Карпош Соколи поразен од Партизан - Канал 5

Карпош Соколи поразен од Партизан

Кошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа и четвртиот пораз во АБА лигата откако во дуелот од 4.коло на домашен терен беа совладани од белградски Партизан со 84:77. Резултат по четвртини: 20:22; 21:20; 20:20 и 16:22.

Карпош Соколи поразен од Партизан
Решавачка беше последната четвртина која гостите од Белград ја добија, а притоа Карпош Соколи единствено во тој период постигна помалку од 20 поени. На стартот на последната четвртина Партизан водеше со поен предост – 62:61.

Најефикасен на дуелот беше Вилијам Хатчер со 21 поен, додека кај Карпош Соколи Драган Зековиќ постигна 15.

Ова беше претпоследниот натпревар од 4.коло, кое ќе биде комплетирано со вечерашниот дуел меѓу ФМП – Игокеа.

Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродорм се единствените две екипи без победа, додека максимален учинок од четири победи имаат три екипи: Црвена Звезда, Будуќност и Партизан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

„Случајот со загадената вода во Гостивар е уште една потврда дека институциите под оваа власт не функционираат кога се најпотребни за граѓаните. 

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

По трагедијата во Кочани, до денес ништо суштински не е променето. Еве, сега го имаме и Гостивар, каде повторно гледаме задоцнета реакција, институционален молк и избегнување одговорност“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостувањето во емисијата „Вести плус“ на Канал 5.

Тој посочи дека одговорноста мора да ја понесат сите надлежни институции – од Владата и здравствените власти, до Институтот за јавно здравје и сите институции кои имале законска обврска навремено да реагираат.

„За ова што се случува во Гостивар, одговорноста е на сите нивоа – од централно до локално. Досега не слушнав дека некој од министрите чувствува одговорност. Зошто затајувањето на здравствените власти не понуди никаква одговорност? Моментот кога првите 200 граѓани од Гостивар се пријавиле во болница не значел ништо ниту за здравствените власти, ниту за Владата. Првичната реакција следува дури по пет или шест дена“, нагласи Спасовски.

Спасовски потенцираше дека токму ваквото институционално постапување покажува како оваа власт ја води државата.

„ Треба да се признае. Да се признае дека ни се случи Кочани и дека нема никаква промена во системот. И дека сега ни се случува ова што се случува во Гостивар, а институциите една недела молчат и ништо не прават во тој момент“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека јавноста сè уште нема одговори на најважните прашања – каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и какви биле резултатите од нив.

„До ден-денеска немаме никаков одговор во однос на тоа каков бил квалитетот на водата, колку испитувања биле направени и така натаму. Ако мострите покажале дека водата била исправна, тогаш треба да се утврди што се случило, како се направени тие испитувања и дали извештаите реално ја отсликувале состојбата“, рече Спасовски.

Спасовски посочи дека Институтот за јавно здравје има законска обврска континуирано да ја следи исправноста на водата за пиење и да постапува навремено.

„Што правел Институтот за јавно здравје? Тие се обврзани да ја прават контролата на водата, не само во еден град, туку во сите градови“, истакна Спасовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ го предупреди Косово: Престанете со уривање на викенд куќите на Србите (ВИДЕО)

Мисијата на ЕУ во Приштина ги повика косовските власти да го запрат уривањето на викенд куќите околу езерото Газиводе, во сопственост на Срби од северно Косово, предупредувајќи на непочитување на законските процедури.

ЕУ го предупреди Косово: Престанете со уривање на викенд куќите на Србите (ВИДЕО)

Вработените во компанијата Ибар-Лепенц со седиште во Приштина вчера, потпомогнати од силни полициски сили, почнаа да уриваат викенд куќи на брегот на езерото Газиводе, а беше објавено дека ќе бидат урнати 11 објекти во сопственост на Срби, наводно изградени без дозвола, пренесе Индекс.

Официјален Белград го нарече ова „нов чин на беззаконие од страна на косовскиот премиер Албин Курти“. Владината канцеларија за Косово и Метохија оцени дека уривањето е „извршено без никаква судска одлука, незаконски и срамно, со цел одмазда против Србите“.

Србија не ја признава независноста на Косово, прогласена во февруари 2008 година, и го смета за дел од својата територија, нарекувајќи го Косово „јужна српска покраина“.

„Размислете за правни решенија“

Мисијата на ЕУ во Приштина повикува на „итно прекинување на сите понатамошни рушење, присилно отстранување на згради или стекнување имот“ сè додека „не се решат соодветно загриженостите во врска со почитувањето на законската постапка, пропорционалноста, имотните права, човековите права и ефикасните правни лекови“.

ЕУ очекува косовските власти „без одложување“ да стапат во контакт со засегнатите жители и општини „и да разгледаат правни решенија“, а Мисијата им предлага на полицијата да „останат строго во рамките на нивниот законски мандат“, врз основа на „јасни барања или соодветно документирани одлуки на надлежните органи“.

Додаде дека „неповратните мерки“ на тековните рушење и спорните имотни побарувања против сопствениците „предизвикуваат сериозна загриженост за владеењето на правото“.

„Во согласност со европскиот пат на Косово, ЕУ очекува властите итно и транспарентно да одговорат на овие загрижености и да обезбедат слични дејствија да не се повторат“, беше истакнато во соопштението за медиумите на Мисијата на ЕУ во Приштина. Мисијата, исто така, забележува дека во последните месеци „недостаток на почитување на правичната постапка е забележан во други случаи во северно Косово“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Ќе се врши проценка на штетите од невремето, граѓаните да ги пријават оштетувањата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој беа разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.

Герасимовски: Ќе се врши проценка на штетите од невремето, граѓаните да ги пријават оштетувањата

„На состанокот со колегите од другите општини ја разгледавме состојбата на теренот и последиците од невремето. Штабот за заштита и спасување на Општина Центар денеска веќе даде насоки за формирање комисија пред која граѓаните ќе можат да ги пријават штетите, а истото ќе го направат и другите локални самоуправи“, истакна Герасимовски.

На средбата беше договорено, во координација со Град Скопје, да се изврши стручна проценка на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните при санацијата на оштетувањата на објектите за домување.

Истовремено, беше договорено и засилување на координираните контроли на терен.

„Со колегите градоначалници договоривме општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да спроведат засилени и строги контроли“, додаде Герасимовски.

На состанокот беше договорено да се проверат сите локации и објекти каде што има оштетени кровни конструкции, со цел да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека за нивното одржување се надлежни куќните совети. На средбата се дискутираше и за тековните активности на терен, при што беше истакнато дека

мобилните екипи на Општина Центар интензивно работат на нормализирање на состојбата.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер