Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
2Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Други спортовиКарате мајсторот од Македонија Милошевски освои злато на УСА ОпенЈуниорски тим на Дејан Милошевски освои бронза.На најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД – УСА опен, со над 2600 натпреварувачи од 40 земји, тимот на Милошевски маршал артс (Меган, Бони, Сиена и сенсеи Дејан) двапати успеаја гордо да го развиорат македонското знаме и да ја претстават Македонија на глобалната сцена. -Младата надеж Бони го освои бронзениот медал во дисциплината кати на Интернационалниот јуниорски куп – неверојатно достигнување за неа и нашиот тим, особено што ова беше нивни прв настап на глобално ниво. Меган и Сиена дадоа сè од себе– борбено, достоинствено и со срце полно гордост. Како нивен сенсеи, не можев да бидам погорд, вели нашиот карате мајстор и нивни тренерт во САД Дејан Милошевски. Во сениорската конкуренција, сенсеи Дејан, по неколку години со повреди и посветена тивка подготовка, се врати на татамито со една цел – да го даде максимумот и да ја покаже силата на македонскиот дух. Во 2018 и 2021 година беше бронзен во дисциплината кати – сите стилови, а во 2021 година беше златен во дисциплината кати- шотокан, оваа година успеа да го постигне највисокото признание – златен медал во кати (сите стилови). -Ова злато беше повеќе од лична победа – тоа беше симбол на непоколеблива решителност, на верата во напорната работа и доказ дека македонското срце чука силно и далеку од татковината, вели Милошевски кој настапи на овој престижен американски натпревар. Дополнително, со огромна чест и одговорност, беше и дел од судискиот тим на ова натпреварување, судејќи три дена од утро до вечер, и учествуваше во иницијалната селекција за квалификациите за Државното првенство во јули. И покрај заморот, најде време да го даде најдоброто од себе и како натпреварувач. -Честитките што ги добив лично од претседателот на Американската федерација за карате, како и од бројни тренери, судии и натпреварувачи, беа уште едно признание дека вистинскиот авторитет се гради со пример, а не со зборови. Многумина беа изненадени од фактот дека судија може да вежба и настапува со таков квалитет – но тоа е токму пораката: никогаш не престанувај да се бориш за својата визија“, вели Милошевски и додава: „Овој успех го посветувам на сите Македонци во дијаспората, на оние кои не забораваат од каде потекнуваат. Како карате амбасадор и промотор на Македонија и македонската заедница во САД, мојата мисија е јасна – да ги инспирирам младите, да изградиме генерации со карактер, и да ја носиме Македонија со себе, секогаш и секаде. Успехот секогаш останува, но патот до него е тој што се памети и прераскажува – за да ги инспирира следните генерации да сонуваат, да веруваат, и да успеваат“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-БитолаСо забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места .Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка. Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски. “ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски. Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места. “Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски. Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31