Касиљас: Останувам во Реал до крајот на кариерата

Голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас тврди дека ќе остане во „кралскиот клуб“ до крајот на неговата професионална кариера.

34-годишниот голман истакнува дека следната сезона ќе остане во клубот каде што ја помина целата негова кариера, и покрај шпекулациите дека Реал може да го донесе Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед.

- Сигурен сум дека ќе ја продолжам кариерата во Реал Мадрид. Убеден сум во тоа. Не можам да замислам дека не сум во клубот. Сакам да ја завршам кариерата во овој клуб, изјави Касиљас.

Искусниот чувар на мрежата се осврна и на отказот на тренерот Анчелоти.

- Реал е клуб со големи барања. Бордот на директори и претседателот донесоа одлука за смена на тренерот поради сезоната без трофеј што беше оценето како неуспех, а за кој дел од вината му препишаа и на Анчелоти. Но, јас сакам да му се заблагодарам на Италијанецот за она што го стори за мене лично, иако минатата сезона бев лут, бидејќи не играв многу. Анчелоти е благородна личност и му посакувам се најдобро во неговата кариера. Мадрид секогаш ќе биде неговиот дом, истакна шпанскиот репрезентативец.

Претседателски избори: Силјановска Давкова 305.640, Пендаровски 141.984

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 62,23% од избирачките места и 59,40% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,05% од гласовите или 305.640 гласови. Стево Пендаровски освоил 141.984 гласови или 29,75%.

Во штабот на ЗНАМ е мирно, прес-конференицја на Димитриевски во 23 часот

Михаела Димовска е во штабот на ЗНАМ.

Во седиштето на движењето ЗНАМ во Скопје е мирно

Во штабот предмалку пристигнал и лидерот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Прес-конференција е најавена во 23 часот.

Кинескиот претседател ја заврши посетата на Србија

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград, а вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот Никола Тесла, јавија српските медиуми.

На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот. за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.

Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.

притисни ентер