Карпош Соколи од АБА лигата си ги бара назад 150.000 илјади евра уплатени за котизација - Канал 5

Карпош Соколи од АБА лигата си ги бара назад 150.000 илјади евра уплатени за котизација

Управниот Одбор на КК Карпош Соколи на вонреден состанок одржан синоќа во Скопје донело неколку одлуки, меѓу кои и да си ги побара назад од АБА лигата 150-те илјади евра уплатени минатата година за учество во регионалното натпреварување.

Карпош Соколи од АБА лигата си ги бара назад 150.000 илјади евра уплатени за котизација
Соопштението на КК Соколи го пренесуваме во целост:

Во врска со проблемот со АБА-лигата, Управниот Одбор на КК КАРПОШ СОКОЛИ 2000 АД Скопје, на вонредниот состанокот одржан на 18.07.2017 година, ги констатираше следните факти:
• КК КАРПОШ СОКОЛИ 2000 АД Скопје, на ден 24.08.2016 година, потпиша Договор со Јадранска Кошаркарска Асоцијација - АБА Лига Ј.Т. Д., за учество во АБА Лигата за натпреварувачката сезона 2016/17, преку т.н. “вајлд карта”;
• КК КАРПОШ СОКОЛИ во целост ги реализирал сите финансиски обврски кон АБА Лига, поврзани со т.н. “вајлд карта” и финансиски обврски по изречените казни согласно Пропозициите за натпреварување на АБА Лига;
• Директорот на лигата, Г-дин Крешимир Новосел, на состаноците со Раководството на Клубот, како основен услов за учество во натпреварувачката сезона 2017/18, го поставил КК КАРПОШ СОКОЛИ да не биде пласиран на последно место во Лигата во сезоната 2016/17. Подоцна овој услов го дополнил и потврдил дека доколку Клубот не е последно пласиран во АБА Лига и го освои првото место во домашното првенство, со сигурност ќе биде учесник во АБА Лига во сезона 2017/18;
• Во натпреварувачката сезона 2017/18, КК КАРПОШ СОКОЛИ, со скор од 10 победи и 14 порази е пласиран на 10-тото место во АБА Лигата од 14 екипи (со идентичен број на победи со 8-мо пласираната екипа);
• КК КАРПОШ СОКОЛИ е исклучен од учество во АБА Лига за сезона 2017/18, на ден 23.05.2017 година, со Одлука на Собрание на АБА Лига. Одлуката за исклучување на КК КАРПОШ СОКОЛИ од АБА Лига за натпреварувачката сезона 2017/18 е донесена еден пред да се одигра 5-тиот натпревар од финалето во Кошаркарското Првенство на Македонија, помеѓу КК МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ и КК КАРПОШ СОКОЛИ, при резултат 2-2 во финалната серија;
• На ден 17.07.2017 година, Раководството на АБА-лига, согласно донело Одлука да го казни КК КАРПОШ СОКОЛИ со парична казна од 12.000 евра, со напомена дека дополнително ќе се разгледа можноста за повеќегодишна суспензија на Клубот од сите натпреварувања под капата на АБА Лига.
КАРПОШ СОКОЛИ ги донесе следните заклучоци:
• Раководството на АБА Лига најгрубо го излажало клубот, отстранувајќи го Лигата за натпреварувачката сезона 2017/18, по административен пат, пред да се одигра последниот финален натпревар од домашното првенство. На истата седница на Собранието, е потврдено дека екипата на КК МЗТ АЕРОДРОМ Скопје (противникот на КК КАРПОШ СОКОЛИ во финалето) независно од исходот во финалната серија ќе биде учесник во АБА за сезоната 2017/18. Оваа одлука, донесена на само еден ден пред последниот финален натпревар е најголема потврда на константните лаги, со кои Раководството на АБА Лигата го изманипулира КК КАРПОШ СОКОЛИ;
• Раководството на АБА Лига донело Одлука за промена на системот на натпреварување за сезона 2017/18, односно намалување на лигата од 14 на 12 клуба и да се „затвори“ листата на учесници однапред, без разлика на пласманот во националните шампионати. Во сериозни спортски лиги, Одлуките за промена на системот на натпреварување, секогаш стапуваат на сила најрано преку една натпреварувачка сезона од денот на донесување;
• Казната од 12.000 евра и потенцијлната суспензијата на Клубот од натпреварувања во организација на АБА Лига, е неоснована и нелигитимна, бидејќи КК КАРПОШ СОКОЛИ, од 23.05.217 не е член во АБА Лига и за Клубот неважат Пропозициите на АБА. Оваа суспензија неможе по никаков основ да се пренесе на Клубот, бидејќи АБА Лигата не признаена од ФИБА, аналогно ниту од МКФ.

Поради сето ова, Управниот Одбор КК КАРПОШ СОКОЛИ донесе Одлука Клубот да достави барање до АБА Лига за поврат на уплатените средства во износ од 150.000 евра, се вели во соопштението на македонксиот куп-освојувач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Толпа до смрт претепа странец во Јужна Африка (ВИДЕО)

Странски државјанин бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан.

Толпа до смрт претепа странец во Јужна Африка (ВИДЕО)

Странец бил претепан до смрт за време на протестен марш во Дурбан, град на источниот брег на Јужна Африка, откако бил нападнат од група од околу 50 луѓе, соопшти полицијата. Тензиите и антиимигрантските протести продолжуваат да се разгоруваат во најразвиената економија во Африка.

