3ВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктура
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизКарлеуша ги загрижи фановите, ги избришала скоро сите фотки од ИнстаграмСрпската пејачка Јелена Карлеуша ги изненади и загрижи своите следбеници на Инстаграм бидејќи ги избриша речиси сите фотографии!Имено, провокативната Карлеуша на Инстаграм ја следат дури 2,4 милиони луѓе и е една од „најследените“ музички ѕвезди во регионот. Но, сега атрактивната Јелена која редовно на Инстаграм објавување сексапилни и провокативни фотографии, сега ги избришала скоро сите фотки и моментално оставила само две фотографии. Иако Јелена беше исклучително активна на Инстаграм, нејзиниот чекор кој шокираше многумина и не е толку необичен, бидејќи светските ѕвезди често прават слични работи. Најверојатно и Карлеуша сега сака да им се посвети на своите обврски околу промоцијата на нови песни, па привремено ги „дигнала“рацете од социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски го доведе земјоделството во колапс – родот скапува, откуп немаАрамијата Мицкоски го доведе македонското земјоделство до колапс.Родот стои по нивите и скапува. Откуп нема, а и тоа малку што се откупува се плаќа по понижувачки цени кои не ги покриваат ниту основните производствени трошоци. Вака никогаш не било. Никогаш никој не ја задолжил земјата толку многу, никогаш немало помал откуп. Ова е последица на криминални, арамиски политики на Мицкоски во изминатите две години. Ги укинаа добрите мерки воведени од владите на СДСМ и ја намалија поддршката за земјоделството за околу 40 милиони евра. Субвенциите се намалени или неисплатени. Укината е вонсезонската исплата, зголемен е прагот на површини како услов за добивање субвенции, а картичките за зелена нафта доцнат. Пред изборите на тутунарите им ветуваа субвенција од 160 денари за килограм. Денеска не добиваат ниту 100 денари, туку само 70 или 80 денари. За пиперката „ајварка“ најавуваа договорен откуп, но откуп нема. Тоа што се презема се плаќа по мизерни цени за килограм. Истата катастрофална состојба е и со грозјето. Нема сигурен откуп, ниту цена што овозможува исплатливо производство. Цената за откуп на млекото е намалена од 33 на 23 денари. Сточарите и млекопроизводителите се оставени без поддршка и без перспектива. Дополнително, ЕУ ги замрзна средствата од ИПАРД поради сомнежи за злоупотреба на европските фондови од страна на оваа власт. Со криминалот и неспособноста на власта, директно се казнети чесните земјоделци. Истовремено, трошоците секојдневно растат. Дизелот достигна цена од 104,5 денари за литар, што дополнително ги зголемува трошоците за обработка, транспорт и производство. Државната статистика регистрира зголемување на трошоците за земјоделско производство од 6,8 проценти за една година. Наспроти тоа, откупните цени на земјоделските производи се намалени за 2,2 проценти. Кај овошјето и грозјето падот изнесува 7,2 проценти, кај зеленчукот 6,4 проценти, а кај производите од животинско потекло 7,7 проценти. Нивите поскапуваат, откупот поевтинува, а храната во продавниците станува сè поскапа. Вака навистина никогаш не било. Уште сакаат земјата и водата да им ја земат на земјоделците за дата центри. Тоа е резултатот од политиките на арамијата Мицкоски: уништено домашно производство, осиромашени земјоделци. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања во работна посета на БриселЗаменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел.Таа ќе биде учесник на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ во Брисел, каде ќе се разговара за напредокот на полето на владеење на правото во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. ЗМЕП Трајков ќе ја истакне посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.Тагови: Викторија Трајков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 150 милиони денари инвестициски циклус во Василево во патишта, училишта, спортски терени и комунална инфраструктураОпштина Василево за помалку од една година реализира и започна проекти вредни околу 150 милиони денари, во патишта, канализација, училишта, спорт, култура и комунална инфраструктура.Се инвестира во сите населени места, а општината создава подобри услови за живот и посигурна иднина за сите граѓани. Василево продолжува со силно темпо и продолжува со нови проекти, нови инвестиции и уште поголема динамика. Еден од поголемите и покомплексни инфраструктурни зафати што се реализира е во Пиперево. Таму, по изградбата на системите за фекална и атмосферска канализација, во последна, завршна фаза е асфалтирањето на главната улица и изградбата на пешачка патека од двете страни на улицата. Во Владевци сe асфалтира патот што води до црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Во Нова Маала се асфалтира улицата покрај ООУ „Атанас Нивичански“, а заврши и асфалтирањето на патот кон селските гробишта. Во Добрашинци се заврши со асфалтирањето на дел од главната улица. Во Едрениково е изграден мост во близина на училиштето, со што се реши долгогодишен проблем во тоа населено место. Василево продолжува да се гради, да се развива и да оди напред со дела и со работа за секој граѓанин. Василево продолжува со силно темпо. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook