БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
КултураКатедрата за танц при УГД доби простории во Домот на Армијата во СкопјеПоминавме долг пат и успеавме да го постигнеме тоа што го сакаме. Катедрата по современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип доби простор во Домот на Армијата во Скопје на користење кој ќе овозможи современи услови за едукација на нивните студенти. Како што истакна деканот на Факултетот за филмска уметност при УГД Рисима Рисимкин, просторот е отстапен како резултат на воспоставената соработка на Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип Министерството за одбрана. Во оваа соработка се вклучија и партнери од Кралството Холандија, со донација на специјална опрема во вредност од 17.500 евра, за опремување на просторот за студентите од катедрата по современ танц при Универзитетот. -Поминавме долг пат и успеавме да го постигнеме тоа што го сакаме. Во овој момент Скопје-Штип танцовата академија како што популарно ја неркуваме, односно катедрата за танц при УГД доби благодарение на МО, простории каде што ќе работи. Ние ги реновиравме простории. Добивме донација од нашите холандски пријатели околу 18.000 евра специјален балетски под и специјален дрвен под за двете студија и мислам дека во моментов сме единствени во Македонија кои имаат таков под кој благо вибрира и овозможува да се спречат евентуални повреди на танчерите. Како Универзитет се трудиме нашите студенти да имаат извонредни услови за работа по европски стандарди, а од оваа година и ја интернационализираме програмата. Веќе имаме странски студенти, програмите одат на англиски јазик и воедно отвараме мастер студии на кои веќе имаме пријавено студенти не само од Македонија, туку од регионот и пошироко, рече Рисимкин. Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, изрази задоволство што пред 11 години го поддржале како Амбасада проектот за современ танц во траење од три години од кој потоа се оформира Скопје танцовата академија (СТА). -Како донатори секогаш кога треба да поддржиме нешто ново претставува ризик. Но денес тука по повеќе од 10 години можеме да кажеме дека сме наградени со резултати. Покрај преземање на данското искуство и знаење, оваа комуникација овозможи и размена меѓу уметници, кореографи. Она што е од уште поголемо знаечење е дека СТА навистина направи одлични чекори понатаму. По иницијалната поддршка СТА продолжи со програмата и застана на сопствени нозе, успеа да привлече државни фондови и што е уште поважно, стана дел од едукативниот систем во земјава, а како последно опремија простор кој ќе значи многу за натамошниот развој на академијата, рече амбасадорот Коп. И покрај ковид пандемијата, тој најави гостување на една од најпрестижните холански и светски танцови компании на Скопје танц фест оваа есен. Министерската за одбрана Радмила Шекеринска логиката на оваа соработка ја гледа во политиката на транспарентност за што, посочи, како Министерство вчера беа прогласени за апсолутен шампион на транспарентноста според анализи на НВО, која е неопходен дел од политиката за обезбедување подобар живот на граѓаните. -Денеска покажавме дека врската помеѓу државните институции, академскиот свет, невладините иницијативи и меѓународната помош може да направи неверојатни резултати. Синергијата која ја создадовме направи денеска да имаме важна институција од штипскиот Универзитет кои ваква шанса побараа и ваква шанса добија, затоа што сакаме и Домот на Армијата да биде жив, да има повеќе млади и да ни дадат култура. Армијата покажа дека секогаш е во служба на граѓаните и дека се грижи за своите граѓани и во добро и во лошо, а ова е чекор во таа насока, вели Шекеринска. Мали држави со скромни ресурси, порача таа, мора да бидат рационални, а тоа значи повеќе да соработуваме. -Како Влада сметаме дека културата и уметност ќе ни помогнат да ги лечиме раните од пандемијата бидејќи видовме колку скапо чини слободата да излеземе надвор, да се видиме без маски, да се вратиме на редовните активности. Ние ја гледаме културата како најдобра одбрана на секоја нација од лошиот вкус, од манипилациите, од национализмот и сакаме ваквите партнерства да ги градиме и во иднина, рече Шекеринска и посочи дека оваа соработка е и мала шанса да возвратат на Унивезритетот кој веќе две години без надомест обезбедува мерења на сите податоци од животната средина за сите вежби на Криволак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари Од 1 февруари студентите ќе можат да се сместат во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој располага со капацитет од 280 легла. Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави и распишување на оглас за сместување во наредниве денови, а право на сместување ќе имаат студентите кои ги исполнуваат предвидените услови. Обновата на домот е дел од поголем проект за реконструкција на девет студентски домови, вреден 86 милиони евра. Јаневска кажа и дека продолжуваат разговорите со студентите за воведување ваучерски систем за студентскиот оброк, а смета дека сумата што сега се извојува годишно е еквивалентна на вредноста на еден до два студентски дома. ,, Со сумата од 140 денари се издвојуваат помеѓу 16 и 17 милиони евра. Се уште чекаме одговор од студентите, но ние сме во постојана комуникација со нив и веќе од следната недела Министерството повторно ќе ги повика студентите на состанок за да видиме што конечно решиле, начелно го прифатија моделот.“ Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги покани студентите на ручек во собранискиот ресторан, откако беше побарано да им се овозможи да се хранат по истите цени што важат за пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово рочиште за пожарот во „Пулс“ – сведочеше ќерката на Дејан Јованов Деко Во дискотеката „Пулс“ во Кочани имало повеќе противпожарни апарати, панични светла , функционална задна врата, а полиција редовно вршела контрола за проверка на малолетници. Ова во судницата во Идризово денеска го истакна Магдалена Јованова, ќерка на Дејан Јованов Деко, првообвинет за пожарот во Пулс лани. Јованова рече и дека кога и да се користела пиротехника, секогаш имало лице задолжено за тој дел, но не можеше да се сети на неговиот идентитет. -Противпожарни апарати имаше кај главната врата, кај бината и кај шанковите, а панични светла имаше и на задната врата, на вратата за излез, како и на вратата кај билетарницата. Често доаѓаше полиција и бараа лични карти, стоеја на врата и не дозволуваа никој да влегува или излегува. Кога се користеше пиротехника, имаше човек кој раководеше со тоа, а надвор, пред врата, сум видела комбе со натпис „Пиротехника“.– сведок Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов Во однос на задната врата од дискотеката рече дека и самата таа, но и гостите често ја користеле за да излезат да пушат цигари, но и дека таму никогаш не видела обезбедување. Покрај Јованова, во судот сведочеше и пријателка на Јованов, како и столар кој работел на внатрешноста во објектот. За родителите на жртвите во пожарот пак кои и денеска беа присутни во суднциата, ваквите сведочења се ирелевантни, а посебно го отфрлаат денешниот исказ на Јованова. – Ова се првите своедоци на прообвинетиот. Мислам дека се многу неважни, бидејќи на околностите на кои сведочеа беа како паушално доведени, како да се злоупотреби рочиштето и не дадоа некое значење, посебно не Магдалена, бидејќи обвинителството мислам дека има многу повеќе докази за неа. - Александар Наунов, родител на жртва во дискотеката „Пулс“ Следното рочиште за трагедијата во Кочани со испитување на сведоци на одбраната ќе продолжи на 24 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаПредметот „Корабоски“ да се пресели во друго обвинителство и суд, аплеира адвокатот Туфегчиќ Според него, реакциите во јавноста се оправдани.Необичниот пресврт, од мерки на претпазливост за насилникот Кристијан Корабоски и пуштање дома па се до притвор неколку часа подоцна, е драстична промена која е показател на различни правни стандарди, кои со право отвораат сомнежи дека имало влијание во првичната одлука на јавниот обвинител, смета адвокатот Владимир Туфегчиќ. Според него, реакциите во јавноста се оправдани, а предметот во кој Корабоски е обвинет за претепување на неговата девојка Сара Ѓорѓиоска, од Охрид треба да се делегира на друго обвинителство и друг суд, поради непристрасноста во постапувањето. -Мала локална средина создава голема локална моќ на одредени луѓе кои можат да имаат и имаат влијание врз институциите, вклучително и судиите и јавните обвинители. И ова што сега се случило, не е добро, затоа што не можете вие на еден човек денеска сабајле да му определите мерки за претпазливост, а по ручек, за истата работа, да му определите мерка притвор и тоа е прилично дискутабилно. Се примениле во конкретниот случај различни правни стандарди, отвора сомнеж дека имало влијание за првичната одлука на јавниот обвинител.- Владимир Туфегчиќ – Адвокат Според правната квалификација на делото, која исто така доживеа промена во неколку часа, од „тешки телесни повреди“ до обвинение поднесено по три кривични дела „телесна повреда“, „против правно лишување од слобода“ и „загрозување на сигурноста“, според Туфегџиќ исто така е невообичаено. Вели, обвинителот, наместо десетина часа, законски можел да го држи во притвор осомничениот 24 – часа, што е доволно време да види со какви докази располага во моментот и да донесе соодветна одлука. -По однос на правната квалификација на кривичното дело и самиот настан, ќе кажам дека ниту јас, ниту вие, ниту било кој е повикан да се стави во улога на јавен обвинител, таа работа треба да ја одработи јавниот обвинител кој денеска бара 40% поголема плата, треба да си го одработи судот и институциите, каде што е место за таква работа. Јавниот обвинител, не знам од кои причини, не го искористил законското овластување за задржување од 24 часа, тие во законот за кривичната постапка не се предвидени случајно, тоа е време кое е сосема доволно, се проценило дека е доволно, да јавниот обвинител види за што се работи, да види со какви докази располага и да, на некој начин, му биде овозможено да донесе соодветна јавно обвинителска одлука, а не вака со брзање, да се носат две различни одлуки од претпладне до попладне. - Владимир Туфегџиќ - Адвокат Според адвокатот, реакциите во јавноста се оправдани и мора навремено да се елиминира некакво претпоставено влијание, па смета дека ваквите проблеми би се решиле доколку конечно Републичкото јавно обвинителство го примени законското овластување за хоризонтално преместување на судии и обвинители од едно во друго апелационо подрачје, особено во малите средини каде луѓето повеќето меѓусебно се познаваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter