3Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
ЖивотКатолиците го слават ВелигденНајголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден денеска го слават верниците на Римокатоличката црква.Во земјава традиционално централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија која ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов. На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и голем број верници Тој ја прочита воскресната проповед и им го честиташе празникот на католичките верници. „Драги браќа и сестри! По сè што се случило со Исус на Велики Петок, по страданијата и страшната смрт на крстот, при што Исусовите ученици во страв од Јудејците се распрснале, еден човек, истакнат советник по име Јосиф од Ариматеја, се охрабрил и отишол кај Пилат да го побара телото на Исус за да го погреби според јудејскиот обичај. Пилат најпрво се распрашал за смртта на Исус и кога дознал дека умрел, му го предал телото на Јосиф. Тој го симнал Исусовото тело, купил плаштаница, го обвил и го положил во гробот што бил издлабен во карпата, а на гробната врата навалил камен. Двете Марии го набљудувале местото каде што бил положен Исус. Сето тоа се случувало набрзина во пресрет на саботата, ден за одмор, кога Јудејците се воздржуват од работа. Саботниот ден, според јудејската традиција, е седмиот ден од седмицата, а започнува во петок на зајдисонце и завршува следниот ден навечер. Така, и погребот на Исус требало да биде завршен пред зајдисонце, кога започнувала саботата. Кога поминала саботата, жените кои оделе по Исус не мирувале, туку рано наутро на првиот ден од седмицата купиле мириси и се упатиле кон гробот, уште еден пат на подостоинствен начин да му оддадат почит на Учителот, бидејќи немале време да го направат тоа во петокот, туку само гледале каде го положуваат во гроб. „И на првиот ден од седмицата, многу рано, на изгрејсонце, доаѓаат на гробот. И зборувале помеѓу себе: ‚Кој ќе го оттргне каменот од вратата на гробот?’ Кога погледнале, каменот бил отстранет. Навистина бил многу голем. И кога влегле во гробот, виделе млад човек завиткан во бели алишта како седи од десната страна; и се уплашиле. А тој им рекол: „Не плашете се! Вие Го барате Исус од Назарет, Распнатиот? Воскресна, не е овде! Еве го местото каде го положија. Но, одете, кажете им на учениците Негови и на Петар: дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја! Таму ќе го видите, како што ви беше рекол!’ Тие, штом излегле, побегнале од гробот: зашто ги обзело страв и ужас. И никому ништо не кажале затоа што се плашеле“ (Марко 16,1-8). Потоа се додава дека Исус најпрво и се јавил на Марија Магдалена, од која истерал седум зли духови. Таа отишла и им кажала на неговите кои тагувале и плачеле. Меѓутоа, кога слушнале дека е жив, прво не поверувале. Кога подоцна им се јавил на некои од учениците, тие не поверувале ни тогаш, додека не им се јавил на единаесетте и ги прекорил за нивното неверување и тврдоста на срцето што не им веруваа на оние што го видоа воскреснатиот од мртвите. Беше тоа привилегија на жените кои први го видоа празниот гроб. Во Евангелието според Иван пишува дека Марија Магдалена отишла во гробот да го види телото. Не го нашла таму, но видела дека каменот е отстранет од гробот. Така таа дотрчала кај Исусовите ученици и возбудена им кажала што видела. Таа мислеше дека Господ е изваден од гробот и ставен на друго место. После тоа, Петар и Иван дотрчале заедно до гробот. Прв влегол Петар и таму ги видел ленените повои и крпата што била на главата на Исус, која била уредно свиткана на посебно место, но Исуса не го видел. По него во гробот влегол и Иван кој „видел и поверувал“ (сп. Иван 20,3-7). Се разбира, тој сè уште не го видел воскреснатиот Господ и неговата вера сè уште не била експлицитна вера во воскресението, но првиот чекор кон верата бил направен. За разлика од двајцата апостоли кои го напуштија гробот и отидоа дома, Марија Магдалена останала на гробот и плачела, бидејќи копнежот по Господ ја водеше, па едноставно не можеше да се оттргне од местото каде што го положија. Веројатно од желба уште еднаш да го види и самата да се увери што се случило, ѕирнала во гробот и овој пат видела два ангела во бели алишта како седат на местото каде било положено телото на Исус. Ја прашале зошто плаче. Нејзиниот одговор бил израз на болка, љубов и копнеж, кои ѝ го растргнаа срцето: „Го земале Господ мој и не знам каде го положиле“ (Иван 20,13). Но, штом се свртела назад, видела еден човек за кого најпрво мислела дека е градинарот, кој можеби го однел телото Исусово. Кога таа му поставила прашање за тоа, жалејќи се за нејзините страдања, овој непознат човек ѝ се обратил со име кое било многу лично, а тој го направил тоа на начин како што го правел Исус. Овој еден збор „Марија!