресе од повторените удари од орките кон неговиот систем за управување. Членовите на екипажот се наведнуваат над оградата, обидувајќи се да сфатат што се случува и кој дел од пловилото е оштетен. „Изгубивме половина од кормилото“, напиша Батлер. Тој процени дека три или четири орки го следеле и го нападнале едрилицата околу осум минути. Средбата била застрашувачка, но реакцијата на Батлер била посложена отколку што би можел да сугерира зборот „напад“. Како голем обожавател на орки, тој бил воодушевен што имал можност да ги види одблизу. Но, потоа дојдоа ударите, штетата и брзата проверка дали водата почнала да влегува во пловилото. „Адреналинот ми беше висок“, призна тој. За среќа, никој не бил повреден, трупот на едрилицата не бил пробиен, а оштетената „Сеика“ успеала да се врати во пристаништето без помош на спасувачките служби, чија интервенција веќе била подготвена. Батлер се сомневал дека помалите орки биле „само младенчиња што си играат со чамецот“. Научниците сè уште не утврдиле зошто некои орки од иберската популација комуницираат со пловилата, но играта, љубопитноста и однесувањето на учење едни од други се наведуваат како можни објаснувања. Сепак, Батлер не бил единствениот што доживеал таква средба. Веќе следниот ден, друга јахта во близина на устието на реката Виго остана без функционално кормило по средба со орки. Од 2020 година, стотици слични инциденти се регистрирани во водите на Шпанија и Португалија, од кои некои завршија со онеспособување или потонување на пловила. Дури и познатото потонување на бродот „Алборан Коњак“ кај Гибралтар во 2024 година беше поврзано со оштетување на пловилото, а не со докази дека орките ловеле луѓе.Тагови: брод китови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook