Каратистите на Макпетрол најуспешни во сениорскиот Плеј -оф, петмина ќе учествуваат на ЕП

Каратистите на Макпетрол беа најуспешени на Плеј-оф турнирот за сениори, на кој учествуваа само освојувачите на медали од Државното првенство за сениори кое се одржа минатата недела.

На турнирот во саботата Макпетрол освои 11 медали – 5 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.

На овој турнир кој имаше изборен карактер за влез во сениорската репрезентација на Македонија, натпреварувањето се одвиваше по побергер систем односно сите спортисти освојувачи на медали во тежинските категории од Државното првенство имаа меѓусебно борби секој со секого.

Тренерот на Макпетрол Бошко Заборски рече: „Државното првенство и секако Плејофф турнирот, се најстресните два натпревари за сите спортисти, тренери и клубови. За нас најважно од се е тоа што успеавме да ги потврдиме и задржиме првите места кои ги остваривме на Државното сениорско првенство минатата недела. Репрезентативен статус за претстојното Европско сениорско првенство кое ќе се одржи во Задар, Хрватска, во втората недела на месец мај 2024 година, остварија првопласираните пет спортисти а тоа се следните наши каратисти-ки“:

-Данило Божовиќ +84 кг

-Петар Заборски -75 кг

-Петар Спасеновски -84 кг

-Симона Заборска -55 кг

-Ангела Мојсовска -68 кг

Второпласирани во своите категории се :

-Давид Петков -67 кг

-Витомир Трајковски -84 кг

-Викторија Јовановска -61 кг

-Стефан Стојановиќ +84

Трето пласирани се:

-Јована Мицовска -61

-Димитар Лозановски -67 кг

„Забележително за овие две првенства и главна констатација е податокот што нашите спортисти имаа доминација во машкиот дел на тежински категории, така што во полутешка категорија (-84 кг) и во тешка категорија (+84 кг), имавме наши финалиња и на Државното првенство и сега на Плејофф турнирот.Задоволни сме од постигнатото во овој изборен циклус, како најдобар спортски колектив повторно докажавме дека како најуспешни, но и дека имаме спортски ресурси и за поголеми резултати. Сите спортисти на Макпетрол имаа професионален пристап и покажаа и постигнаа добри резултати“, рече тренерот.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

Тен Хаг: Никој во Манчестер јунајтед освен Мурињо не ги доби играчите што ги сакаше

Тренерот Ерик тен Хаг одговори на споредбата што ја направи Жозе Мурињо за нивната работа во Манчестер јунајтед.

- Освен Мурињо, ниту еден тренер не ги доби играчите што ги сакаше, што ни требаа. Уверен сум дека ќе ги постигнеме нашите цели, но конкуренцијата е голема. Има седум или осум екипи во Премиер лигата кои имаат многу добри состави и во иднина ќе се борат за титулата. Значи, за да ја освоите титулата, треба да создадете навистина квалитетен тим, рече главниот тренер на Манчестер Јунајтед во интервју за „ESPN“.

Претходно Жозе Мурињо правејќи споредба со Тен Хаг за работата во Манчестер јунајтед, рече дека ја немал поддршката што ја ужива Тен Хаг.

-Немав такво ниво на поддршка. Немав такво ниво на доверба. Во тимот имаше од претходно неколку играчи што не ги сакав пред, истакна Мурињо.

Португалскиот стручњак беше тренер на клубот од мај 2016 до декември 2018 година.

Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, поднесе предлог-закони за продолжување на вонредната состојба и периодот на општа мобилизација.

Во Врховната Рада се регистрирани предлог-закони „За продолжување на вонредната состојба во Украина“ и „За продолжување на периодот на општа мобилизација“, пренесува Украинформ.

Во образложението на предлог-законот пишува дека се работи за продолжување на општа мобилизација и вонредна состојба за 90 дена, од 14 мај, кога истекува претходното продолжување од 14 февруари.

притисни ентер