“ за неа беше доволен да го препознае Исус, па исполнета со ненадејна радост му проговорила: „Равуни!“, што значи „Учителе!“ Така Марија Магдалена стана првиот сведок на воскреснатиот Христос, што во наше време Црквата ја почитува како апостол на апостолите. Таа добила важна задача да не се задржува со Исус, туку да оди кај неговите ученици и да им ја соопшти радосната вест. Тие не ѝ поверувале веднаш, но, сепак, таа беше првата личност што Исус ја испратил да ја објави Радосната вест за Воскресението. Иако никаде не е запишано, можеме да претпоставиме дека Исус најпрво и се јавил на својата мајка Марија, која била интензивно поврзана со Христовото страдање и која верувала, се надевала и го сакала како никоја друга. Затоа таа веројатно била првата што ја добила веста за Исусовото воскресение. Во овие неколку евангелски извадоци кои ги спомнав, а го опишуваат празниот гроб и случувањата по воскресението, можеме да забележиме дека кај жените и учениците преовладувале најразни емоции: страв, ужас, неизвесност, сожалување, немир, тага, радост, несигурност, неверие, збунетост, сомнежи, можеме и уште да набројуваме. И сите собрани на едно место. Можеме само да претпоставуваме сѐ што поминувало низ мислите на учениците и жените. Најверојатно се појавиле и многу прашања на кои едноставно немале одговор. Како понатаму! Што ќе биде со нас? Овие прашања како и да се наши, посебно во ова време на војни, страдања, убиства, терористички напади… Несигурност, немир, неизвесност. Сѐ изгледа апсолутно обесхрабрувачки, безнадежно! Така било со учениците сѐ додека не го сретнале Христос жив, воскреснат, преобразен. Христос Воскреснатиот, како и на учениците така и нам сака да ни го даде својот мир за кој копнее ова страдално човештво, но не мир кој го познава светот, туку мирот на Воскреснатиот, кој е нешто повеќе и подлабоко од само молчење на оружјето. Тоа е мир, кој непријателот го прави брат, немирот го претвора во мир, омразата во љубов, насилството во меѓусебно служење, мир кој поттикнува оружјата да се претворат во плугови (сп. Исаија 2,4) Но без Христос не можеме да го достигнеме идеалот на тој мир. Затоа ни е потребен денес Христос во секоја пора на нашето глобално општество. Затоа денешниот ранет, егоистичен и рамнодушен човек треба да се сретне со Христос во прекршувањето на лебот и Словото, за да се отворат гробовите и да биде победено сѐ она што носи уништување и смрт на човекот, Божјото создание и целото човечко семејство. Тука е и посланието на денешните Христови ученици: Воскреснатиот Христос денес и нас нѐ испраќа во овој свет да го даруваме неговиот мир, Радосната вест, дека смртта е победена и дека секој човечки напор за доминација, власт, собирања богатства е залудно, затоа што Христос го победи светот. Целата човечка суета ќе ја изгуби смислата кога Христос ќе дојде повторно во својата слава. Ние сме Исусови ученици и ја имаме истата задача како и првите ученици: „Мир вам! Како што Ме прати Отецот, така и Јас ве праќам вас“ (Иван 20,21). Да бидеме радосни сведоци на Исусовото воскресение со својот живот и својот збор, каде и да сме“, кажа во својата проповед скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов посакувајќи среќен празник со поздравот Христос воскресе! бак/вг/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехникаНа иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. „Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи. Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: АД МЕПСО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44