Според полициските информации, неидентификуваниот маж, за кој се верува дека е на возраст меѓу 35 и 45 години, прво му се приближиле двајца мажи по патот, по што бил нападнат од поголема група луѓе. Мажот бил прогласен за мртов на местото на настанот.

YouTube video

Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно

Полицијата започна истрага за убиството, а мотивот за нападот сè уште не е утврден. Убиството се случило по бранот антиимигрантски протести што ја зафатија Јужна Африка оваа година, од кои некои станаа насилни. Порано овој месец, продавници и автомобили беа запалени во Дурбан и Совето, во близина на Јоханесбург.

Портпаролот на покраинската полиција, Роберт Нетшиунда, изјави за Би-Би-Си дека полицијата не може да шпекулира за мотивот за убиството во Дурбан и дека ќе сподели повеќе информации штом ќе бидат потврдени.

Владата ги повика демонстрантите да се однесуваат мирно, признавајќи ја потребата од реформирање на имиграцискиот систем. Владата тврди дека десетици илјади странски државјани се депортирани или вратени во нивните земји откако започна засилена акција против нелегалната миграција на почетокот на оваа година.

Веќе се пријавени напади врз луѓе од други африкански земји.

Една од групите зад протестите, „Марш и Марш“, првично постави рок до 30 јуни за сите недокументирани мигранти да ја напуштат Јужна Африка. Пред тој рок, беа одржани неколку протести, а беа регистрирани и напади врз луѓе од други африкански земји.

Како резултат на тоа, неколку земји, вклучувајќи ги Зимбабве, Нигерија и Гана, презедоа чекори за враќање на своите државјани, плашејќи се од понатамошно насилство. Нигерија ги обвини јужноафриканските власти дека се одговорни за смртта на двајца нејзини државјани тој месец.

Гана, исто така, ја потврди смртта на својот државјанин, Баширу Исак, татко на три деца, кој беше застрелан за време на анти-странските протести во Кејптаун. Неговата смрт предизвика дипломатски спор со Јужна Африка, чии власти тврдеа дека обемот на насилството е преувеличен. Јасинта Нгобесе-Зума, една од лидерките на движењето „Марш и марш“, ги отфрли обвинувањата дека е ксенофобична. „Не можеме да живееме со овие луѓе со години, а потоа, кога велиме дека сè е премногу и дека е доста, добиваме одговор дека сме ксенофобични“, изјави таа за програмата „Фокус на Африка“ на Би-Би-Си.

Јужна Африка останува една од главните дестинации во Африка за мигрантите

Јужна Африка се соочува со ксенофобични напади речиси две децении. За време на раширеното насилство врз странските државјани во 2008 година, повеќе од 60 лица беа убиени, а десетици илјади мораа да ги напуштат своите домови.

Најновите немири се случуваат во услови на широко распространета сиромаштија, големи социјални нееднаквости и невработеност, што влијае на околу една третина од работоспособното население.

Мигрантите често се обвинуваат дека им одземаат работни места на домашното население, придонесуваат за криминал и ставаат дополнителен товар на јавните услуги. И покрај економските тешкотии, Република Јужна Африка е сè уште една од главните дестинации на африканскиот континент за мигрантите кои бараат работа, безбедност и подобри животни можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Навистина е задоволство, еве денеска сме во општина Брвеница, во селото Стенче, убеден сум во голема поддршка и победа во вториот изборен круг, со цел да можеме сето она коешто го ветуваме да го реализираме.

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Денеска бевме во посета на една преубава црква, црквата Св. Екатерина, навистина едно мало чудо е направено овдека коешто, од она што бев информиран доста е посетувано, не само од локалното население туку и од многу луѓе од цела Македонија коишто доаѓаат да се помолат тука за здравје, да поминат убави моменти со своите пријатели, со своите семејства и ги поканувам сите коишто не биле да дојдат и да ја видат оваа прекрасна црква.

Во таа насока и ние ќе помогнеме имајќи предвид дека веќе заврши тендерот и избран е изведувач којшто треба да го изгради патот којшто оди до црквата и до с. Стенче, на тој начин многу побрзо од автопатот Тетово-Гостивар којшто понатака оди и од Тетово кон Скопје, ќе се стигнува и до с. Стенче и до црквата Св. Екатерина и многу повеќе туристи ќе можат да доаѓаат тука и на тој начин да се развие и економскиот потенцијал.

Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти и Министерството за транспорт и Владата се подготвени да помогнат на општината со цел да имаме уште многу реализирани проекти.

Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница.

Благодарам уште еднаш и заокружете го бројот 1 во недела, изјави Александар Николоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целост

Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма.

Радичевски: Инфраструктурните проекти во Брвеница ќе ги реализираме во целост

Почитувани мои сограѓани, денес се наоѓаме во населеното место Стенче да ги најавиме идните проекти коишто се во фаза на реализација и идните проекти коишто се предвидени во нашата програма, односно во мојата програма на ВМРО-ДПМНЕ и јас како градоначалник коишто ќе ги реализираме во целост.

Во делот на инфраструктурата заедно со мене е министерот за транспорт, ќе го замолам во однос на проектите да се обрати, рече Стојанче Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер