Касперски: Користењето иста лозинка на повеќе места значи поголема опасност од пробивање - Канал 5

Касперски: Користењето иста лозинка на повеќе места значи поголема опасност од пробивање

Многумина имаат навика да користат иста лозинка за секоја корисничка сметка на интернет - без оглед дали се работи за е-пошта или за социјалните мрежи, луѓето ја користат истата комбинација за сѐ. 

Касперски: Користењето иста лозинка на повеќе места значи поголема опасност од пробивање

Тоа е така најчесто затоа што на тој начин шифрата најлесно се помни.

Сепак, користењето иста лозинка на повеќе места е „рецепт за катастрофа“, според стручњакот за кибербезбедност, Јевгениј Касперски. Неговиот тим неодамна спроведе истражување коешто покажа дека околу 45 отсто од лозинките можат да бидат хакирани за помалку од 60 секунди, па во таа смисла, на пример не е мудро ниту да се користат имиња во лозинките. Се наведува хакерите направиле повеќе од 32 милиони обиди да научат лични лозинки во 2023 година, а тој број во иднина само ќе расте.

- Луѓето несвесно создаваат „човечки“ лозинки што содржат зборови од речникот на нивниот мајчин јазик - имиња, бројки итн., односно комбинации коишто лесно ќе ги запомнат. Но, дури и навидум силните комбинации ретко се сосем случајни, па алгоритмите можат да ги погодат, објасни Касперски.

Така, додавањето по некој број, неколку големи букви и други симболи, ќе ја направи шифрата посилна. Се препорачува и помош од програма управувач со лозинки (Пассwорд манагер).

- Не користете лозинки што лесно може да се погодат од вашите лични податоци, како што се родендени, имиња на членови на семејството, домашни миленици или вашето име. Ова се често првите претпоставки што хакерот ќе се обиде да ги направи... Натаму, изберете двофакторна автентикација (2ФА). Иако не е директно поврзана со јачината на лозинката, 2ФА додава дополнителен слој на безбедност. Дури и ако некој ја открие вашата лозинка, сепак ќе му треба додатна автентикација за да пристапи до вашата сметка, додаде тој.

Управувачот со лозинки е битна препорака што може да биде од помош, а има многу бесплатни апликации достапни за „Андроид“ и „ИОС“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната

Засилувањето на НБА тимот, Сакраменто, Бен Симонс, ќе мора да направи долга пауза откако на тренинг ја повреди Ахиловата тетива.

Бен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната

Сакраменто доби исклучително лоши вести. Само неколку дена пред почетокот на лигашкиот дел од сезоната, „Кингси“ останаа без своето летно засилување – 30 годишниот Бен Симонс ја скина десната Ахилова тетива за време на тренинг.

Според првичните прогнози, тој ќе ја пропушти целата сезона. Симонс, скршен по несреќниот настан, се огласи на социјалните мрежи, обидувајќи се да најде утешни зборови за себе, за својата кариера и за навивачите, ветувајќи дека ќе се врати на теренот посилен отколку што беше пред повредата.

„И претходно сум се соочувал со предизвици што ме ставале на тест – ментално, физички и емоционално – но секојпат успевав да најдам начин да ги надминам. Оваа повреда е само уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна. Никогаш не е лесно да се биде надвор од теренот и далеку од играта што ја сакам, особено по сè низ што поминав за да се вратам. Сепак, ако сум научил нешто, тоа е дека човекот не е дефиниран од тешкотиите со кои се соочува, туку од начинот на кој реагира на нив. Сум паѓал и претходно, но секогаш сум наоѓал начин повторно да станам. Овој пат нема да биде поинаку“, заклучи тој.

Отсуството на Симонс од теренот не претставува проблем само за играчот избран во првата рунда на драфтот во 2016 година, туку и за екипата на Кингс.

Австралиецот, требаше да и се врати на кошарката и повторно да го демонстрира својот раскошен талент, откако ова лето потпиша едногодишен договор вреден 3,5 милиони долари.

Минатата сезона тој беше дел од Клиперс, но ја пропушти целата година поради закрепнување. Во подготвителниот период тој го пронајде својот ритам, бележејќи просек од 10,5 поени, четири скока и четири асистенции. За жал, Симонс уште еднаш покажа дека едноставно нема среќа. Бројни повреди и проблеми го оддалечија од теренот – местото каде што се очекуваше тој да испише историја во НБА. Неговиот статус како прв пик на драфтот го наговестуваше тоа, но повредите на грбот, проблемите со менталното здравје и многу други препреки му застанаа на патот на Бен Симонс.

Според тоа, Сакраменто ќе мора да ја започне новата сезона без Симонс; првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу среда и четврток, во 4:30 часот наутро. Проблем за Кингс не е само Австралиецот, туку и Малик Монк, кој заработи повреда на глуждот. Максим Рено и Дилан Кардвел се надвор од терените до ноември, па така, ситуацијата во која се наоѓа тимот е далеку од идеална.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба!

Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.

Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба!

Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“.

Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“.

Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението.

Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија.

Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време.

„Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“.

Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови

СДС се повеќе тоне.

Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година.

Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори.

Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител.

Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник.

За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани.

Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна.

ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори.

Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер