Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада
Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
1Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада
2Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Други спортовиКарл Насиб е првиот НФЛ играч, кој објави дека е геј Карл Насиб стана првиот играч во историјата на најсилната лига во американскиот фудбал (НФЛ) кој објави дека е хомосексуалец."Само сакам да ви кажам дека сум геј. Планирав да го сторам ова долго време, но конечно се чувствувам доволно безбедно да го тргнам овој камен од моето срце", рече 28-годишниот играч на Лас Вегас Рајдерс во видео на Инстаграм, додавајќи: "Имам најдобар можен живот и најдобро семејство, пријатели и работа , што човек може да ја посака. Јас сум прилично повлечена личност и сакам да знаете дека не го правам ова за да привлечам внимание. Се надевам дека еден ден ќе се појават видеа кога ова нема да биде потребно, бидејќи целиот процес ќе биде непотребен дотогаш. Ќе направам се што можам за да ја негувам културата што е прифатлива и сочувствителна “. НФЛ исто така одговори на неговата објава. "Семејството НФЛ е гордо на Карл што храбро ја сподели својата вистина. Ја споделуваме неговата надеж дека наскоро ваквите најави нема да бидат новости. Маршираме кон целосна еднаквост за ЛГБТК + заедницата. Му посакуваме на Карл се најдобро за претстојната сезона, ", објави првиот човек на лигата Роџер Гудел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа ВладаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на доделени ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 семејства, изјави:„Тоа е уште еден проект којшто го реализираше Владата, а тоа е во делот на донирање на инвертер клима уреди за 500 семејства коишто согласно својот социјален статус ги исполнуваат условите за да можат да ги кондиционираат своите домашни простории. Во случајов еве, бидејќи доаѓа грејната сезона да ги загреваат. И ова е дел од проектите и политиката на Владата да поддржува ваков тип на проекти. Тоа е исто така во насока на борбата со намалување на емисијата на штетни честички, односно загадувањето. Така што ние ќе продолжиме и понатаму овие проекти да ги спроведуваме.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорностМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини бара доследно спроведување на препораките од ревизорските извештаи во енергетскиот секторМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување. По барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спроведе ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата беа разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување. „Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор. Напротив, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка, секоја препорака и секоја констатирана слабост мора да добијат институционален одговор и јасен рок за постапување. Нашата обврска е да воспоставиме систем во кој ќе се следи што е направено, што не е направено и зошто“, истакна министерката Божиновска. На средбата беше разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите. Министерството ќе побара од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати. „Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, нагласи Божиновска. Главниот државен ревизор Максим Ацевски ги презентираше клучните наоди и препораки од ревизиите, при што беше истакната важноста од навремено постапување на субјектите на ревизија и надлежните органи, како и од воспоставување механизми за следење на степенот на реализација на дадените препораки. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот завод за ревизија ја потврдија потребата од продолжување на институционалната координација, со цел ревизорските наоди да имаат реален ефект врз подобрувањето на работењето на институциите во енергетскиот сектор. Целта е јасна – повеќе ред, поголема отчетност и конкретни резултати во управувањето со институциите и ресурсите во енергетскиот сектор. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
АвтомобилизамТакси без возачи од денес на улиците на ЗагребЗагреб влезе во нова фаза на тестирање на автономно возење: Верне и кинеската компанија Пони.аи започнаа тест возења на роботакси без возач и без оператор за безбедност во возилото.Автомобилите моментално возат на делница од 22 километри што ја поврзува деловната зона Бузин со аеродромот Фрањо Туѓман. Компаниите наведуваат дека ова е прв тест од ваков вид на јавни патишта во Европа. Досега, роботаксито на Верне имаше присутен оператор за безбедност за време на комерцијалните патувања кој можеше да ја преземе контролата. Сега тој го нема, но возилото го управува систем за автономно возење, додека операторите на Верне го следат возилото од далечина, објавува Јутарњи лист. Важно е да се напомене дека оваа фаза сè уште не е достапна за корисниците. Не е можно да се нарача возење без оператор преку апликациите Верне или Убер. Ова е тест што постепено ќе се прошири на подрачјето каде што Верне веќе обезбедува услуги во Загреб. Тројно партнерство Вернe е компанија од екосистемот на Матe Римаc, додека технологијата за автономно возење ја обезбедува кинеската Пони. Убер е трет партнер, а неговата апликација треба да овозможи нарачување роботски такси во иднина. Верне објави дека неговите возила поминале повеќе од 200.000 километри во неколку илјади патувања со корисници од почетокот на комерцијалното работење во април. Просечната оценка на патниците е 4,7 од 5. Компанијата тестира и нова конфигурација на кабината. Совозачкото седиште е отстрането, ослободувајќи дополнителен простор за багаж и голем екран. Функциите на возилото и кабината се контролираат преку централен екран на допир помеѓу задните седишта. Целосно автономното возење засега е во фаза на тестирање, но неговото воведување претставува важен чекор кон комерцијални роботски такси без човек зад воланот.Тагови: Загреб роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook