Карлеуша и Врањеш наскоро очи в очи на суд!!! - Канал 5

Карлеуша и Врањеш наскоро очи в очи на суд!!!

Српската пејачка Јелена Карлеуша и нејзиниот наводен љубовник босанскиот фудбалер Оњен Врањеш наскоро ќе се сретнат очи в очи на суд, по тужбата која фудбалерот ја поднел против пејачката за повреда на угледот и честа.

Карлеуша и Врањеш наскоро очи в очи на суд!!!

Првото рочиште во овој судски процес е закажано веќе за почетокот на април, што значи дека јавноста наскоро ќе ја види средбата на наводните љубовници.

-Во вакви процеси пракса на судот е прво да им наложи на двете страни соочување за да се утврди вистината, изјавил за медиумите извор од судот.

На почетокот од годината топ тема во сите балкански медиуми беа информациите поврзани со љубовната врска Карлеуша-Врањеш.

Се започна во јануари кога во јавноста се појавија нивните заеднички фотографии и видеа од Грција. Пејачката тогаш го навреди и предупреди Врањеш преку Фејсбук.

Босанскиот фудбалер во февруари против Јелена Карлеуша поднел две тужби и кривична пријава пред Високото јавно обвинителство поради сомнение за загрозување на неговата безбедност.

Фудбалерот во приватна тужба поднесена во Првиот основен суд во Белград навел дека пејачката на 14 јануари преку социјалната мрежа Фејсбук го навредила со објава на соопштение во кое навела:

„Ти мал црву, нема да заиграш фудбал веќе никогаш во ниту еден клуб, ниту за репрезентација. Во Босна знаат дека се шизофреник, будалетинка и на никому не му требаш. Сите те презираат бидејќи се фашистичко – расистичко гомно. Ти, црву болен, можеш да монтираше слики и видеа и се што ќе ти падне на памет, можеш да направиш снимка како со задникот ти седам на носот, можеш да смислиш што сакаш- не можеш да ми го загрозиш бракот ниту семејството, а така силно, црву тоа го сакаше. Ја жалам твојата жена и твоето дете, црву. Но, како што ти го навреди моето семејство, така сега целото зло ќе ти се врати. Исели се црву. Брзо!, напишала Јелена Карлеуша на фејсбук.

Пред истиот суд Врањеш поднел тужба и за надокнада на материјална штета, а вредноста на спорот е два милиони динари. Врањеш како доказ ја навел истата причина, односно навредите кои Карлеуша ги објавила.

Босанскиот фудбалер исто така поднел и кривична пријава против српската пејачка до Високото јавно обвинителство во Белград, Одделението за високотехнолошки криминал, поради постоење основно сомнение дека Карлеуша извршила кривично дело загрозување на безбедноста по членот 138 на Кривичниот закон. Како доказ во пријавата е наведен идентичниот цитат на Јелена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер