Касами: Без Таравари „Вреди“ тежи како и со него, ако се оддели од групата ќе го изеде волкот - Канал 5

Касами: Без Таравари „Вреди“ тежи како и со него, ако се оддели од групата ќе го изеде волкот

Коалицијата Вреди ќе продолжи посилна и без Арбен Таравари, доколку тој одлучи да си замине, порача лидерот на Беса, Биљал Касами, продолжувајќи ги острите тонови кон коалицискиот партнер..

Касами: Без Таравари „Вреди“ тежи како и со него, ако се оддели од групата ќе го изеде волкот

„Тој што ќе се оддели од коалицијата ќе го јаде волкот“. Со народна поговорка Биљал Касами му порача на Арбен Таравари дека смета оти подобро е да остане во „Вреди“. Во интервју за РСЕ, Касами оценува дека коалицијата и без Таравари ќе тежи исто колку и со него. Сепак е оптимист дека има реални шанси да продолжат заедно, а ДУИ според него може да биде поразен само со здружен напор, бидејќи, никој од нив поедничено не успеал во тоа. Касами негира дека има лично комуникација со Ахмети, а ги отфрла и информациите дека причина за несогласувањата со Таравари е распределбата на градоначалничките места и советничките листи за претстојните локални избори.

-Јас ценам дека ‘Вреди’ тежи, да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеше со него. Сепак, другите чинители се тука. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што ќе излезе во случајот со коалицијата ‘Вреди’. Народната поговорка вели – тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот. Во случајот, мислам дека ‘Вреди’ ќе продолжи уште посилно, изјави Касами.

Таравари, пак, во изјава за Канал 5 му одговори на Касами дека последниот збор го имаат гласачите на изборниот ден.

-Секогаш на крај гласачите одлучуваат. Ние може да прогнозираме, на денот на изборите граѓанинот зборува преку дадена поддршка, изјави Таравари.

Факт е дека доколку „Вреди“ се раситни, па макар и со една партија, вкупниот резултат на коалицијата ќе се намали, смета аналитичарот Петар Арсовски. И покрај внатрешните превирања тој гледа можност за смирување на тензиите меѓу коалициските партнери, а поверојатно сценарио според него е Таравари или да ослучи да оди сам на избори или сепак да остане во „Вреди“, наместо да прави обид за соработка со ДУИ.

- Ние не можеме во моментот да кажеме колку тежи секоја од тие партии поеднично во коалицијата бидејќи не настапувале така, но растурањето на коалицијата ќе ја наруши нивната приказна за единство, па сите партии ќе имаат послаб резултат на изборите и таа што би се одвоила и тие кои би останале. Точните бројки е невозможно да се предвидат во моментот но јас гледам дека постои една тенденција за обид за смирување. Мислам дека е тоа притисок од целата владина коалиција на која не и требаат нови фронтови пред локалните избори. Арбен Таравари во моментот ако преговара со ДУИ ја ризикува својата гласачка база, смета Арсовски.

По штурите информации за состанокот кој лидерите на „Вреди“ го имаа пред два дена, а на кој требаше да ги „испеглаат“ коалициските разлики и проблеми, единствено познато е дека Таравари прифаќа преговорите за заеднички настап на локалните избори да продолжат. Како што изјави за Канал 5 работните тимови продолжуваат со работа и се надева на брз договор.

YouTube video

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

 Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека во Собранието состојбата е статус кво во однос на нова распределба на пратениците.

Засега нема нова распределба на пратеници, вели Гаши

-Сега засега во Собранието е статус кво во однос на нова распределба на пратениците, се е како што било. Значи, сите пратенички групи кои се формирале на почетокот на овој нов собраниски состав продолжуваат да работат, а ако имаме нови промени ќе треба тоа официјално да го достават до службите и до мене, за да ги информирам потоа другите пратенички групи и пратенци, рече Гаши, на денешниот брифинг со новинарите.

Собранискиот спикер во коментар за одлуката на крилото на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари да одат сами на локалните избори а не со заеднички листи за кандидати за градоначалници и советници со коалицијата Влен нагласи дека во моментов нема нова ситуација во однос на прераспределба на пратеници во други групи.

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

 Американската глумица Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „Аутран“ (OutRun).

Сиднеј Свини ќе го продуцира новиот филм заснован на видеоиграта „Аутран“

Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ - од „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures). Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „Пет ноќи кај Фреди“ (Five Nights at Freddy's) којшто стигна до 290 милиони долари.

Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Платинум дјунс“ (Platinum Dunes). Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Соник: Супер Еж“ (Sonic the Hedgehog), исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Варајети“ (Variety).

По хоророт „Безгрешна“ (Immaculate), и трилер-авантурата „Еден“ (Eden) од 2004 година, Сиднеј Свини во мигов работи на шест нови проекти, според Семрежната филмска база на податоци - ИМДБ.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

МНР ја демантира Левица за работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во денешното соопштение категорично ги демантира неточните информации изнесени од страна на политичката партија „Левица“, поврзани со работењето на Конзулатот на Република Македонија во Њу Џерси.

-Станува збор за паушални и целосно неточни наводи кои не соодветствуваат со фактичката состојба, се наведува во соопштението.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ја информираат јавноста дека дипломатско-конзуларното претставништво функционира со редовно работно време и е целосно на располагање за сите услуги и потреби на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.

притисни ентер