Кардиолозите советуваат: Овие грицки помагаат во намалување на крвниот притисок - Канал 5

Кардиолозите советуваат: Овие грицки помагаат во намалување на крвниот притисок

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е сериозен здравствен проблем со кој се соочуваат многу луѓе.

Кардиолозите советуваат: Овие грицки помагаат во намалување на крвниот притисок

Се смета за главен фактор на ризик што може да се спречи за кардиоваскуларни заболувања, вклучувајќи срцев и мозочен удар, но исто така и за заболувања на бубрезите, когнитивен пад и деменција. Ако вашиот лекар потврдил висок крвен притисок, веројатно препорачал промени во животниот стил, како што се поздрава исхрана и повеќе вежбање, пишува Параде.

Добрата вест е дека постојат продукти што можат да помогнат во регулирањето на крвниот притисок, а еден од нив е многу едноставен и речиси сигурно веќе е во вашата кујна.

Најдобрата ужина што ја препорачуваат кардиолозите

Тоа се несолените јаткасти плодови. Иако солените верзии се попривлечни за многумина, несолените јаткасти плодови се вистинскиот избор ако сакате да го стабилизирате крвниот притисок.

„Мала количина јаткасти плодови како што се ореви, бадеми и ф'стаци дневно може потенцијално да помогне во намалувањето на крвниот притисок“, објаснува кардиологот и вонреден професор по медицина д-р Џојс Оен-Хсијао. „Овие јаткасти плодови содржат L-аргинин, аминокиселина што помага во производството на азотен оксид што има вазодилатационен ефект врз артериите, потенцијално намалувајќи го крвниот притисок“, додава тој.

Сепак, експертот ја нагласува важноста на умереноста. „Јатките се богати со масти, особено ф'стаците, па затоа не треба да јадете премногу“, предупредува д-р Оен-Хсијао. „Ако ги консумирате како ужина, поделете ги на порции за да не јадете премногу одеднаш.“

Други продукти за здрав крвен притисок

Покрај јаткастите плодови, здравите ужини кои го поддржуваат нормалниот крвен притисок вклучуваат свежо овошје и зеленчук, особено бобинки, банани и лиснат зелен зеленчук.

„Јогуртот со ниска масленост или хумус со зеленчук се исто така одлични опции бидејќи се богати со растителни влакна, калиум и антиоксиданси, кои сите го поддржуваат здравиот крвен притисок“, истакнува кардиологот д-р Џејн Морган.

Три навики за намалување на крвниот притисок

Исхраната е само еден дел од контролата на крвниот притисок. Лекарите препорачуваат три навики да станат дел од секојдневниот живот:

• Редовно вежбање

• Намалување на внесот на сол

• Редовни проверки на крвниот притисок

Кога да се посети лекар?

Експертите предупредуваат дека треба да се контактира лекар ако се појават симптоми како што се вртоглавица, главоболка, отежнато дишење или непријатност во градите. „Доколку вашиот крвен притисок е постојано повисок од 140/85, важно е веднаш да побарате медицинска помош“, нагласи д-р Оен-Хсијао.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта обезбеди 6 нови возила, како дел од инвестициите за зголемување на ефикасноста и подобрување на работните капацитети на терен.

6 нови возила за Јавното претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Оваа инвестиција ќе овозможи подобри услови за работа на вработените и поефикасно извршување на работните задачи на терен, имајќи ја предвид територијалната распространетост и потребите на претпријатието.

Набавката на новите возила е дел од заложбите за модернизирање на опремата и средствата за работа, како и за создавање подобри услови за вработените кои секојдневно ги извршуваат своите работни задачи на терен.

Денес не слушаме само оправдувања, туку покажуваме резултати. Оваа инвестиција е конкретен доказ дека со планирање, одговорност, конкретна работа и колективен ангажман можат да се реализираат проекти кои директно придонесуваат за подобрување на работата на институцијата.

Претпријатието и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции и активности насочени кон зголемување на ефикасноста, подобрување на условите за работа и унапредување на услугите на терен.

Конкретна работа. Конкретни резултати.

Јавно претпријатие за стопанисување со државните пасишта

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

На ден 12.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 пожари, под контрола се 3 пожари, а 1 пожар е изгаснат.

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот

Активни пожари:

Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);

Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума);

Општина Илинден – населба Илинден (ниска вегетација);

Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума);

Општина Битола – с. Букри (ниска вегетација).

Пожари под контрола:

Општина Делчево – градска депонија (депонија);

Општина Ново Село – кај Ново Село, планината Огражден (депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација);

Општина Кичево – с. Зајас (стрниште, борова шума и гуми).

Изгаснат пожар:

Општина Врапчиште – с. Врањовце (ниска вегетација).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

​До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници.

Петрушевски: СДС го допре дното, со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, вистината е сосема спротивна

Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните.

СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна.

Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за да тие заработат денар повеќе, а СДС политички поени.

Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата.

До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното.

Наместо да се извинат за Гостивар, но и за сите други населени места во кои изминатите години додека тие беа на власт, поради Филипче и СДС, граѓаните конзумирале небезбедна вода за пиење, а тогашните власти не ги известувале преку институциите, денес одат чекор повеќе и прават хаос во општеството затоа што не знаат како да дојдат до медиумско и граѓанско влијание.

Ова веќе ја помина секоја граница.

Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почни да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење на лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер