Каталонскиот лидер најави нов референдум за независност од Шпанија до крајот на 2021, десетици илјади на улиците (ВИДЕО)

Претседателот на каталонската влада, Квим Тора , пред почетокот на новиот голем протест , дека веќе нема враќање од патот за независност.

Попладнево почнаа масовни протести во Каталонија, со десетици илјади на улиците на Барселона и барање за независност.

Денеска 814 од 947 градоначалници и началници му предадоа документ на Тора чии главни пораки се слобода за осудените лидери на Каталонија, дијалог и самоопределување. Меѓу нив не беше Ада Колау, градоначалничката на Барселона, каде застапниците за независност одржуваат масовен собир, а утре ќе протестираат поддржувачите на единството на Шпанија.

Трите партии за независност освоија 70 од 135 места во парламентот на Каталонија, со што Тора е премиер. Минатата недела тој рече дека сака нов референдум до крајот на мандатот во декември 2021 година и формирање на Република Каталонија.

„Треба да можеме да создадеме република на слободни мажи и жени ... и да ги надминеме конфликтите со конструктивна динамика“, рече денеска Тора.

Откако последните денови се смирија протестите, илјадници луѓе со знамиња што ја симболизираат независноста, излегоа џденеска на улиците на Каталонија. Граѓанските здруженија АНЦ и Омниум Култур, чии лидери се осудени на 9 години затвор за одржување на забранетиот референдум во 2017 година, повикаа на масовен протест под знамето на „Слободата“.

Голем број организации учествуваат на протестот и имаат за цел да соберат што е можно повеќе различни групи за дополнително да го обединат движењето за независност. Самиот Тора учествува на протестот.

Демонстрантите бараат ослободување на лидерите од затворите во Каталонија и остварувањето на независност прогласена пред две години.

Пред осум дена, 525.000 демонстранти се собраа на улиците на Барселона поради пресудите на дванаесетте каталонски функционери. Утре, пак, застапниците на единствена Шпанија ќе излезат на улиците на Барселона под мотото "За соживот, за демократија. Доста е!"

Тие сакаат да покажат дека има уште еден дел од каталонското „тивко мнозинство“, како што велат, е задоволно од сегашниот статус на автономната покраина.

Лидерите на партиите кои се спротивставуваат на обидот за отцепување, исто така, треба да учествуваат на собирот организиран од Јосеп Борел, шпански министер за надворешни работи, роден во Каталонија, кој ќе ја преземе должноста шеф на дипломатијата на ЕУ за пет дена.

Собири за единствена Шапнија и против независност на Каталонија се најавени и во Мадрид.

Силјановска-Давкова изразила загриженост за атентатот врз Фицо во телефонски разговор со Маркуш

Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. 

Дознаваме дека кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.

Од кабинетот на Силјановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и се уште актуелен министер за надворешни работи... 

Ќе биде ли пирова победата на Европскиот фронт, кој освои 30.000 гласа повеќе од Вреди?

Кој ќе ја бара Мала Речица на гугл мапс, а кој Идризово? Дали кексите и млекото ќе му преседнат на Али Ахмети?

Ќе се помири ли ДУИ со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прави коалиција со албанската опозиција, или ќе се бараат „чизмите по таваните“?

Има ли или нема потпишан договор помеѓу Вреди и ДУИ за уставните измени? Кои се алтернативите за францускиот предлог, и што доколку и новата влада како и Сиљановска не користи „Северна“...

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Бујар Османи, по вестите во 18 часот.

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

притисни ентер