3Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари
ФудбалКатарците решија што ќе направат со собата на Меси и го воодушевија фудбалскиот свет Репрезентацијата на Аргентина одби сместување во луксузен хотел во Доха во пресрет на Светското првенство.Аргентинците го избраа кампот на Универзитетот во Катар во Доха бидејќи играчите имале одлични услови во тие простории. Имале и простор во дворот каде често организирале скари и дружења. Така, Аргентинците не биле ограничени во одредени области како во случаите кога тимот би престојувал во хотел. Така имале поголема слобода и никој не можел да им пречи, што на крајот доведе до одлична атмосфера меѓу играчите, кои подоцна станаа светски шампиони. Откако Аргентинците го напуштија Катар, многумина се интересираа како изгледа собата во која спиел Меси. Como a la información hay que manejarla con cuidado, me tomé unas horas para investigar un tema de vital importancia de cara a la Copa del Mundo: Los asados de la Selección Argentina en la Universidad de Qatar. pic.twitter.com/qYLB2ERlyf — Seba Varela del Río (@sebavdr) November 18, 2022 Челните луѓе на тој универзитет решиле да направат музеј од собата во која спиел Лионел Меси последниот месец. Во просторијата ги задржале сите предмети што останале во неа по Меси, а на ѕидот ќе стои потпишаниот дрес на аргентинскиот капитен, кој тој лично му го подарил на универзитетот. The room which Lionel Messi was staying in at the University of Qatar during the World Cup will become a small museum. Via @Benayadachraf. 🇦🇷 pic.twitter.com/Wfe8fMelXo — Roy Nemer (@RoyNemer) December 27, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: 82 години слободно Кавадарци!Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.„Со почит и гордост одбележуваме 82 години од ослободувањето на нашиот град. Денес се сеќаваме на хероите кои го дадоа својот живот за слободата и иднината на генерациите што доаѓаат. Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци им оддаваме почит на нивната храброст и жртва. Слободата е наша чест, но и наша обврска – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации. Нека ни е честит 7 Септември! Да живее Кавадарци! Да живее слободата!“- објави Јанчев на фејсбук. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапаАмериканскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа идејата за промена на името на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.„Многу луѓе предложија промена на името на Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“. Trump posts video of renaming NEW MEXICO state to NEW AMERICA pic.twitter.com/8mAeLJS8Ch — Karthik Reddy (@bykarthikreddy) September 7, 2026 Само пред десет дена, на крајот на август, американскиот претседател објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка. Во тоа време, тој потпиша извршна наредба во Овалната соба со која ѝ наложи на американската канцеларија за имиња на „National Geographic“ да го промени името на ова езеро. Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревариВо последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици.Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес остварија средба со 100тина талентирани ученици кои преку здруженија на наставници или индивидуално, годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади и престижни ученички натпреварувања. На средбата, им порачаа дека се гордост на државата и дека институционалната грижа кон талентираните, како и кон сите ученици и млади ќе продолжи да се зголемува. „Се радувам што од година во година евидентираме сé поголем талентирани млади со желба за натпревар, кои сакаат да ја претставуваат државата надвор и со гордост го прават тоа. За мене тоа е вистински патриотизам и затоа продолжете да бидете репрезенти на татковината. Ви честитам на сите кои оваа година учествувавте на врвни натпревари, а дел од вас освоија и високи награди и признанија“, рече Јаневска пред учениците. Во последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици. Нивните семејства повеќе немаат грижи како ќе обезбедат средства за учество на меѓународни натпревари, затоа што Министерството за образование и наука во целост ги покрива трошоците за пат и котизација. Минатата година беа исплатени 5, а годинава досега 3 милиони денари за оваа намена. Министерката рече дека сите деца се важни и должност на институциите е да им се посветуваат подеднакво, да имаат поквалитетно образование и еднаков пристап до образовните можности. Но, талентираните ученици бараат посебно внимание за да можат целосно да ги реализираат личните аспирации и потенцијали, па оттука и значителната промена на политиките за нивна поддршка. Потсети дека министерството редовно објавува повици за доделување на парични средства за освоени високи места и медали на меѓународни натпревари, парични средства за освоени први места на државни натпревари, конкурси за доделување стипендии за талентирани средношколци, како и дека во тек е изработка на Концепција за детектирање и работа со талентирани деца.Тагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook