2Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Други спортовиКаратистката Јованоска го освои деветтото место на Олимписките игриНајдобрата македонска каратистка во дисциплината кати, Пуликсенија Јованоска го освои деветтото место на игрите во Токио.Јованоска во првата ката оствари резултат од 23,80, во втората беше подобра, 24,00. Просечниот резултат ѝ беше 23,90, доволно за пласман на деветтото место од десет натпрварувачки. Останува уште еден македонски олимпиец да го оствари својот настап во Токио, борачот Магомедгаџи Нуров кој ќе се бори утре. Тој е вториот наш натпреварувач со А норма, може да се очекува и медал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКарпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздухОпштина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина.Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа во присуство на овластен инспектор за животна средина од Општина Карпош. По добивањето на официјалниот извештај и анализата на резултатите од извршените мерења, доколку бидат констатирани неправилности, надлежните ќе преземат соодветни мерки и активности, согласно законските овластувања. Општина Карпош потенцира, дека контролата и следењето на состојбата со амбиенталниот воздух претставуваат важен дел од заложбите за создавање почиста и поздрава животна средина. Локалната самоуправа упатува апел до сите правни и физички лица, доследно да ги почитуваат мерките и законските обврски за заштита од загадување, со заедничка одговорност кон животната средина. Единствено со таков пристап би сé подобрил квалитетот на воздухот, кој има директно влијание врз здравјето на граѓаните. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија Изјава на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на реновираната зграда за неврофизиологија.„Добар ден и од мене, не можам а да не кажам дека сум исклучително среќен и задоволен од она што уште еден проект е заврши, уште еден објект е реновиран. Уште еден објект може да понуди поквалитетни услови за нега и грижа на пациентите. Нешто што со децении до сега не било нити помислено да е нешто реновира, а камо ли да се направи. Еве сега се заврши. Слушнавте од претходниот говорник за тоа што се е направено, јас не би сакал да се повторувам. Би сакал да му честитам на директорот за сето она што го прави, инспирира со својата работа и очекувам така да продолжи и понатаму. Се разбира дека здравството е еден од нашите врвни приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен систем, во рамките на тоа зборуваме за Клиничкиот центар во Штип, за клиничката болница Тетово, за здравствениот дом со проширена дејност во Кичево. Но, исто така работиме и на проект со кој што ќе се консолидираат конечно општите и заеднички служби при Клиничкиот центар тука во Скопје. Состојба која што беше наследена од претходната влада со десетици милиони евра долг. Но, исто така и во рамки на хортикултурното уредување, на енергетската ефикасност на самите згради кои што се во овој клинички центар бидејќи тоа е дел од реформската агенда, да секоја година реконструираме и реновираме отприлика и енергетски-ефикасни направиме повеќе од 3% од јавните објекти. Приоритетите биле дефинирани за првиот бран од претходната влада, сега ние ги дефинираме за вториот бран и Клинички центар ќе биде тој приоритет, се разбира. И продолжуваме и понатаму да работиме во делот на соодветна локација и преговори со приватни сопственици за таа локација да изградиме еден нов голем клинички центар, ја знаете локацијата која е. Така што сето ова очекувам во периодот кој што следи да биде завршено и на тој начин да продолжиме со инвестиции во рамките на здравството. Проблеми има, ќе повторам не е идеално, впрочем никаде не е идеално, проблемите се таложеле со децении, но добро е што не се создаваат нови, а старите се решаваат и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да функционираме. Уште еднаш благодарам на директорот, на тимот, на персоналот, на сите доктори, на медицинскиот персонал кој што апсолутно додава вредност во сите овие проекти, кој што работи би рекол посветено да понуди услуга повеќе за оние на кои што таа услуга им е потребна и благодарност за трпението на пациентите кои што го имаат затоа што сепак е потребно е време сите овие проекти кои што со децении не биле би рекол ниту во оптиката на било кое претходно раководство, сега бидат реконструирани и пуштени во употреба. Така што еве, продолжуваме и во периодот кој што следи заедно со министерот, заедно со директорот на Фондот, заедно за директорите по болниците, со вработените, со лекарите, со медицинскиот персонал да дадеме максимумот од тоа кое што можеме и го имаме на располагање. Ви благодарам.“ Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Да е правосудството независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидaт слободниВМРО-ОКГ и Мицкоски повторно ја врти плочата: Врховниот суд ја укинал пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – и сето тоа е „судство под контрола на СДС“.Класична проекција на арамијата Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Две и пол години сте на власт. Вие ја презедовте полицијата. Вие ја презедовте АНБ. Вие ги презедовте обвинителствата. Вие ги презедовте судовите. Вие ги именувате кадрите. Поставувате сопруги на функционери на ВМРО-ОКГ, кадри на Сашо Мијалков, советници на Мицкоски, партиски послушници. Вие седнувате до државниот обвинител и испраќате закани за „расчистување со талогот“. Мицкоски, преку телефон, телевизија и собраниската говорница, нарачува истраги. Менува и избира обвинители преку телевизија. Ги навредува поранешните обвинители и ги нарекува медиокритети. Вие ги ослободувате Латас и Груевски. Вие си го враќате имотот стекнат преку криминал, измислувајќи апелациски дефиниции… Сето тоа го правите вие и Мицкоски, вашиот шеф на бандата. А сега, кога некоја одлука не ви одговара - повторно е „вина на СДС и ДУИ“. ДУИ со кои договарате вонредни избори? Кога вашиот возач зема мито – се оградувате. Кога телохранителот на Мицкоски тепа жена – вие го ослободувате. Кога 5 тони дрога ги испраќате преку граница до сестринската СНС и Вучиќ – нема одговорни. Ги отфрлате пријавите до обвинителството за Мицкоски и членовите на бандата преку ноќ. Пријавите за труење на водата стојат во обвинителството и никој не ги гледа. Кога вашите кадри се вмешуваат во тендери – молчите. Кога вашите луѓе имаат фирми во Бугарија и бугарски пасоши – молчите. Кога вашите министри го слават Младиќ, осуден воен злосторник за геноцид – молчите. Но кога судска одлука не ви се допаѓа – веднаш е „контрола на опозицијата“. Сакате да го прикриете фактот дека институциите сега се под ваша контрола и дека правдата е селективна - за вашите луѓе една, за другите друга. Но, не може. Сите веќе знаат. СДСМ бара едноставно: Независно судство. Независно обвинителство. Еднаква примена на законот за сите - без разлика дали се викаат Мицкоски, Јанушев, Тошковски или некој друг. Затоа СДСМ ја сака Европа, затоа што Европа носи независно правосудство и европско обвинителство. А затоа вие не ја сакате Европа, бидејќи тогаш вашата организирана криминална група, со шефот Мицкоски, веќе би била зад решетки. Додека тоа не се случи, додека не се ослободат институциите, а власта не се врати во рацете на народот, секоја приказна за „судство под контрола на СДС“ е само уште една лага од организираната криминална група што ја зароби државата. Да е правосудството слободно, вие немаше да бидете слободни. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook